Во ова издание на КОЛЕГИУМ разговараме отворено и без ракавици за лагите кои ги трујат граѓанките и граѓаните. Без пардон, директно и со аргументи – разобличуваме наративи, манипулации и политички игри што ја загрозуваат демократијата. КОЛЕГИУМ ја отвора секоја тема без страв и калкулации.
Сите жешки теми од земјата, регионот и светот на едно место – КОЛЕГИУМ.
Предизборните наративи во македонскиот и албанскиот политички блок.
Хибридни закани од странски центри на моќ и морбидната кампања со фотомонтажи.
Пожарите ја палат искрата на национализмот
Во овој Колегиум погледнете ги и извадоците од интервјуата со Љубомир Костовски и Оливер Андонов
Учествуваат (според редоследот на појавување): Џабир Дерала Дехран Муратов Драган Мишев Дијана Тахири. Реализација: Ариан Мехмети












