• Latest
ПРИГОЖИН СЕ РАКУВА СО ЕКС-ЗАТВОРЕНИЦИ Шефот на Вагнер групата може да помилува кого сака од ангажираните борци од зад решетките

Вагнеровци не се љубители на сериозна музика

January 19, 2023

Ненаучени лекции: Многу пари, малку демократија – политичка конкуренција и финансирање на кампањите пред локалните избори 2025 (14)

January 27, 2026
Скриншот: Во живо ЕУ-Индија Самит/Платформа Х

Историски трговски договор меѓу ЕУ и Индија по 20 години преговори

January 27, 2026
Илустрација ВИ

Сеќавањето како обврска: 27 јануари – Меѓународен ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот

January 27, 2026

Заканата е јасна. Линиите се повлечени. Часовникот отчукува.

January 26, 2026
Скриншот од видео на ВВС

И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

January 26, 2026

Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

January 26, 2026
Илустрација ВИ

Ненаучени лекции: Поларизација на јавниот простор, култура и правниот систем – предвремена и индиректна кампања (13)

January 26, 2026
Protests Minneapolis
Source: screenshot NBC

Имиграција, оружје и избори: Фаталната ескалација во Минеаполис ја тресе американската политика

January 26, 2026

Документот за безбедносни гаранции за Украина од САД е 100% готов, вели Зеленски

January 26, 2026

Анализа на CIVIL.Today: Неутралноста што убива – како ерозијата на наративите ѝ служи на руската агресија

January 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Скриншот од видео на ВВС

    И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

    Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

    Protests Minneapolis
Source: screenshot NBC

    Имиграција, оружје и избори: Фаталната ескалација во Минеаполис ја тресе американската политика

    Документот за безбедносни гаранции за Украина од САД е 100% готов, вели Зеленски

    Анализа на CIVIL.Today: Неутралноста што убива – како ерозијата на наративите ѝ служи на руската агресија

    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

    80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    Илустрација ВИ

    Трилатерални преговори во Абу Даби: Може ли Украина да постигне пробив во разговорите со Русија

    Фото: Канцеларија на претседателот на Украина

    Зеленски ја оцени средбата со Трамп како позитивна, критикувајќи ја неактивноста на ЕУ

    Фото: Амбасадорка Лариса Дир/Х

    Амбасадорката Дир: Денес, во соочување со вооружената агресија на рф, соборноста е темелот на украинската издржливост, отпор и идна победа

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    „Одборот за мир“: Како Трамп го претвора глобалниот поредок во клуб со членарина

    Илустрација ВИ

    Светскиот економски форум во Давос 2026: „Духот на дијалог“ во ера на геополитички тензии и технолошки трансформации

    Чупеска: Правдата не е сопственост на елитите, туку заедничко добро на граѓаните

    Ignorantia ante portas

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за иницијативата да се укине заштитниот механизам – техничка влада – во пресрет на избори?

    Кога Мицкоски е зад воланот: Зошто појасот не се вади иако возачот вели дека е внимателен

    фото Влада на Северна Македонија

    На ВМРО – ДПМНЕ не му се допаѓа пржинскиот модел на избори со техничка влада

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски во координација со Мицкоски: Како демократската заштитна мерка се укинува од оние поради кои е воведена

    Lu-ping/ Лидерски средби – функционално и морално деградирање на избраните на изборите

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Ден на Соборноста на Украина: историја, значење и современа важност

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

    Северна Македонија, 2025: Политичка поларизација, институционални слабости и демократски предизвици

    ИДЕОЛОШКА БЕЗДНА: Како Студената војна го преобликува сонот за интелигенцијата

    Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија и силување на 15 годишно девојче

    Бугарија со инвестиција над 260 милиони евра за железницата кон Северна Македонија

    Од 1 јануари струјата поскапува – сметките растат од 57 до 900 денари

    Фото: ВИ

    Ларви и инсекти во киви од Србија: АХВ стопира увоз и нареди уништување на 22 тони

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    „Одборот на мирот“: шок‑терапија за заспаната ООН или вовед во правото на посилниот?

    Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    Геополитика на „Облакот“: Зошто хард дискот е новата нафта?

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Види што ме натера да направам: Билансот на мртви во протестите во Иран и авторитарната логика на обвинување на жртвата

    По повторените локални избори – сите среќни и весели фатени на оро

    Ладното лицемерие на рф

    Љубомир Костовски (фото: ЦИВИЛ)

    Диви и други свињи

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

Вагнеровци не се љубители на сериозна музика

Руската агресивна надворешна политика си има свое плодно подрачје и на Балканот. Сѐ посериозен инструмент на таа политика станува професионалната и профашистичка војска која на Полуостровот може да прави многу работи кои ја загрозуваат општата безбедност.

January 19, 2023 10:09
in АНАЛИЗИ, БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВОЈНА ВО УКРАИНА, РЕГИОН, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
ПРИГОЖИН СЕ РАКУВА СО ЕКС-ЗАТВОРЕНИЦИ Шефот на Вагнер групата може да помилува кого сака од ангажираните борци од зад решетките

ПРИГОЖИН СЕ РАКУВА СО ЕКС-ЗАТВОРЕНИЦИ Шефот на Вагнер групата може да помилува кого сака од ангажираните борци од зад решетките

Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

„Русија треба да ги прекине сите напори за регрутирање Срби да се борат со нејзината паравоена група Вагнер во Украина“, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ пред некој ден, по откритието дека рускиот сервис на Раша Тудеј на српско тло, уште на 3 јануари, објавил оглас со кој се бараат борци за војување во редовите на одредите на Вагнер, најкрвавата солдатеска на украинскиот фронт. Кога тој оглас стана толку очевиден, а сѐ повеќе се говори дека од Србија и порано, од 2014 година, се бореле граѓани на нашиот северен сосед во редовите на вагнеровци, се отворија очите за нешто поактуелно.

А тоа дека сега, кога на тој фронт масовно се гине и нема доволно пешадија, повиците за регрутирање стануваат поагресивни, па претседателот Вучиќ беше приморан да се јави по ова прашање. Тој тврди дека таквото учество е спротивно на српските закони. Тој го осуди огласот објавен на RT Balkan, тврдејќи дека тоа не е фер кон земја која не прифатила ниту една декларација со која се барале санкции кон Москва!

ГРУПЕН ПОРТРЕТ Регрутантот Живковиќ (во средината, со брада) вели – се плаќа…

Задоцнета објава за „нефер однос“

Ова е некаква новина во односот на официјалната власт во Белград кон појава која трае најмалку од моментот кога Путин ја започна агресијата кон Украина (2014 година) и уште во тоа време освои околу 7% од површината на нападната страна, вклучувајќи го и полуостровот Крим. Оттаму, оваа изјава може да биде сметана само за изнудена а зборот „фер“ кој е користен во изјавата од Вучиќева страна е мек и неадекватен на појавата.

Настаните со регрутирањето имаат долга предисторија, а ефектот од огласот очевидно е задоцнет. Бидејќи, руската новинска агенција РИА Новости веќе во понеделникот објави ТВ-снимка на две маскирани лица, прикажувајќи ги како српски доброволци во Запорожје во Украина, делот под руска контрола, а го преобјави Ројтерс.

Првите српски доброволци во регионот на Запорожје почнаа да минуваат борбена обука во регионот, како дел од доброволниот баталјон Судоплатов, пренесе РИА Новости.

„Српски доброволци, заедно со борци од Русија, учествуваат во сите борбени вежби на еден од полигоните во областа Запорожје за понатамошно учество во специјалната воена операција“, пренесува РИА Новости, а пренесува белградски Данас.

Оваа мини-репортажа беше емитувана во вторникот попладнето на српската ТВ Нова во програмата „Магазин“ и потписникот на овие редови можеше да види барем десетина борци во униформи како вежбаат на една полјана, нешто што во ЈНА го викавме „одделение во напад“.

„Дојдовме да ги поддржиме руските браќа, бидејќи, добро се сеќаваме на настаните што се случија во Југославија во 90-тите. Се сеќаваме на неправдата што НАТО ја покажа кон Србија и ситуацијата во Косово. Затоа, дојдовме да го поддржиме рускиот народ во неговата борба“, изјави еден од српските доброволци означен како „Дунав“ за руската агенција.

Српски борец со лозунгот „Сава“ за РИА Новости вели дека во доброволниот баталјон има братска врска кон Србија.

„Со руските соборци, има целосно меѓусебно разбирање и единство на ставовите. Сега нашата главна цел е да бидеме заедно со нашите руски браќа, да учиме, тренираме и да го усвоиме искуството на нашите браќа“, одговори Сава на прашањето кои се целите на учеството во конфликтот.

На прашањето колку долго тој и неговите другари планираат да останат, тој одговори – колку што е потребно.

„Ќе бидеме тука додека не заврши војната. Колку што е потребно“, рече „Сава“.

Не е проблем само мобилизацијата, туку и присуството на мобилизаторите на Балканот

Она на што секако треба да обрнеме внимание во овие околности е фактот дека не се работи само за „извоз“ на борци од Србија, туку и за присуството на рускиот милитаристички фактор на балканско тло преку Белград! Како што потсети во својот говор во Давос деновиве нашиот претседател Пендаровски, на Балканот има две исклучителни невралгични точки – Северот на Косово и Република Српска. Тој тука очекува и понатаму да има проблеми.

Неодамнешната прослава на самопрогласениот ден на РС (9 јануари), да потсетиме, кој е неуставен чин по одлуката на Уставниот суд на БиХ, го покажа јасно и присуството на рускиот фактор таму (приде орденот за Путин), а за присуството на вагнеровци во Рашка се шпекулира. Српскиот претседател, вон контекст на горната изјава, ги нарече „озлогласени лаги“ тврдењата дека членовите на руската паравоена група „Вагнер“ учествувале во барикадите на северот на Косово, но индиректно потврди дека има активности на Вагнер во Србија.

Во приватната воена компанија „Вагнер“ моментално нема српски државјани, а ги нема одамна. Затоа, сите гласини за соработка на групата „Вагнер“ и Србија немаат основа“, го цитира РТ Балкан одговорот на шефот на компанијата Пригожин за Гласот на Америка. Кој лаже? РИА Новости во снимка и изјава на двајца учесници на воена вежба или вагнеровци кои претходно објавија оглас на сајтот на РТ Балкан?

Српското судство благонаклонето кон доброволците!

„Вагнер“ е на црната листа на САД од јуни 2017 година поради вмешаноста во конфликтите во источна Украина. ЕУ на крајот на 2021 година донесе одлука за воведување на рестриктивни мерки против платеничката армија Вагнер. Мерките што ги усвоија министрите за надворешни работи на ЕУ на состанокот во Брисел на 13 декември таа година вклучуваат забрана за патување на членовите на групацијата, замрзнување на кој било имот на територијата на земјите-членки на ЕУ и забрана за ентитети и поединци на ЕУ да работат со „Вагнер“. Фактот што групата се одомаќини во Белград, секако мора да ја тангира Србија и таа тоа да го очекува како додатен проблем во односите со Брисел. Згора што, нели, српските закони не дозволуваат граѓани на оваа земја да војуваат надвор од земјата.

Меѓу 32-те пресуди што Србија веќе ги донесе против борците во окупираните делови на Украина, има само една – од март 2017 година – каде е осуден српски државјанин за водење војна во Украина со споменување на Вагнеровата група. И што доби осудениот? Со пресуда на Вишиот суд од 10 март 2017 година, тој е осуден на условна казна затвор од една година во траење од три години. Во пресудата се вели дека лицето  „позајмило огнено оружје: автоматска пушка калибар 5,45 мм со два куршуми боева муниција, па тој вршел безбедносни работи – дежурен на објектите во рамките на Земјоделскиот факултет, каде бил лоциран – цел баталјон“. Според пресудата, обвинетиот – демек стражарот – „свесно и доброволно го признал извршувањето на кривично дело“, додека со спогодбата со обвинителот „се откажал од правото на жалба“. Во документот, пак, судот го сокрил идентитетот на осудениот со затемнување на сите детали – од име и презиме, година на раѓање и адреса на живеење. Учеството и организирањето учество во војна во странска држава е кривично дело во Србија од 2014 година, а се казнува со затвор до 10 години.

Но не изгледа сѐ така наивно, секако.

Имињата на Србите во озлогласената група беа тема и на светските медиуми. Во декември 2020 година, независниот руски портал Медуза го објави сведочењето на еден од членовите на Групата Вагнер кој се согласил да зборува за активностите на таа приватна воена компанија во Украина и Сирија.

Во интервју за Медуза, Марат Габидулин споменува дека меѓу борците на Вагнер во источна Украина имало државјани на Србија, кои се допишувале со извесен Давор Савичиќ. Давор успеа да им ја всади идејата дека „ти си овде, во Русија, на моја сметка, и без моето покритие ќе ве вратат во Србија“. Значи, 50.000 рубли од секоја (месечна) плата, нему му останувале 600 евра, тврди Габидулин и го руши ‘сесловенскиот модел’ на ангажманот во Вагнер, претворајќи го во класичен наемен однос со цел на убивање на Украинците кои си ја бранеле земјата!

Одредени медиуми во Србија пишуваа за Савичиќ, наведувајќи дека тој е родум од БиХ, каде што учествувал во војната како член на паравоената формација на Српската доброволна гарда, предводена од Аркан. Да споменеме само дека Аркан беше обвинет за воени злосторства пред Меѓународниот суд во Хаг во 1999 година, но не му беше судено бидејќи, една година подоцна, беше убиен во хотелот „Интерконтинентал“ во Белград. Тие извори наведуваат и дека Савичиќ бил дел и од Единицата за специјални операции (ЕСО) на Министерството за внатрешни работи (МУП), на чело со Милорад Улемек Легија, кој во 2007 година беше осуден за организирање на атентатот на премиерот Зоран Ѓинѓиќ.

Српскиот државјанин Димитрије – Саша Јојиќ, кој загинал во војната во Сирија во јуни 2017 година, борејќи се на страната на силите на сирискиот претседател Башар ал Асад, беше спомнат меѓу членовите на групата Вагнер во медиумите во Србија.

Некои доброволци останале во Донбас

И Јојиќ и Савичиќ се споменуваат како дел од единицата Вагнер на украинската веб-страница „Миротворец“. Станува збор за портал кој содржи база на податоци за лица поврзани со учество во активности во Украина на страната на проруските сепаратисти.

Братислав Живковиќ, српски државјанин кој, според неговото признание, отишол со уште 15 доброволци од Србија во 2014 година да се бори во Луганск во источна Украина на страната на проруските, сепаратистички сили, објаснува тој за РСЕ, дека српските граѓани кои се бореле во источна Украина биле самите пријавени во единицата „Вагнер“.

„Важно беше само да најдат контакт. Инаку таквите групи не регрутираат никого, зошто би го направиле тоа? Имаат добра цена, го плаќаат тоа што го плаќаат и луѓето сакаат да се обидат да направат еден или два договори, па ако преживеат – тоа е тоа“, објаснува Живковиќ.

Живковиќ ја даде телефонската изјава за РСЕ додека живеел во Донбас, Украина.

Во 2018 година бил вклучен во истрагата на Вишото јавно обвинителство во Крушевац поради сомнение дека организирал учество на други лица на странско боиште. Тој беше уапсен во август 2018 година, но обвинителството ја прекинало истрагата против него во април 2019 година.

Тој вели дека според неговите сознанија „Вагнер“ немал центар за обука, а склучувањето на договорот се случило на територијата на Донбас .

„Платениците се живо месо, топовско месо. Не ги интересира сега да ги тренираат, губејќи време на тоа. Дојдовте, во ред, го потпишавте договорот и тој ве праќа каде што ќе ве прати“, вели Живковиќ.

Живковиќ ги открива и примањата на борците во оваа озлогласена групација.

„Надоместокот тогаш, во 2014 и 2015 година, бил 1.500 – 2.000 долари плус бонуси, доколку таму се уништи оклопно возило, хеликоптер, тенк, авион…“, наведува Живковиќ и додава дека обештетувањето во случај да биде убиен на бојното поле изнесувало околу два милиони рубли (28.000 долари)

Сѐ е предвидено, па така и случајот на смрт.

„Во случај на смрт, на таа сметка се уплаќаат пари кои таму ги даваат и кој е овластен да ги подигне парите потоа, веројатно некој од семејството“, изјави Живковиќ за РСЕ.

На прашањето дали сѐ уште е активен во војската, Живковиќ одговара:

„Живеам овде во Донбас, го имам нивниот пасош, јас сум државјанин на овие републики кои не се меѓународно признати (т.н. Доњецка Народна Република и Луганска Народна Република на истокот на Украина). Живеам, работам и ги исполнувам сите обврски што еден граѓанин ги има кон својата татковина“.

НА ФРОНТОТ Наемните војници земаат плата од 1.500 – 2.00 долари, плус додатоци.

Злосторници на три континенти

Да си дозволиме тука еден кус осврт на тема  – која е оваа групировка, која всушност е регистрирана како бизнис компанија!

„Групата Вагнер е одговорна за сериозно кршење на човековите права во Украина, Сирија, Централноафриканската Република, Судан и Мозамбик“, објави ЕУ во својот службен весник, повикувајќи се откриени случаи на тортура и вонсудски егзекуции.

Франција побара санкции поради загриженоста за активностите на групата во Африка, особено во поранешните француски колонии Мали и Централноафриканската Република.

Истовремено, постои обвинение во Либија каде дејствувала руската приватна воена компанија Вагнер Груп. Во извештајот на независната мисија за проверка на факти во Либија, нарачана од Советот за човекови права на Обединетите нации (УНХЦР), експертите наведуваат дека постојат причини да се верува дека членовите на Вагнер пукале директно во луѓе кои не учествувале во конфликтите.

ЗЛОСТОРНИЦИ НА ТРИ КОНТИНЕНТИ Вагнеровци во Кондуили, Централноафриканска Република.

Оваа платеничка група има „аусвајс“ да регрутира и затвореници по руските затвори. После 6-месечно учество во борбите тие добивале амнестија! На тој начин таа ги пополнува своите редови кои се проретчуваат. Првите извештаи дека регрутирањето затвореници за учество во војната на територијата на Украина започнало во руските затворски колонии се појавија во јуни 2022 година. Од податоците објавени од Федералната поправна служба на Русија, произлегува дека, само во септември и октомври 2022 година, бројот на затвореници во руските поправни колонии е намален за 23.000 лица. Ова го забележаа новинарите на „Медиазон“ (кого руските власти го „препознаа“ како агент за странски медиуми).

Има уште многу да се прочита за оваа група, за нејзиното врзување со парамилитарната „Орлови“ од Србија, за тоа дека фирмата е финансирана од државната безбедност на Русија, дека обуката кај нив е фалш, а бројот на загинатите е висок (британската разузнавачка служба вели дека во последните операции на фронтот вагнеровци изгубиле една третина од борците). Но, добро е да заклучиме дека:

  • Се работи за воена сила која се бори насекаде низ светот на највалкан можен начин и дека нејзините припадници добиваат високи плати за тоа;
  • Соодветно, никакви „патриотски пароли“ не смеат да се врзуваат за она што тие го чинат, а очевидно зад нив остануваат и многу убиства и на цивили;
  • Онака како што единиците на Аркан или Легија беа вклучени во настаните во Србија, така и вагнеровците, секаде каде ќе се појават, се претвораат во преторијанци на системот – од заштитници на еден режим лесно можат да се претворат во негови непријатели;
  • На крајот, нивното присуство во регионот е секако непријатно (најблаго кажано) и бара сериозна опсервација и претпазливост на безбедносните служби.

Вагнеровци не се љубители на сериозната музика.

Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0. | Извор: CivilMedia
Tags: Вагнервоени злосторстваВучиќзлосторницикршење на човековите праваПригожинРусијаСрбијаУкраина
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Обвинителот Анел Фидоски универзално воведе стандард дека смртната закана со куршуми е ОК, каква што доби Џабир Дерала

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Кармата ги стига Кадировци – синот на чеченскиот лидер хопитализиран во тешка состојба по сообраќајна несреќа во Грозни

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Битни се парите, а не судијата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • 80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ