• Latest

Заев и Села не се договорија

December 24, 2017

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
Вилен Темерјанов и знамињата на Кримските Татари и Украина

Вилен Темерјанов: Знаме на достоинството, глас што рускиот окупатор не успеа да го замолчи

June 25, 2026

Извештај на ДЗР: Се бележи раст на приходите, но и сериозни слабости во управувањето на АД МЕПСО

June 25, 2026

Спин по мерка на власта – aвтомобили горат, јавноста на скијање

June 25, 2026

Нашминкан отчет за раскантан систем: Што навистина кријат бројките на министерката Јаневска?

June 25, 2026

Случајот Јанушев: Државната комисија за спречување на корупцијата го проширува предметот за генералниот секретар на Владата

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев и Села не се договорија

December 24, 2017 10:48
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Речиси три месеци по локалните избори, по кои се испразнија неколку министерски позиции во владата на Зоран Заев, но и по неколкунеделните најави токму од премиерот дека многу скоро ќе има дополнување на првиот и вториот ешалон во извршната власт, неколкуте „слободни“ места се уште стојат празни.

Веќе три месеци испразнето е министерското столче во здравството, како и две фотелји на министри без ресор и едно заменичко министерско место.

Премиерот Зоран Заев во петокот вечерта во емисијата „Ноќно студио“ на телевизија Телма изјави дека предлозите за испразнетите министерски места се испратени до Собранието на Република Македонија и оти предлогот на Алијансата за Албанците за министерското место за здравство бил неприфатлив.

За предлогот за министер за здравство да биде назначен Венко Филипче, премиерот Заев рече дека станува збор за човек којшто ќе ги спроведе реформите во здравството.

Пред три дена, на долго најавуваната средба со премиерот Заев, лидерот на Алијансата на Албанците Зијадин Села не го прифати понуденото вицепремиерско место за реформи во Владата во замена за позицијата министер за здравство.

Села во четвртокот изјави дека Алијансата на Албанците останува на своите ставови за задржување на министерското место за здравство, кое остана празно откако Арбен Таравари стана градоначалник на Гостивар.

Села, притоа, не кажа дали ќе излезат или ќе останат во владината коалиција.

– Имавме средба со премиерот. Јавноста веќе е запознаена за што се работи. Ние остануваме на нашите ставови дека нема да прифатиме позиции кои  се токмат преку ноќ и да се омаловажува Алијансата за Албанците. Такво нешто нема да прифатиме. Му дадов предлог на премиерот да стокми уште една позиција за што би било заменик премиер за носење бурек и после таа позиција ќе и ја дадам на ДУИ за да именуваат некој нивен министер. Ние остануваме на нашите ставови  дека ќе го држиме Министерството за здравство и нема да правиме договори и наддоговори. Договорот за формирање Влада е направен кога се направи Владата, изјави Села.

Тој уште еднаш потврди дека кандидат на Алијансата на Албанците за министер за здравство е Вулнет Ферати.

– Бевме главни актери во падот на режимот и уште ќе бидеме фокусирани и остатоците од тој режим, кои се останати во оваа Влада, да сносат одговорност пред лицето на правдата, рече Села, додавајќи дека правдата е целосна ако се однесува на сите.

Централното Собрание на Алијансата за Албанците денеска во Гостивар ќе одржи редовен состанок на кој ќе се разгледуваат состојбите во партијата и ќе се направат подготовките за партискиот конгрес.

Партиски извори за МИА брифираа дека меѓу темите ќе биде и одлуката дали Алијансата за Албанците ќе остане во владината коалиција.

Од Владата во вторникот официјално објавија дека за министер за здравство е предложен Венко Филипче, актуелен советник на премиерот Заев.

И вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи изминатава недела изјави дека ќе има само пополнување на испразнетите министерски и оти нема да има поголема реконструкција на Владата.

Артан Груби од ДУИ исто така најави дека заменик министер за образование и наука ќе биде Арбр Адеми и потенцира дека „ситуацијата е решена, и оти парламентарното мнозинство е стабилно и без и со партијата на Зијадин Села“.

Али Ахмети, лидерот на ДУИ во средата во интервју за ТВ21 ја нарече Алијансата несериозна партија која има само два пратеници.


извор: МИА

Содржините кои ЦИВИЛ ги презема од други извори не подлежат на лиценцата Creative Commons 1.0, инаку вообичаена за содржините кои ги објавува оваа медиумска платформа. Ве молиме, консултирајте се со изворот за преземање на таквите содржини.

Tags: „Алијанса за АлбанцитеАртан ГрубиБујар ОсманивладаВулнет ФератиДУИЗиадин СелаЗоран ЗаевКоалицијаМинистерство за здравствоСДСМ
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ