Мониторинг тим на ЦИВИЛ – Центар за слобода ќе го набљудува спроведувањето на референдумот во Богданци на 11 јуни (недела).
Граѓанките и граѓаните на општина Богданци на референдумот ќе се изјаснуваат по две прашања. Првото е дали да се стопира или не изградбата на рудникот Казандол, а паралелно ќе се изјаснуваат и дали ќе дозволат било каква експлоатација на руда во границите на оваа општина.
Според соопштението на ЦИВИЛ – Центар за слобода, организацијата како и секогаш, ќе биде отворена за пријавите од граѓанките и граѓаните, како и прилозите на граѓанските новинари од овој настан.
Пријавите за нерегуларности може да се поднесуваат на телефонските броеви: 078 – 746 138 и 075 – 389 698, а на располагање е и веб-страницата Слободни избори за пријава на изборни нерегуларности. Во оваа прилика, ЦИВИЛ ги потсетува граѓанките и граѓаните дека неодамна објави и онлајн Пријава на политички притисоци, мобинг и дискриминација.
Пријави може да се поднесуваат и преку порака на Фејсбук страницата Слободни избори.
ЦИВИЛ ќе ги достави пријавите до Општинската изборна комисија во Богданци, а за текот на референдумот ќе ја информира јавноста преку соопштенија, прилози на веб-страницата ЦИВИЛ Медиа и информации на социјалните мрежи на ЦИВИЛ.
Право на изјаснување на референдумот имаат околу 7.000 жители на Општина Богданци, на 12 избирачки места.