• Latest

Тренчевска: Не е вистина дека се укинуваат посебните средства за лицата со Даунов синдром

September 15, 2023

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026

Изгубените 10 години од Брегзит, генерациската цена и бавното враќање

June 24, 2026

Отчетот на министерката за образование меѓу бројките без суштина и реалноста

June 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Тренчевска: Не е вистина дека се укинуваат посебните средства за лицата со Даунов синдром

September 15, 2023 17:22
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ЗДРАВСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

„Не е укинато ниту едно право на лице, односно дете со попреченост. Напротив се воведуваат и нови услуги, правата продолжуваат и понатаму и се зголемени во својот износ“, изјави Тренчевска за МИА, по денешното доделување на лиценца за работа на Центарот за дневен престој на деца со попреченост во Струмица.

Министерката Тренчевска ги оцени како невистинити тврдењата во дел од медиумите дека се укинуваат посебните средства за лицата со Даунов синдром.

ОВАА ВЕСТ НА АНТРОПОЛ Е ДЕМАНТИРАНА

Се работи за осум деца од вкупно 121, за кои медицинската документација била некомплетна и дека при посетата на соодветната комисија за проценка добиле негативен наод. Тренчевска додаде дека комисијата ќе направи повторен увид во случаите, а воедно апелира до медиумите за вистинито информирање.

Во образложението од Министерството за труд и социјална политика за Рацин.мк, се истакнува дека родителите коишто се жалат дека немаат одобрено користење на посебниот додаток, односно за 8 од вкупно 113 со даунов синдром, биле известени да поднесат жалба на првите наоди, и во второстепена постапка повторно да се направи проценка на нивната попреченост и доколку постојат услови и за нив ќе биде променета одлуката на Комисијата за проценка.

Од МТСП дополнуваат дека оваа ситуација доаѓа од примената на новиот модел за проценка на потребите за лица со попреченост изработен во согласност со Меѓународната класификација на функционирање (МКФ).

МКФ ги класифицира здравјето и состојбите поврзани со здравјето таа не ги класифицира луѓето, туку ја опишува ситуацијата на секој поединец во низа домени на здравјето или домени поврзани со здравјето. Покрај тоа, описот секогаш се дава во контекст на срединските и индивидуалните фактори, велат од МТСП.

Во овој случај се работи за дезинформации што ѝ се пласираат на јавноста, преку манипулација со поединечни случаи. Поточно се работи за користење на информациите кои се однесуваат на дел од корисници на одредени социјални бенефиции, за да се прикажуваат како општа практика на министерството.

ЦМТ

Tags: Даунов синдромдезинформацииЈована ТренчевскаМедиумиМинистерство за труд и социјална политика
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ