• Latest

Волфганг Ресман: Борбата против лажните вести е тешка задача

April 5, 2020

ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција

June 6, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Москва е подготвена да му даде азил на Маск ако затреба поради расправијата со Трамп

June 6, 2025
Фото: МИА

Кошта посочи дека ЕУ ќе го казни Израел за војната во Појасот Газа

June 6, 2025
Фото: Скриншот

Белградскиот Основен суд ја отфрли иницијативата за лишување на Вучиќ од деловна способност, но утврди елементи на кривично дело

June 6, 2025
Фото: МИА

ЕУ со поддршка за Меѓународниот кривичен суд по санкциите од САД

June 6, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Односот Трамп-Маск се распаѓа со меѓусебни навреди и закани

June 6, 2025
Трагедија во кочанската дискотека Пулс, 16 март 2025 (фото извор: скриншот од снимка на ТВ Кочани)

Од Клиничкиот центар во Белград отпуштени последните два пациента поврдени во пожарот во Кочани

June 6, 2025

Усвоен план за подобро справување со сајбер напади и кризи во ЕУ

June 6, 2025
Семејна фотографија од министрите за одбара во НАТО Фото: НАТО

Министрите за одбрана на НАТО дефинираа нови цели за капацитети за зајакнување на Алијансата

June 6, 2025
Војо Маневски

Дали да гласа дијаспората не е вистинското прашање

June 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИНТЕРВЈУ

Волфганг Ресман: Борбата против лажните вести е тешка задача

April 5, 2020 15:48
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ИНТЕРВЈУ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ МЕДИА разговара со д-р Волфганг Ресман, генерален директор на ОК ТВ во Лудвигсхафен, Германија и претседател на Федералната асоцијација на јавни медиуми, како и претседател на мрежата Младите за медиумите (Youth4Media-Network).

ЦИВИЛ МЕДИА: Разговараме со Волфганг Ресман од Германија, кој ќе го замолам да каже неколку зборови за себе, за проектите што ги води, како и за неговиот професионален ангажман овие денови. Но најпрво, Волфганг, здраво, добро утро и како сте? Како се справувате со коронавирусот, самоизолацијата и сите други мерки кои се применуваат за да се заштитиме?

РЕСМАН: Да, Германија седи дома, така што и јас седам дома. Добар сум. Го користам ова време за да работам и да размислам за некои работи, порано немав време. А сега да кажам дека е одлично што можеме да разговараме, одлична можност. Јас сум добар и се надевам дека моите пријатели низ светот се исто така добри и дека ќе ја победиме оваа криза со вирусот.

ЦИВИЛ МЕДИА: Секако, а вие што правите, со што се занимавате во овој период, пред кризата, како и сега? На што се однесуваат вашите проекти?

РЕСМАН: Јас сум генерален директор на канал со јавен пристап, првиот во Германија, ОК ТВ во Лудвигсхафен (www.ok-lu.de), и претседател сум на нашата организација на национално ниво, од радио станици со јавен пристап до ТВ канали со јавен пристап (www.bvbm.eu), а претседател сум и на „youth4media“ (www.youth4media.com) мрежата за медиумска писменост на Европа и северна Африка, каде што се зборува за новинарски прашања, демократија и развојот на медиумите во земјите.

Ова е тоа што го работам и во рамките на двете позиции со кои управувам. Работиме заедно со проект на нашето Министерството за надворешни работи на таканаречени земји од источното партнерство, што значи Украина, Грузија, Молдавија и Ерменија и разговараме за мир, за задачата на новинарството во време на лажни вести, за отворената војна во Украина, или замрзнатите конфликти во Грузија и Ерменија. Значи, тоа се многу работи што треба да се направат, од локални до меѓународни прашања.

ЦИВИЛ МЕДИА: Тоа е прилично долг список на работни позиции и задачи, но би рекол дека во поголем дел се поврзани со корпус на теми поврзани со демократијата и човековите права, прашања кои моментално се многу важни, особено зборувајќи за пандемијата на корона вирусот. Волфганг, би сакал да се осврнам на едно писмо што го прочитав од Вас вчера што го споделивте со мене. Писмо во кое Вие предупредувате за ризикот по човековите права и демократијата во време на мерки, вонредни состојби и различни видови на дејствувања што различни влади ио преземаат низ Европа, а секако и низ светот. Би споделиле ли со нашата и меѓународната јавност, секако, кои се предизвиците околу човековите права деновиве, кога имаме вонредни состојби низ целиот свет, кога владите преземаат повеќе моќ во свои раце?

РЕСМАН: Да, го имаме проблемот со корона вирусот. Но, овие проблеми ги имавме и претходно. Го имаме проблемот на де-демократизација во многу земји. Десничарскиот популизам е проблем. Во Европска Унија имаме еден феномен во многу земји, особено во Полска со нивната ПиС-влада (Prawo i Sprawiedliwość – Право и Правда, десничарска партија на власт во Полска, н.з.) и во Унгарија под Орбан, во комбинација со кризата со вирусот и во сите други земји на Западниот свет.

Човековите права, политичките права, во оваа криза одат надолу. Моментално, не смееме директно да комуницираме со лица на блиско растојание итн. Во услови на криза со вирус, сметам дека е неопходно да се заштитат луѓето, да се заштити животот, но мора да го искористиме ова време на корона вирус, исто така, за да размислиме колку овие политички и човекови права се неопходни, да се осврнеме на нив и да не се откажеме од нив. А после кризата, некој десничарски популист може да каже, добро, не ни се потребни овие демократски права, гледате, се функционира и без нив. Така што, тоа е опасност и во главите на луѓето.

ЦИВИЛ МЕДИА: Точно. Дојче Веле објави дека Брисел испрати предупредувачки сигнали на унгарскиот премиер дека зголемената моќ не смее да се користи или злоупотребува, како изговор дека неговата влада се бори против коронавирусот. Како ја коментирате состојбата во Унгарија, особено во услови на коронавирусот, борбата и предизвиците?

РЕСМАН: Според мене, владата на Орбан и самиот Орбан не се компатибилни со европските стандарди и европската заедница. Планот на Орбан да ја води владата со декрети без парламент повеќе од една година е апсолутно неприфатливо и нема никаква врска со коронавирусот. Ова е тест со кој ќе може да се утврди како демократијата може да биде укината. Вирусот е инструмент и мислам дека ова е навистина тежок развој на ситуацијата во Унгарија, меѓу земјите на ЕУ. Мора да му кажеме не на Орбан и се надевам дека Брисел, без тешки санкции, ќе каже не за ваквиот развој во Унгарија, кога Орбан нема да го повлече овој напад врз демократијата.

ЦИВИЛ МЕДИА: Доколку се согласувате со мене, зграпчување на моќта кај авторитарните влади не мора да значи дека тие можат успешно да се борат против пандемијата на коронавирусот или било кој друг предизвик во општеството. Напротив, јас би рекол дека моќта се злоупотребува или се користи за интересот на мали групи на луѓе против интересот на мнозинството, што не мора да значи дека можат да решат некоја криза или било кој друг проблем. Можеби има потреба да се направи некоја разлика помеѓу тоа што значи дисциплина и следење на совети и мерки од релевантни институции од тоа што значи „цврста рака“ и авторитаризам. Можеби треба да почнеме да зборуваме за овие две различни значења, што некогаш може да изгледаат слични едни на други.

РЕСМАН: Моето мислење е дека во време на криза треба да правиме разлика на ставовите во главите на луѓето. Еден дел сака да има силен водач на општеството, да каже што е вистинскиот пат, во смисла – ова е забрането, ова не е дозволено и вие мора да ме следите по мојот пат. Ова е една можна реакција на луѓето. Другата е демократската реакција, што значи дека е наша одговорност да се бориме против вирусот, наша одговорност е како ќе работиме со нашите соседи, како ќе држиме растојание, ова е наша сопствена одлука, не некоја што ја носи владата. Сметам дека ова е демократскиот начин, а оваа криза со вирусот е исто така шанса за демократијата. После вирусот треба да разговараме за тоа што значи демократијата во состојба на криза и како можеме да работиме со демократски правила во иднина.

ЦИВИЛ МЕДИА: Кога зборуваме за коронавирусот, брзото ширење на коронавирусот е една работа и тоа навистина загрижува, но, од друга страна се чини дека лажните вести уште побрзо се шират. Контаминацијата со лажни вести е дури и побрза и од поголем обем, а на некој начин лажните вести можат да чинат животи. Во таа смисла, дали сметате дека општествата се подготвени? Дали германското општество е подготвено да се бори со лажните вести и дезинформациите кои се шират поради различни причини, поради различни мотиви? Дали имате некои ваши размислувања за ова, како и дека можеби треба да сториме нешто повеќе како организации, како медиуми во борбата, така да се каже, со контаминацијата со лажни вести?

РЕСМАН: Да, лажните вести се проблем, бидејќи имаме пораст на социјални мрежи. Исто така, и во Германија социјалните мрежи, Фејсбук, Твитер и други, се платформи за лажни вести и нивното ширење во општеството. Ова е еден дел, што е прилично опасен. Од друга страна, во Германија го имаме силниот радио и ТВ систем што го плаќа народот и тие работат против лажните вести. Исто така, нашите весници работат против лажните вести, да дадат посебни информации за лажните вести од социјалните мрежи. Во весниците можете да прочитате, а на ТВ или радио програмите можете да слушнете вистински информации. Така, новинарите во Германија, во најголем дел, се тие што не додаваат масло на огнот и се обидуваат да ги информираат луѓето на точен начин. Тоа не значи дека сензационализмот сосема исчезнал во моментов. Но, мислам дека повеќето луѓе веруваат во информациите што ги добиваат од кредибилни медиуми и веруваат во стабилноста на демократијата во Германија. Поради тоа, луѓето се толку тивки и добро се справуваат со ситуацијата дома.

ЦИВИЛ МЕДИА: Верувам дека политичката култура, а исто така и довербата на граѓаните во институциите на локално или национално ниво се многу битни во оваа сфера. А, за ваша среќа, но не и за сите европски општества или глобално, вие сте така добро организирани и секако со една таква политичка култура. Зборувајќи за лажните вести, би сакал да спомнам еден неодамнешен извештај од Надворешниот акциски сервис на Европска Унија кој работи на борбата против лажни вести и дезинформации и други хибридни закани против демократијата, во кој јасно се наведува, со многу аргументи и факти, дека провладини руски медиуми во Русија се во силна офанзива, со продуцирање и ширење лажни вести низ Европа и низ светот со цел да се создаде простор за руското напредување како глобален фактор. И ние тука во Северна Македонија, исто така, го имаме овој впечаток, но гледаме дека ова е глобален феномен во кој руските или про-Путин медиумите се, всушност, во оваа операција доста долго време, а коронавирусот се користи или злоупотребува како простор во кој лажните вести ги поткопуваат демократиите и довербата на луѓето во нивните здравствени системи и во нивните влади воопшто. Дали имате некое истражување или видувања во однос на ова прашање за руското надворешно влијание во оваа област?

РЕСМАН: Моментално, имаме две појави: производство на лажни вести од страна на руските медиуми, на пример “Russia Today”, или од интернет ботови итн. Вчера добив пораки дека има повеќе борби во Украина сега во време на меѓународен договор за примирје. Се чини дека Русија и сепаратистите ја користат состојбата со коронавирусот за воени операции. Пријателите мои од Ерменија, исто така, известуваат за повеќе оружени инциденти и во Азербејџан. Значи, зад ѕидот на вирусот, вистински работи се случуваат и треба да погледнеме што се случува зад сцената. Од друга страна, ЕУ-земјите им дадоа можност за пропаганда на Русите поврзана со помошта за Италија. Ова е уште еден проблем кој се заснова на солидарноста во Европа. Руската пропаганда нема толку многу влијание во Германија и не е многу успешна.

Во Украина, во многу други земји, руското влијание е многу поголемо. Тоа е опасно оружје на Русија за добивање поголемо влијание врз јавното мислење. Значи, ние треба да објасниме што Русија прави, кои се медиумските техники, кои се пораките. Треба да зборуваме за тие прашања со новинарите да го покријат тоа, да се каже ова е руска пропаганда, ова се руски лажни вести. Знам дека тоа е тешка работа.

ЦИВИЛ МЕДИА: Да, навистина е тешко да се бориме со лажни вести и дезинформации и пропаганда. Би сакал да ви се заблагодарам за разговорот и за вашите одговори и за вашиот придонес во нашата медиумска продукција. Ви посакувам сѐ најдобро, останете безбедни и пратете голем поздрав до Германија, која навистина е голем пријател на Северна Македонија.

РЕСМАН: Ви благодарам. Поздрав.

Џабир Дерала
Обработка на текст: Наташа Цветковска
Обработка на видео: Аријан Мехмети

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Russia TodayВолфганг РесманГерманијакорона вируслажни вестиЛудвигсхафенОК ТВОрбанПолскапропагандаРусијаУнгарија
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ