• Latest

Живот за сите, нели?

October 31, 2017

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Живот за сите, нели?

October 31, 2017 12:49
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Шефицата на набљудувачката мисијата на ОДИХР, амбасадорката Одри Гловер, во манир својствен на британската дипломатија, ги презентираше прелиминарните заклучоци од мониторингот на локалните избори. Ги лоцираше проблемите точно, сепак, без многу заобиколувања својствени токму за британската дипломатија.

Пишува: Џабир Дерала

Директно и соголено од претерани дипломатски флоскули, ОДИХР започна да ги соопштува своите наоди уште во 2013 година, кога шеф на мисијата беше познатиот германски дипломат, амбасадорот Герт Аренс, кој ја „почести“ Македонија со исто толку остар извештај и во 2014 година. Слично беше и во 2016 година, под водство на италијанската дипломатка, амбасадорката Тана де Зулуета. Од избори во избори, се говори за „замаглената граница меѓу партијата и државата“, израз кој го употреби мисијата во времето на Герт Аренс.

Одри Гловер кажа дека премиерот Зоран Заев, во кампањата за поддршка на другарчињата од ДУИ, вети дека општините во кои ќе победи ДУИ, ќе добијат помош од неговата влада, нивните ветувања да се исполнат. И ние го кажавме и напишавме тоа неброен број пати во соопштенијата и на пресовите кои ги држев во име на ЦИВИЛ уште пред првиот круг на локалните избори.

Навистина, СДСМ и Заев направија квантен скок во одвојување на партијата од државата со тоа што одеа во кампања по работното време, со партиски или приватни возила. И таму имавме сериозни примедби, но имавме и пофални зборови, заслужени. Сепак, кога дојде ред да се одбрани коалициското другарче Али Ахмети, сѐ појде низ вода. Тоа што ќе поминеше во најдобар ред, мораше да се упропасти со завршните чекори во кампањата која изненади, разочара или збуни многумина.

Со непринципиелните калкулации и потрага по краткорочни политички ефекти, безмилосно удрија дури и по коалицискиот партнер, Зиадин Села, кој го почувствува здивот на смртта во ходниците на Собранието кога беше нападнато од ордата на Груевски. Дотолку повеќе што таа и таквата поддршка на ДУИ, за миг, ги врати горчливите спомени на режимот.

Изгледа дека, кога ДУИ е во прашање, тоа е неизбежно. Тие играат валкано, типично вмровски, ги користат сите алатки кои ги користеа и порано кога беа во братко-разбојничка прегратка со Груевски. Тоа е суровиот и валкан прагматизам на политиката. За жал, и една интелектуалка каква што е Теута Арифи, се најде вплетена во таа валкана игра, а уште поголема штета е што последните денови од партиското дејствување на првиот СДСМ-овец фрлија дамка на првиот изборен процес по падот на режимот на Груевски.

Уште потемна дамка на изборите фрли изборната администрација. Една тревожна приказна во која допрва мора да се расветли во која пропорција се партиско-политичките сплетки и блокади, а во која незнаењето и неразумното трошење на јавните ресурси.

Слободно беше изразена волјата на најголем број гласачи. Да. На најголем број. Но, не и на сите. Слободата (и животот) им припаѓа на сите. Точка!


објавено во Плусинфо и во Слободен печат (01/11/2017)

Tags: ГруевскидипломатијадржаваЗаевзаклучоциизвештајлокални изборимониторингОДИХРпартијаСелаСобрание
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ