• Latest

Веќе 24 месеци трае 72 часовната руска „специјална операција“ во Украина

February 24, 2024

ДЗР: Општините изгубиле речиси 48 милиони евра ненаплатени даноци и такси за пет години

July 23, 2026
Петрит Сарачини (фото: ЦИВИЛ)

Aјде да повториме: Зошто Албанците се навредуваат кога ги викаат „шиптари“?

July 23, 2026
Илустрација ВИ

Хутите отвораат нов фронт: Нападнати два саудиски танкери, продолжуваат американските удари врз Иран

July 23, 2026
Национален совет за евроинтеграции (Фотографија: Собрание на РСМ)

Рокас пред Националниот совет: Европската перспектива е жива, но без владеење на правото нема напредок

July 23, 2026

Големи промени во врвот на оружените сили на Украина

July 22, 2026

Франција прва во ЕУ воведува забрана за социјални мрежи за лица под 15 години

July 22, 2026
Фотографија: ЦИВИЛ Медиа

Последици од невремето во Македонија: Повредени граѓани, илјадници повици за помош и големи материјални штети

July 22, 2026
Фото: Укринформ

Протести и кадровски потреси во Украина: Зеленски назначи нов врховен командант

July 22, 2026

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Веќе 24 месеци трае 72 часовната руска „специјална операција“ во Украина

February 24, 2024 21:20
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, КОНТЕКСТ, СВЕТ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Денес се навршуваат полни 24 месеци откако започна неиспровоцираната целосна руска воена агресија врз Украина, која започна во раните утрински часови на денешен ден пред две години. Овој неславен јубилеј ме потсети да се навратам на еден мој текст напишан на 24 октомври, 2022 година, 9 месеци по почетокот на рускиот напад врз соседната земја. Како тогаш, така и сега, 24 месеци подоцна, 72 часовната „специјална операција“за заземање на Кијив  и целосна окупација на Украина сé уште трае.

Во тој контекст, ви го пренесувам повторно тој напис, со незначителни измени, некои според новонастанатите измени на линијата на фронтот, но пред сé поради продолженото времетраењето на „специјалната операција“

Еве, сега веќе 24 месеци како трае 72 часовната руска „специјална операција“ во Украина. Дваесет и четири месеци руски воени злосторства, дваесет и четири месеци гранатирање и уништување на цивилни објекти и инфрастуктура, дваесет и четири месеци грозоморни слики од убиени цивили, меѓу кои и деца, силувања, ограбувања, масовни гробници, ќелии за мачење. Но и д ваесет и четири месеци херојски отпор на Украинците.

Иако, според сите релевантни извештаи кои ги пренесував уште пред почетокот на руската агресија врз суверена Украина, нападот беше сосема извесен, дури и точниот датум  беше предвиден, во растојание од неколку денови, сепак , уште една мала искра надеж тлееше дека сепак такво нешто нема да се случи. Во 21 век една држава да нападне друга суверена независна соседна држава, невозможно е, ма дајте ви се молам. Па зарем е тоа можно…

За жал, излезе дека сепак е можно, особено кога таа држава е Русија, која ја предводи токму (нетокму) Владимир Путин.

Шок… Втората армија во светот ја нападна малубројната и слабо вооружена украинска војска. „За 48 до 72 часа ќе го освоиме Кијив“, трубеа агресорите со големи латинични букви Z ( остаток од свастиката откако другиот дел го украле корумпираните руски политичари и воени добавувачи) на своите униформи и возила.

И навистина, на почетокот стигнуваа извештаи дека руските агресори за кратко време навлегоа во предградието на главниот град на Украина. Но, дотука било…

Оттогаш наваму,  украинските воини  вратија половина од земјата што руските агресори првично ја окупираа, и нанесоа значителна штета на руската војска, потиснувајќи ги руските агресори на повеќе правци. Искрено, истото го насетив уште за време на херојскиот отпор на гарнизонот во Азовстал, кого не можеа да го совладаат со недели руските трупи, потпомогнати од платениците на чеченскиот господар на војната, Кадиров. Ги ангажираа доволно долго руските војници подалеку од Кијив, по што дојде до пресврт во војната и тргна операцијата на протерување на путиновата армија од околината на главниот град , а сега веќе и од цела Украина.

Иако во меѓувреме долгоочекуваната пролетна офанзива на украинската војска не ги исполни до крај зададените цели, во моментов Русите стравуваат од украинските акции во Црното море, со кои онеспособија третина од бродовите на руската Црноморска флота и отвораат пат за ослободување на Крим, Начинот на кој што ја изведоа деокупацијата на Харкив и Херсон е добра основа, само уште да стигне на време и во доволни количини модерното западно оружје, кое беше ветено.

И тогаш и сега, за целото време на пренесување на информациите од украинското боиште, со посебен акцент на одбраната на Украина и целиот слободоумен свет од руската воена агресија, при тоа потенцирајќи ги цивилните жртви и кршењето на човековите права во оваа неиспровоцирана војна, не стивнуваа нападите од овдешните путинољупци, кои не можат да преболат дека не им се остварија сеирџиските планови за пад на Украина, апсење на Зеленски и устоличување на нивниот „возљубен“ Путин како цар на возобновената руска империја…Она што особено боли, е нивното ликување на туѓата несреќа, човечките и материјални жртви, повици за уште пожестоко руско делување, па дури и барање „братот“ Путин да употреби нуклеарно оружје. А ставањето насмеани емотикони ( хехенца) на вести и фотографии на убиени деца… е тоа навистина покажува во колку очајна состојба се наоѓаат домашниве рашисти.

Со надеж дека барем малку придонесов за разбирањето на вистината во војната во Украина, и дека војната ќе заврши во скоро време, со единствениот праведеб исход, победа на Украина и пораз на Путин, останувам на браникот на човековите права, слободата и  демократијата , исто како и предходниве тегобни  дваесет и четири месеци, во кои известувајќи за оваа безумна руска агресија врз Украина, целосно се соживеав со страдањето на храбриот украински народ.

Слава Україні! Все буде Україна!

Tags: „специјална операција“две години руска агресија врз Украинамакедонски рашисти
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ