• Latest

Признание: Путин за првпат јавно го употреби зборот „војна“

December 23, 2022
Илустрација ВИ

Поради неизвесност на светските пазари, продолжена кризната состојба во снабдувањето со нафта и нафтени деривати

July 17, 2026

Црна Гора од 1 октомври воведува визи за руски државјани во рамки на усогласувањето со ЕУ

July 17, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик се менува во нетранспарентен процес и без јавна дебата: Ниту една партија не покажа интерес за мислењето на јавноста

July 17, 2026

Политичкиот инженеринг на летниот вакуум

July 17, 2026

Која е вашата порака, барање или прашање до политичарите? – граѓаните прашуваат, политичарите (не) одговараат

July 17, 2026

Ден на Украинската Државност: илјадагодишно наследство и современа борба за слобода

July 16, 2026
Џабир Дерала (фото: ЦИВИЛ)

Дерала: Правото на глас повторно е алатка во рацете на моќните

July 16, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

ВМРО си ги брои гласачите од дијаспората како три од карти

July 16, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Зошто велиме дека се потребни реформи кога не сакаме да се менуваме­?

July 16, 2026
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Признание: Путин за првпат јавно го употреби зборот „војна“

December 23, 2022 20:54
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Рускиот претседател Владимир Путин во четврток го употреби зборот „војна“ за конфликтот во Украина. Ова е негов прв пат во јавноста по 10 месеци од отпочувањето на војната во Украина да направи отстапка од неговиот досега  внимателно обликуван опис на инвазијата на Москва како „специјална воена операција“, пренесува Си-Ен-Ен.

„Нашата цел не е да го вртиме замаецот на воениот конфликт, туку, напротив, да ставиме крај на оваа војна“, им рече Путин на новинарите во Москва, по учеството на состанокот на Државниот совет за младинска политика. „Сме биле и ќе продолжиме да се стремиме кон ова.“

Критичарите на Путин велат дека користењето на зборот „војна“ за опис на конфликтот во Украина практично е нелегално во Русија од март, кога рускиот лидер потпиша закон за цензура, што го прави кривично дело ширењето „лажни“ информации за инвазијата, со казна до 15 години затвор за секој кој би бил осуден.

Токму затоа, употребата на зборот од Путин не остана незабележана.

Никита Јуферев, општински пратеник од Св. Петербург, кој избега од Русија поради неговиот антивоен став, во четвртокот рече дека побарал од руските власти да го гонат Путин за „ширење лажни информации за армијата“.

Немаше указ за прекин на специјалната воена операција, не беше објавена војна“, напиша Јуферев на Твитер. „Неколку илјади луѓе веќе се осудени за употреба на вакви зборови за војната.“

Американски официјален претставник за Си-Ен-Ен изјави дека нивната првична оценка е дека забелешката на Путин не била намерна и веројатно е лапсус. Сепак, официјалните лица внимателно ќе следат за да видат што ќе кажат бројките во Кремљ за тоа во наредните денови.

Илјадници се убиени, цели села збришани и милијарди долари уништена инфраструктура од почетокот на инвазијата на Путин на Украина на 24 февруари.

Тој ден Путин го употреби терминот „специјална воена операција“ за да го опише својот напад. Тој ја оквалификува тековната бруталност како кампања на „деназификација“ – опис отфрлен од историчарите и политичките набљудувачи – и сè почесто ја опишува неиспровоцираната инвазија на Русија како патриотска и речиси егзистенцијална причина.

Подготви: М.П.

Tags: Војна во УкраинаМоскваПутинцензура
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ