• Latest
Добро утро со Орданоски

Војводи без востанија?

March 29, 2018

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Во окото на ураганот

July 21, 2026

Ревизија на Агенцијата за нафтени резерви: Незаконско трошење, невратен мазут и институционални слабости

July 21, 2026
Фото: МИА

Трамп воведува царини од 50% за канадски производи: Нова ескалација на трговската војна меѓу САД и Канада

July 21, 2026

Обвинителството отвори истрага: Тројца од „Комуналец“ осомничени за загадувањето на водата во Гостивар

July 21, 2026

Воздушните тревоги ги бојат интерактивните мапи на Украина во црвено – рускиот терор продолжува

July 20, 2026
Фото: Влада РСМ

СДСМ бара кривична одговорност за Клековски за епидемијата во Гостивар, Владата порачува дека нема да има селективност

July 20, 2026

Гостивар под клуч на епидемија: Се дистрибуираат по 50 илјади литри пакувана вода дневно

July 20, 2026
Влез во Украина, на пат кон Луцк, 19 јули 2026 година. Фото: Џабир Дерала / ЦИВИЛ

БЕЛЕШКИ ОД УКРАИНА: Виножито над патот кон Луцк

July 19, 2026

Кијив под рекорден руски балистички напад: повеќе од 40 ракети и дронови врз главниот град, Украина бара итна заштита од балистички закани

July 19, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Сите ние сме Благојче

July 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Војводи без востанија?

March 29, 2018 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]М[/dropcap]ене ми делува сосема неспорно – нешто што Обвинителството, во прв момент, се обиде да го сокрие од македонската јавност – дека наредбата за почетокот на организираниот обид со насилство да се сруши новата власт на 27 април минатата година дошла од Виена, каде во тој момент пребиваше Никола Груевски. Друго е прашањето како и дали може да се утврди кој бил на другата страна на телефонот во Виена, кога е направена последната координација за започнување на насилствата. (Јас мислам дека може.)

Но, баталете партиски соопштенија и контра-соопштенија, употребете проста, најпроста логика: ако извесниот „Нинџа“ од виенскиот телефон добил инструкција да се започне со однапред планираното насилно сценарио, има ли некој нормален што мисли дека тоа можело да биде без знаење – ако веќе не и со директна гласовна комуникација – од самиот г. Никола Груевски?! Тој човек, де факто, го контролираше одењето по мала и голема нужда на своите подредени – а не, па, командата за напад на Собранието да ја препушти на некој „авантурист“ од своето обезбедување во Виена?!?!

Дополнително, цела Македонија знае чија десна рака беше господинот во бегство „Нинџа“, овластеното полициско лице со службена легитимација и пиштол, за вршење најразлични валканици на „човекот со подигнатата веѓа“.

Значи, Груевски нема врска со Чавков; нема врска со оние двајцана што бараат азил во Грција; нема врска со своето „обезбедување“; нема врска со „Нинџа“, а ни со „Кољо“; нема врска со тоа што повикуваше да не се седи по дома „во папучи“; нема врска со Хорхе Иванов; нема врска со… Еееј, каков абдал, па тој немал врска со ништо! А ние го мислевме за моќен.

Сега, пак, кога дознавме дека и г. Мицкоски бил во толпата што упадна во Собранието на тој несреќен 27 април, работите добиваат пологичен тек: бидејќи партискиот претседател Груевски немал врска со ништо, мора тогашниот партиски генерален секретар Мицкоски да ја контролирал целата насилна операција!

Или не? Како? И тој немал врска со ништо?!

Што војводи ќе беа денешниве вмровци, сите се откажуваат од сопствените востанија! Човек да добие впечаток дека им е поважна касата на „четата“, од каузата на револуционерната организација!

А и „новата стратегија“ им е слична, бидејќи за од мај годинава најавија рушење на власта на Заев по пат на континуирани улични протести, од чие одвивање за очекување е дека подоцна ќе се откажат.

Немам ништо против протести, и самиот сум го газел тој асфалт десетици пати, но „светоста“ на улицата мене ми се чини како резервирана за злосторнички, а не за неспособни власти. Затоа Груевски го рушевме со улична револуција, а Заев, повелете, да се руши на избори. И со моиве текстови се обидувам да покажам на разни димензии на неспособноста на власта предводена од СДСМ, чии изборни шанси нема да им се насмеат ако продолжат сигурно да газат по разгазените патеки на режимот на Фамилијата.

 


Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ.

Tags: 27 априлВМРО-ДПМНЕМитко ЧавковНикола ГруевскиХристијан Мицкоски
Share203TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ