Во четвртото редовно издание на КОЛЕГИУМ – неделна информативна платформа, меѓу другото се зборува за американските избори од сите аспекти, руските дезинформации во изборите во САД и Молдавија, прашањето за Бугарите во уставот – предавство или не. Понатаму, ќе стане збор и за тоа дека Мицкоски се пишмани за предвремени парламентарни избори и контроверзната иницијатива за укинување на неработен ден недела.
Водителот на КОЛЕГИУМ, Џабир Дерала кратко се осврна и на глобалниот форум на високо ниво „Иднината на демократијата“ во Вилнус и ја најави големата меѓународна конференција на ЦИВИЛ „Одбрана на демократијата“ во Скопје на 12 декември, во знакот и на 25-годишнината од основањето на ЦИВИЛ.
На крајот, се зборуваше и за климатските промени и социополитичките импликации во светот и кај нас.
Сегменти:
0:00 Џабир Дерала – Вовед во најактуелните теми
7:32 Биљана Јордановска – Избори во САД, победата на Трамп
15:12 Драган Мишев – Дезинформации од Русија за изборите во САД и во Молдавија
29:08 Дехран Муратов – Мицкоски со финален одговор – не за предвремени избори, Предлог за недела неработен ден, состојбата на ромскиот јазик, заканите кон вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи
48:53 Зоран Иванов – Евроинтеграции, бугарското прашање
1:02:19 Биљана Јордановска – Климатски промени, загадување и други зелени теми и настани
Реализација: Ариан Мехмети