• Latest
Фото: Твитер

(ВИДЕО) Украина ги негира нападите со беспилотни летала врз Кремљ: Не го нападнавме Путин или Москва

May 4, 2023
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

(ВИДЕО) Украина ги негира нападите со беспилотни летала врз Кремљ: Не го нападнавме Путин или Москва

May 4, 2023 11:03
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ИЗЈАВИ, ПРОПАГАНДА, СВЕТ, ТОП 5
Фото: Твитер

Фото: Твитер

Share on FacebookShare on Twitter

Украинскиот претседател Володимир Зеленски го негираше нападот на Украина врз резиденцијата во Кремљ на рускиот претседател и самиот Путин, додавајќи дека украинската страна ќе го остави на Трибуналот.

Зеленски изјавата ја даде  за време на заедничката прес-конференција со претседателите и учесниците на нордиско-украинскиот самит во Финскиот Хелсинки, јавува дописникот на Укринформ.

„Ние не ги напаѓаме Путин или Москва. Ние се бориме на наша територија, ги браниме нашите села и градови. Ние не го нападнавме Путин. Го оставаме на Трибуналот“, рече претседателот на Украина.

Според Зеленски, Украина нема доволно оружје за да го користи „никаде“.

На прашањето зошто Русија прибегнува кон такви обвинувања и методи, Зеленски претпостави дека Путин повеќе нема што друго да го мотивира неговото општество да ги испраќа руските граѓани во смрт.

„Сè е многу едноставно. Во Русија нема победи. Тој [Путин – Ед.] повеќе не може да го мотивира своето општество и не може едноставно да ја испрати својата војска во смрт. Тој нема победи, втората светска армија загуби на бојното поле… Тие беа одбиени од нас. Сега му треба барем некако да ги мотивира луѓето да одат напред“, истакна Зеленски.

Според неговите зборови, Русија ја загуби оваа војна како држава, а сега Путин треба да прибегне кон разни манипулации и да измисли некои напади со беспилотни летала и обиди за атентат.

Претседателот на Украина нагласи дека се можело да се реши на многу полесен начин: Русија едноставно треба да ги повлече своите војници од Украина.

Михаило Полодијак, висок советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, рече дека „Украина нема никаква врска со нападите со беспилотни летала врз Кремљ“. Таквиот удар само ќе ја поттикне Москва да испрати повеќе проектили во Украина за да го тероризира цивилното население, истакна тој.

„Зошто ни треба ова? Каде е логиката во тоа?“

Институтот за изучување на војната (ISW), тинк-тенк организација со седиште во Вашингтон, во својот извештај сугерира дека Русија најверојатно го организирала овој напад во обид да ја врати војната дома пред руската домашна публика и да постави услови за поширока општествена мобилизација. Неколку индикатори сугерираат дека нападот бил внатрешно спроведен и намерно организиран.

Во прилог на тврдењата дека нападот со дрон врз Кремљ е руска операција на „лажни знамиња“ одат во прилог и објавените видеа на социјалните мрежи каде што се глада дека за време на „нападот“ има движење на неколку лица на куполата на Кремљ.

I’m literally speechless. pic.twitter.com/vQwdnf3dZP

— (((Tendar))) (@Tendar) May 3, 2023

Подољак, исто така, во објава на Твитер ги оквалификува како „празни“ заканите што ги искажа Дмитриј Медведев, заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност до украинското раководство по нападот со беспилотно летало врз Кремљ.

„Има брилијантна финска забелешка за секоја заканувачка изјава на типичен руски субјект „Медведев“ (заменик-шеф на Советот за безбедност на РФ), особено за „физичко уништување“:

Tyhjät tynnyrit kolisevat eniten (преведено – Празно буре прави повеќе врева. Таму многу ѕвони во празно буре)…“ твитна Подољак.

 

Како што е соопштено, прес-службата на рускиот претседател соопшти дека е спречен обид за напад на беспилотни летала врз Кремљ.

Кремљ го смета обидот за напад како „планиран акт на терор и обид за живот на рускиот претседател во пресрет на Денот на победата“ од Украина.

Почнувајќи од 3 мај, во Москва беше воведена забрана за лансирање на беспилотни летала, со исклучок на беспилотни летала што летаат со дозвола на државните органи.

По нападот на беспилотните летала на Кремљ, Медведев повика на физичка елиминација на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Подготви: Д. Мишев

Tags: Кремљнапад со дронруска агресија врз Украинаруска дезинформативна операцијаруска пропаганда
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ