• Latest

Високи партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ за состојбите во партијата

November 27, 2017

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Високи партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ за состојбите во партијата

November 27, 2017 12:00
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Група високи партиски функционери на ВМРО-ДПМНЕ споделија документ со ЦИВИЛ Медиа, ексклузивно. Документот го објавуваме во целост, со цел да ја задржиме улогата на јавен ресурс за размена на мислења и концепции кои се суштински важни за политичките процеси во Република Македонија:

Ситуацијата во ВМРО-ДПМНЕ е критична и исклучително комплицирана.

Во партијата постои огромна разединетост и нетрпеливост. Од една страна се поддржувачите на актуелното раководство, а дијаметрално на другата страна се оние кои бараат итна смена. Најголем дел од членството се однесува неутрално иако е очигледно незадоволно од ситуацијата, но чека решение во кое би се вклучило во некоја наредна фаза или би останало и понатаму на страна. Во секоја од групите постојат повеќе струи со желба за заземање подобра стартна позиција во борбата за превласт во партијата при евентуална промена на раководството.

Секој погрешен, непромислен потег може да ја воведе партијата во уште подлабока криза од која многу тешко ќе се извлече. Секоја од групите си има своја логика и свои аргументи кои е многу тешко да се приближат. Пролонгирањето на моменталната состојба значи зголемување на разликите, дисипација на членството и натамошно слабеење на Партијата.

Неопходно е итно да се преземат чекори за спас од незавидната ситуација.

Оставка на раководството, без суштински промени во организационата поставеност на партијата нема да го реши проблемот. Во таков случај најголем дел од членовите ќе останат надвор од процесот, немотивирани да се вклучат. Уште поголема грешка е оставка на лидерот и негов директен предлог за наследник.

Единствен начин да се мотивира целото членство да се врати во партијата и да се постигне максимално единство е да се спроведат општи внатрепартиски избори на сите нивоа. На тој начин сите би добиле шанса да ги остварат своите интереси и да докажат колку нивните тези се исправни. Така целокупната активност на партијата ќе се насочи кон изборот на органите и телата во партијата, а не кон исцрпувачка дискусија за вина и одговорност. За секоја позиција ќе може секој да конкурира, а најсуштинска промена која би била најмотивирачка за сите е можноста претседателите на ОК и сите позначајни функционери на локално ниво да се бираат на ниво на општински комитет, т.е. членовите сами ќе ги бираат своите претседатели на ОК, кандидати за градоначалници, советници, делегати за конгрес и слично.

Овие избори треба да ги спроведе постојната структура, но со повик до сите членови да се вклучат во постапката. Треба да се обезбеди максимално позитивна енергија и транспарентност за да нема дополнителни тензии. Тие кои би биле избрани, ќе бидат прифатени од сите. Новите избори автоматски значат дека постојната гарнитура е под оставка.

Суштината на промените не треба да се персоналните промени, туку промена на системот. Не смее да се размислува една гарнитура да се замени со друга, тоа е најлошо решение.

Внатрепартиските избори ќе кажат кои ќе бидат носители на партиските функции. Но доколку системот има елементи на самоконтрола и самокорекции, тогаш за кратко време ќе ги исфилтрира најдобрите на најодговорните позиции.

Најнапред во постојниот ЦК треба да се направат измени во Статутот за да бидат овозможени такви избори. Потребно е да се дефинираат и нови органи во партијата кои произлегуваат од потребата за нова организациона поставеност.

Најзначајни измени би биле следните:

  1. За да се вклучат што е можно повеќе луѓе со конкретни задолженија и да се зголеми ефикасноста, Местен Комитет ќе се формира од само едно избирачко место. Повеќе избирачки места би биле во еден Местен Комитет ако станува збор за помали избирачки места (под 30-тина членови). На тој начин ќе се зголеми бројот на МК, а со тоа и бројот на претседатели на МК, бројот на активисти во тие МК итн. МК избира свој претседател со непосредно тајно гласање на сите членови во МК.
  2. Ќе се формира тело, Собрание на ОК, кое ќе го врши изборот на претседател на ОК, кандидати за градоначалници, советници и пратеници, како и делегатите за Конгрес. Собранието на ОК ќе има по неколку претставници од сите МК, избрани во МК со тајно гласање. Вкупниот број на членови на собранието на ОК ќе зависи од големината на ОК.

Претседател на ОК може да биде сменет само со одлука на СОК.

Постапка за внатрепартиски избори:

– Внатрепартиските избори треба да се започнат со избор на претседатели на МК и делегати на МК во Собранието на ОК.

– По конституирањето на Собранието на ОК, тоа започнува постапка за избор на претседател на ОК.

– Избраниот претседател на ОК е член на ЦК. Поголемите ОК покрај преседателот бираат и дополнителни членови на ЦК.

– Новоконституираниот ЦК ќе донесе одлука за организирање на Конгрес, а во Собранијата на ОК се спроведува постапка за избор на делегати за Конгресот.

– На конгресот ќе се избере нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Сите појаснувања околу целиот концепт може да го разјасниме во непосреден контакт каде можат да се дискутираат и различни модалитети. Напоменуваме дека проблематиката ја разработувавме во детали кои не можат да се образложат во вака краток текст, но секако е потребно да се усогласат пред да се премине кон реализација.

 

 

Tags: ВМРО-ДПМНЕдемократијаизборимодернизацијаодговорностреформи
Share13TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ