• Latest

Злоупотреба на лични податоци во Битола!

April 14, 2016
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Злоупотреба на лични податоци во Битола!

April 14, 2016 14:57
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Во извештајот што граѓанскиот новинар од Битола, кој сакаше да остане анонимен, го испрати до ЦИВИЛ Медиа, се посочува случај за злоупотреба на теренската проверка, наводно во име на ДИК.

„Kога ја забележавме нашата адреса на списокот на лица со неконзистентни записи кои се проверуваа на терен, ни беше чудно, со оглед на тоа дека цел живот живееме на иста адреса и никогаш немало ништо спорно. Тоа беше и утврдено по спроведената теренска проверка од анкетари на Државната изборна комисија, во мојот дом во Битола. Но, следниот ден, мојата роднина со која заедно живееме, доби телефонски повик.

12999721_10153725121613740_1860936290_o
                                                                 Шалтер во УВМК

Лицето кое се претстави дека е од ДИК, и кажа да ги земе личните карти од сите членови во семејството, со исклучок на мојата и на сестра ми, и да ги однесе во канцеларија во Управата за водење на матични книги – УВМК. На тој начин, наводно требало да се дополнат некои информации кои се пропуштиле за време на теренската проверка. Кога мојата роднина пристигнала на шалтерот каде и било посочено да оди, вработениот и рекол: ‘Девојче не сте единствена која доаѓа тука, на многу други исто така им се јавуваат, со исто објаснување. Најверојатно некој ги злоупотребува личните податоци кои беа објавени на страната на ДИК’“, ни пишува битолскиот граѓански новинар.

„Вработениот и објаснил на мојата роднина дека таму не се врши дополнување на било какви информации, затоа што тие веднаш по завршувањето на теренската проверка анкетните листови ги испратиле во Скопје, за што како доказ и го покажал и е-маилот со испратените информации“, се вели во извештајот на граѓанскиот новинар

Кога граѓанскиот новинар лично отишол да провери за што се работи, затоа што го загрижил фактот дека некој така лесно ги злоупотребува личните податоци, вработениот во АВМК му го повторил истото – дека се работи за некаков проблем, кој не е поврзан со теренската проверка на ДИК, и најверојатно дека зад сето тоа стои некој кој нелегално злоупотребува лични податоци.

civiv-lenses-logo-en-copyОваа содржина се објавува во рамките на третиот круг од натпреварот „Биди граѓански новинар“ на проектот Граѓански објектив на ЦИВИЛ, поддржан од National Endowment for Democracy. Содржината на овој прилог е минимално редактирана од редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, соодветно на концепцијата на проектот и на веб страницата.

Tags: граѓански новинарДИКзлоупотребалични податоцитеренска проверка
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ