• Latest

(ВО ЖИВО) Професорките Мирјана Најчевска и Виолета Петровска Бешка говорат за национализмот на почетокот на Граѓанскиот форум на ЦИВИЛ

August 18, 2020

Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

November 18, 2025
Фото: Х профил на Марта Кос

Утрински вести со – Рама!

November 18, 2025

Утре почнува судскиот процес за трагедијата во „Пулс“

November 18, 2025

Десетици илјади Словаци протестираа против Фицо по повод годишнината од падот на комунистичкиот систем

November 18, 2025

Фон дер Лајен: Проширувањето е инвестиција во мир, безбедност и заедничка иднина

November 18, 2025

„Децата молчат, ние мора да зборуваме“: Почнува кампања „1 од 5“ за спречување сексуално насилство врз деца

November 18, 2025

Советот за безбедност на ОН го прифати американскиот план за мир во Газа

November 18, 2025

Загрепскиот небодер ‘Вјесник’ во пламен: Огнот беснее по катовите, штетата огромна, нема човечки жртви

November 18, 2025

Студентите од Србија под кибер-офанзива: „Некој сака да го замолчи нашиот глас“

November 18, 2025
Фото: Скриншот од Фејсбук страната на германската амбасада во Приштина

Министерот за надворешни работи на Германија, Јохан Вадефул денеска во Скопје

November 18, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

(ВО ЖИВО) Професорките Мирјана Најчевска и Виолета Петровска Бешка говорат за национализмот на почетокот на Граѓанскиот форум на ЦИВИЛ

August 18, 2020 10:52
in АНАЛИЗИ, ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Серијата онлајн настани, интервјуа и состаноци на ЦИВИЛ со заеднички наслов „Национализам“, започна со професорките Мирјана Најчевска и Виолета Петровска Бешка. Модератока на оваа панел дискусија е Дијана Тахири.

Професорката Мирјана Најчевска, меѓу другото, рече дека, кога зборуваме за национализмот секогаш мислиме на негативно нешто. Меѓутоа, припаѓањето и чувството на некоја нација е нешто добро. Но, кога сите аспекти ќе се покријат со иста боја е лошо.

проф. Мирјана Најчевска

„Наместо да се развива чуството на индивидуалност по осамостојувањето, ние го задржавме на еден специфицен начин пристапот на колективитети. Наместо да го развиеме граѓанството, сè уште се задржавме во политичко и правно милије на колективитетите“ – констатира Најчевска.

Таа се осврна и на Охридскиот договор, во чија преамбула се неаведува дека ќе се развива граѓанско учесво, но после 2-3 члена на самиот договор, повторно се зборува за колективитетите. Се зборува за бројки и проценти за да може одреден колективитет да си ги оствари своите права. Индивидуата не може да биде препознаена ако не припаѓа на колективитетот. Најчевска вели дека негативен национализам е оној што се базира на етничка припадност. Според неа, партиите не се веќе места каде се здружуваат индивидуите, туку претставуваат здружување на етничките колективитети, вели Најчевска.

„Ти како индивидуа се приклонуваш кон одреден колективитет не заради гледиштата, туку заради етничката припадност“ – вели Најчевска. Освен политичките партии, овој модел го следат и невладините.

Професорката Виолета Петровска Бешка вели дека правно политичко гледиште е различно од плихолошкото гледиште за национализмот.

„Национализмот ќе го поврзам со идентитетот, личноста има потреба да гради позитивна слика за себе. Идентитетот освен личен има и социјална комонента. Пример има родов идентитет, професионален, етнички, религиски идентитет итн…“

Емотивниот елемент е многу битен на индивидуата, ако нејзината етничка група е загрозена…, односно колку ми е битно дали некој ќе ме смета за голема Македонка или мала Македонка…

Има два вида идентитети, еден е етнички а другиот национален. Националениот идентитет е поширок контекст. Ние гледаме дека не се прави разлика меѓу национален и етнички идентитет. Кога зборуваме за национален идентитет ние всушност зборуваме за етничкиот идентитет.

Нашите култури се коликтивистички, кога би биле индивидуални би се ценеле индивидуалните постигнувања. Не се цени успехот што индивидата го постигнува, туку се препишува на колективитетот.

Поделбата помеѓу етнички и граѓански национаизам. Граѓанскиот национализам се гради со споделено државјанството во кое живее. Граѓанинот гради однос со државата.

Во 2018 година е последното истражување кај учениците Албанци и Македонци, од 10 и 14 години.

Учениците до 10 години ја доживуваат Македонија по тоа што главно ја опишуваат по природните убавини, Македонија е нивна држава и треба да ја сакаат.

Учениците Албанци кажуваат дека Македонија е мултиетничка држава. Децата Албанци не може да научат дека Македонија е нивна држава и покажуваат негативност.

И едните и другите ученици, кажуваат за нивната заедница дека се добри, ја нагласуваат религијата, традицијата, јазикот, истовремено се покажуваат како жртви  и борци за слобода. Учениците Македонци ги доживуваат Македонците за добри, Албанците дека се држат за збор, што не е случај кај Македонците.

„Македонците се народ што живеат во историјата и повеќе мислат на минатото отколку на иднината“, кажа еден ученик, додава Петровска Бешка.

Таа додава дека Мајка Тереза за Македонците е многу битно дека е од Македонија и христијанка, додека за учениците Албанци е битно дека таа е Албанка и дека е добитник на Нобелова награда.

Дехран Муратов

Share37Tweet23Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ