• Latest

Ванхауте: Се надевам дека Иванов ќе донесе мудра одлука!

January 9, 2017

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026

Кијив под рекорден руски балистички напад: повеќе од 40 ракети и дронови врз главниот град, Украина бара итна заштита од балистички закани

July 19, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Сите ние сме Благојче

July 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ванхауте: Се надевам дека Иванов ќе донесе мудра одлука!

January 9, 2017 15:05
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Белгискиот посредник во преговорите за Договорот од Пржино, Питер Ванхауте изрази надеж дека македонскиот претседател Ѓорге Иванов, мандатот за формирање нова влада, денеска ќе го предаде на најсооветниот кандидат. Тој на својот Фејсбук профил ја објави „третата лекција“ за Македонија, „Демократијата на дело“.

vanhaute-civil

„Оваа е голема одговорност и тој треба да има предвид дека кој кандидат и да го предложи, нема дополнително да го уништи она што остана од демократијата во Македонија, туку, треба да се вклучи активно во формирањето на нова влада, којашто треба да е на висина на задачата, да ја врати вистинската демократија, со одговорни политичари, парламент којшто е повеќе од марионета на тие што се на власт, со независно судство, вклучувајќи ги судовите, Обвинителството и Уставниот суд, независно од тие на власт“, смета Ванхауте.

Според белгискиот дипломат, македонскиот парламент треба што поскоро да започне со работа, зашто тоа пред себе има бројни задачи кои чекаат итни решенија. Откако мандатите на новите пратеници се одобрени од Државната изборната комисија, треба да се избере нов спикер и парламентот како независна институција над сите други, треба да почне со работа, а не изборот на спикерот да биде условен со формирањето нова Влада, што може да одземе и многу време.

„Како очи и уши на граѓаните, избраните пратеници треба да ја повикуваат Владата на одговорност, да ги контролираат нејзините активности и да бидат сигурни дека Владата е тука, да биде сервис на граѓаните, зашто тоа е начинот на којшто функционира демократијата. Најважно е парламентот да се дозволи да започне со работа, што е можно поскоро. Во случајот со Македонија, претстои страшно многу работа: продолжување на мандатот на Специјалното јавно обвинителство, евалуацијата на изборите, развојот на сеопфатен акционен план во борбата против аерозагадувањето на Скопје и другите загадени градови, нова истрага во скандалот ‘Прислушување’, сеопфатен преглед на слободата на медиумите…“, порачува Ванхауте.

sobranie

Според него, треба да се превенираат евентуално можни, моќни играчи да играат доминантна улога од почетокот на новиот парламент. Треба да се примени општоприфатената традиција како начин на случаен избор, со првата официјална седница да претседава највозрасниот пратеник. Ванхауте им порачува на пратениците да бидат свесни дека претседателот на парламентот до изборите, има веќе завршен мандат и не може тој факт да го користи како причина да претседава со првата официјална собраниска седница.

„Oткако мандатите на новоизбраните членови на парламентот се одобрени, парламентот почнува со избор на нов спикер. Ова е значајно – не за да се одложи работата на парламентот, бидејќи како независна институција треба да започне со работа, што поскоро. Чекањето да се формира владата, ако се знае однапред дека тоа ќе трае одредено време, не е добра идеја. Бидејќи Собранието секогаш треба да биде на врвот од сите други институции, не предмет на формирање од Владата, туку целосно независно. Замислете, врз основа на парламетарната процедура, новиот претседател е избран од неколку кандидати, но по договор на новата влада, неколку месеци потоа, тој одеднаш нема да биде член на владејачката коалиција. Ако тоа е случај, тогаш е време да се коригира ситуацијата и да се избере друг спикер (во најмала рака, секој да биде среќен со сегашниот избор)“, советува Ванхауте.

Пред девет месеци заврши мандатот на белгискиот дипломат како пратеник во Европската комисија, но тој остана отворен поддржувач на продемократската јавност во Македонија.

М. Талеска

Tags: IvanovВанхаутеизбориМакедонијапарламентЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ