• Latest

Владата го декласифицира договорот со Грција

June 14, 2018

Белешка за еднаквоста во граѓанска држава, а не во држава на „природни“ сопственици

June 1, 2026
Бенјамин Нетанјаху (фото извор: Wikimedia)

Израел повторно го таргетира Бејрут: Нетанјаху нареди напади врз јужните предградија, расте стравот од поширока регионална ескалација

June 1, 2026
Фотографија: Скриншот од видео објавено на Х профилот на францускиот претседател Емануел Макрон

Француската морнарица пресретна санкциониран руски танкер во Атлантикот

June 1, 2026
Фото: Скриншот

Суд во Хамбург му забрани на „Шпигел“ да го поврзува Вучиќ со „Сараевското сафари“

June 1, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Кошта на турнеја низ Западен Балкан, ЕУ со дополнителни 3,2 милијарди евра за поддршка на Украина; на полноќ нови цени на горивата

June 1, 2026

Одма боље видиш

May 31, 2026

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Владата го декласифицира договорот со Грција

June 14, 2018 21:58
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Владата на денешната седница го декласифицира договорот со Грција за решавање на спорот со името и го стави на увид на јавноста.

Договорот, како што информира, вечерва на прес-конференција владиниот портпарол Миле Бошњаковски веќе е објавен на веб страницата на Владата.

– Владата на РМ едногласно го разгледа и усвои извештајот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство и донесе одлука да го декласифицира договорот. Веќе е закачен на веб страницата на Владата и целата македонска јавност има пристап до истиот. Договорот е насловен – Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 и 845 на Советот за безбедност на Обединетите нации за престанување на важноста на Времената спогодба од 1995 и за воспоставување стратешко партнерство меѓу страните, рече Бошњаковски.

Нагласи дека се уште не е прецизиран датумот за средбата меѓу премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас на која треба да биде потпишан договорот, но напомена дека утре ќе има повеќе информации и ќе се знае точно кога и каде ќе се одржи средбата.

– Во текот на утрешниот ден точно ќе знаеме, ќе ве информираме, ќе одржиме брифинг во однос на потпишувањето. Во моментов не е позната точната локација и исто така не е утврден денот кога ќе биде. Утре попладне може малку подоцна ќе знаеме се, рече Бошњаковски.

Шефот на дипломатијата Никола Димитров на денешната владина седница ги информирал министрите за текот на целиот процес и за реализацијата на договорот, во кој се предлага името Северна Република Македонија.

Димитров истакнал дека спогодбата пријателски ги утврдува интерпретациите на поимот „Македонија“, при што на достоинствен начин се зашитени достоинството, националниот, културниот и севкупниот идентитет на македонскиот народ.

Тој информирал и за чекорите кои следат за реализација на договорот со кој Македонија е поблиску до членство во НАТО и ЕУ.

– Заев лично изрази дека тој силно верува во договорот, бидејќи со јасен и признаен идентитет за посебноста на македонската нација конечно се затвора ова прашање и се отвора иднината на земјата. Нагласи дека оваа Влада е горда на ова решение, како историска одлука со што се испишува нова страница во историјата на нашата земја, реше Бошњаковски.

Додаде оти премиерот пред министрите истакнал дека постојат силни аргументи овој договор да се афирмира и брани, се до неговата целосна реализација, за што конечниот збор ќе го дадат граѓаните на референдум.

(Линк до договорот)

(МИА)

Tags: Влада на Република МакедонијаГрцијаДоговорЗоран ЗаевМакедонијаМиле БошњаковскиПреговориспор
Share38TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ