• Latest

Заев очекува зголемен број инвестиции од Австрија

June 26, 2018
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

Баснословното богатство на сега уапсениот Давор Мацура: Од менувачници до банка, 15 фирми, луксузни вили и милионски зделки со државата

November 2, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Ден потоа: Ова не е љубов, ова е договор

November 2, 2026
Протест во Тирана, 1 ноември 2026 година (Снимка од видео објавено на Фејсбук од „Revolucioni i Flamingove“)

Како слоганите како „Повеќе училници, помалку бомби“ се вклопува во пропагандната стратегија на Кремљ

November 2, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Долгото развлекување на денот „Д“ за Мицкоски

November 2, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Афера Алта банка: Од „парите ви се достапни“ до лимит од 10.000 денари – ИМА ЛИ ПИЛОТ ВО АВИОНОТ!?

November 2, 2026

Брвеница не е „етнички плен“

November 2, 2026
Постизборна ноќ во Србија, 25 октомври 2025 (скриншот од видео на социјалните мрежи)

Србија: Студентската листа најавува декриминализација на државата во првите 100 дена

November 2, 2026

Афера АЛТА БАНКА: Кој ги штити парите и политичката мрежа од Белград до Скопје и Москва?

November 1, 2026
Марко Кричак

Апсење на високи полициски функционери: Што се случува во српскиот безбедносен апарат?

November 1, 2026

Руската воена економија: Санкции, структурни пукнатини и цената на агресијата

November 1, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев очекува зголемен број инвестиции од Австрија

June 26, 2018 13:15
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев денеска во Виена ги повика австриските бизнисмени да ја унапредат економската соработка со Македонија, која, како што оцени, развива добра економска клима, очекува отворање на евроаталантските интеграции и стана атрактивна држава за инвестици. 

Заев, кој ја почна официјалната посета на Австрија со состанок во Австриската Федерална Стопанска Комора, посочи дека договорот со Грција го затвора билатералното прашање што стои на патот на интеграциите на Македонија и оти земјата прави сериозни реформски чекори согласно европските стандарди што гарантира предвидливост и стабилност на бизнис климата во нашата држава, соопшти прес-службата на македонската Влада.

– Ја надминавме политичката криза, ја стабилизиравме државата градејќи едно општество за сите, правиме суштински реформи за владеењето на правото и воспоставување правна држава, затоа и добивме чиста препорака од ЕУ. Сега со право за нашите напори и резултати очекуваме и датум за почеток на преговорите со ЕУ. Очекуваме и покана за НАТО. Ова за нас значи стабилност, безбедност, нови инвестиции, нови работни места, економски развој, порачал премиерот Заев, кој е придружуван од вицепремиерите за економски и европски прашања Кочо Анѓушев и Бујар Османи и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Според соопштението, Заев изразил надеж дека ќе се зголеми бројот на австриски инвеститори во Македонија, а таков повратен охрабрувачки одговор добил и од претставниците на австриската Стопанска комора.

– Австриските бизнисмени констатираа дека се отвораат можности за развој на економската соработка, по позитивните промени во Македонија.   Австриските бизнисмени го поддржаа и повикот на премиерот Заев и на вицепремиерот за економски прашања, Анѓушев, да помогнат со австриските искуства околу едукацијата со цел создавање квалификувани и конкурентни работници, се наведува во соопштението.

Пред австриските бизнисмени е претставен владиниот економски развоен план, со кој, како што објаснил вицепремиерот Анѓушев, Владата покажува разбирање за стопанствениците, а со тоа и за условите во кои работат работниците.

– Прво, важно е владеењето на правото и на тоа работиме, инвеститорите да се чувствуваат безбедни, второ, градиме стабилна држава низ реформите и евро-атлантските перспективи што ги отвораме и трето, економските мерки што се темелат на транспарентен и охрабрувачки пристап кон секој инвеститор. Секој да се чувствува поддржан, порачал  Анѓушев, кој ги објаснил поволностите за инвестирање во слободните економски зони и финансиската поддршка од државата за компаниите.

На состанокот е констатирано дека има услови за продолжување на трендот на зголемување на трговската размена меѓу Македонија и Австрија.

Според најавата, по средбата во Стопанската комора на Австрија, премиерот Заев има тет-а-тет средба со австрискиот канцелар Себастијан Курц, по што ќе следува работен ручек на владини делегации на двете држави и заедничка прес конференција на премиерот Заев и канцеларот Курц. (МИА)

Tags: АвстријаЗоран ЗаевинвестицииМакедонијаСебастијан Курц
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ