• Latest

ВМРО-ДПМНЕ ги повика СДСМ и Заев на предвремени парламентарни избори!

September 14, 2017

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ВМРО-ДПМНЕ ги повика СДСМ и Заев на предвремени парламентарни избори!

September 14, 2017 12:59
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

По анкетата што ја објави ТВ Телма, а според која, речиси 60 отсто граѓани се задоволни од реализацијата на новата Влада во првите три месеци, ВМРО-ДПМНЕ реагира дека само на предвремени парламентарни избори, „граѓаните ќе покажат што мислат за расипничкото и неодговорно владеење на СДСМ“!

Од оваа опозициона партија велат дека само на предвремени избори ќе се расчистат дилемите, зашто, во ВМРО-ДПМНЕ се убедени дека е невозможна таква промена на ставот на граѓаните во однос на анкетата спроведена во јули, којашто покажала драстично поинакви разултати.

„Според анкетата од крајот на јули, резултатите од МЦМС покажале дека ВМРО-ДПМНЕ e со стабилна предност пред СДСМ. Имено, на прашањето доколку утре се одржат избори – за која партија би гласале, 27,1 отсто од испитаниците се одлучиле за ВМРО-ДПМНЕ, додека за СДСМ биле 22,7 отсто. Народот најдобро ќе каже дали се случило нешто во последните 30 дена, за така драстично да се смени мислењето, односно, дали Законот за двојазичност, Договорот со Бугарија, укинувањето на планираното зголемување на пензиите или тендерите, коишто Кочо Анѓушев си ги доделува себеси, придонеле за зголемување на рејтингот на Зоран Заев“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

А, според анкетата на ТВ Телма и МЦМС, спроведена телефонски од 4 до 11 август, на репрезентативен примерок од 1.005 испитаници, од агенцијата М-Проспект, има значајна промена во рејтинзите на двете најголеми партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Оваа анкета проектира победа на СДСМ на локалните избори, во цифра поголема од можната статистичка грешка во анкетата, и бележи пораст на рејтингот на Зоран Заев и пад на рејтингот на Никола Груевски.

Од политиките на Заев се задоволни околу 60 отсто граѓани, а 35% не се задоволни. Околу 38,5% од граѓаните сметаат дека Владата се фокусирала најмногу на надворешната политика, а само 7,7% на социјална заштита. Над 34% граѓаните очекуваат новата Влада да се посвети на отворање работни места, 18,4% на економскиот развој, за 10,4% испитаници, приоритет треба да биде здравството, а само за 8,6% -надворешната политика.

Tags: 100 дена владаанкетаВМРО-ДПМНЕЗоран Заевлокални избориМ-ПроспектМЦМСНикола ГруевскиСДСМТелма
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ