Откако на социјалните мрежи се појавија новите снимки од апсењето на новинарот Фуркан Салиу, каде се гледа и слуша каде што тој вели: „Не можам да дишам“(Nuk mund të marr frymë), додека припадник на специјалните полициски сили седи врз него, сама по себе се наметнува паралелата со апсењето на афро-американецот Ерик Гарнер, и неговите последни зборови „ I can’t breathe“ (Не можам да дишам), додека полициски службеник од градот Њујорк го притиска со колено на вратот при апсењето, по што тој умре од гушење во 2014 година, од каде произлезе слоганот поврзан со движењето „Black life matter“ (Животите на црнците се важни) во САД.
За среќа, апсењето на Фуркан немаше трагичен крај, но додека не стане предоцна, потребно е итно да се преземат сите неопходни мерки за запирање на полициската бруталност и прекумерната (зло)употреба на сила, и секако, да се заштитат животите на новинарите.
Journalist life matter, too! И животите на новинарите се важни!
Драган Мишев