• Latest

Заев – Дерала: Транспарентност, итни реформи и обновување на интегративните процеси

March 10, 2017
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонски поглед кон телевизијата, интернетот и демократијата

September 16, 2026
Роџер Касале

Демократијата мора да биде нешто што го правиме

September 15, 2026
Проф. д-р Ана Чупеска

За да се испорача демократијата, мора да го заштитиме правото на вистина!

September 15, 2026
Бранко Тричковски

Нема човеци за демократија, ниту демократија за човечките деформитети

September 15, 2026
Проф. д-р Александар Иванов

Циркус за нула денари и затруена вода: Како демократијата стана депонија за гласови

September 15, 2026
A group of protesters raise their fists in the air. The concept embodies unity, strength, and the fight for justice. Generative AI.

Медиумската платформа на ЦИВИЛ е отворена за авторски текстови и видеопораки за демократијата

September 15, 2026

DDGI и WA4U по повод Денот на демократијата: Да се брани демократијата значи да се стои со Украина

September 15, 2026
Фото: Џ. Дерала

НАТО собори дрон над Литванија по навлегување во воздушниот простор од правец на Белорусија

September 15, 2026
Порака на кампањата на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на демократијата, 15 септември 2026.

ЦИВИЛ на Меѓународниот ден на демократијата: Твојот глас. Твојата слобода. Нашата демократија.

September 15, 2026
Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026 (фото: LIRIA KA EMËR)

Двојна стапица: Зошто било каква одлука од Хаг ќе послужи како политичко оружје

September 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Заев – Дерала: Транспарентност, итни реформи и обновување на интегративните процеси

March 10, 2017 10:45
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на ЦИВИЛ – Центар за слобода, Џабир Дерала, вчера се сретна со претседателот на СДСМ, Зоран Заев на која дискутираа за актуелните случувања во земјата и напорите за надминување на кризата во земјата.  

На средбата, претставникот на ЦИВИЛ ги достави двата опширни извештаи „Слободни избори: Услов за кој не се преговара“ и „Избори 2016“. Дерала исто така ги презентираше препораките на ЦИВИЛ кои произлегуваат од долгорочниот мониторинг на изборите, политичкиот процес и човековите права.

„На средбата стана збор и за процесите и преговорите за формирање на влада, за опструкциите и манипулациите во јавноста, како и за потребата за транспарентност на процесите и предизвиците во овој период. Притоа, лидерот на СДСМ отворено и во детали говореше за актуелните процеси и ја поддржа заложбата за потполна транспарентност на сите чекори во овој правец“, стои во соопштението на ЦИВИЛ.

Во името на ЦИВИЛ, Дерала ги повтори заложбите и повиците на организацијата за итно продолжување на работата на Собранието и формирање влада која ќе се зафати со итни реформи и суштински проблеми, да се обноват интегративните политики на земјата на внатрешен и надворешен план, а како важен сегмент, се истакна и потребата од максимална поддршка на работата на Специјалното јавно обвинителство (СЈО). Исто така беа претставени и наодите на ЦИВИЛ за постизборнта злоупотреба на јавните ресурси, администрацијата и медиумите, за национализмот, поделбите и политичката дискриминација, како и за локалните избори.

Дерала потсети и на низа други препораки во текот на постизборниот период, како што се барањата институциите да ги земат предвид наодите и препораките од изборниот мониторинг на ЦИВИЛ и да спроведат итна истрага за нерегуларностите, одговорност од ДИК за големите пропусти во спроведувањето на изборниот процес, како и итна ревизија на Избирачкиот список.

ЦИВИЛ е на располагање и на други политички партии, како и на релевантните институции, да ги претстави своите наоди и препораки кои произлегуваат од мониторингот и анализите на изборниот процес и напорите за надминување на политичката криза во Република Македонија.

 

Tags: ДералаДИКЗаевизбирачки списокмониторингСДСМСЈОсредбаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ