• Latest

Извештај на „Репортери без граници“, четири години бавен и мачен напредок по падот Груевски. Кој ги негува притисоците, неказнивоста, клиентелизмот?

April 21, 2021

Заканата е јасна. Линиите се повлечени. Часовникот отчукува.

January 26, 2026
Скриншот од видео на ВВС

И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

January 26, 2026

Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

January 26, 2026
Илустрација ВИ

Ненаучени лекции: Поларизација на јавниот простор, култура и правниот систем – предвремена и индиректна кампања (13)

January 26, 2026
Protests Minneapolis
Source: screenshot NBC

Имиграција, оружје и избори: Фаталната ескалација во Минеаполис ја тресе американската политика

January 26, 2026

Документот за безбедносни гаранции за Украина од САД е 100% готов, вели Зеленски

January 26, 2026

Анализа на CIVIL.Today: Неутралноста што убива – како ерозијата на наративите ѝ служи на руската агресија

January 25, 2026
Креирано со помош на ВИ

Трамп го проби дното: Ги налути НАТО сојузниците со неточно тврдење дека „останале малку подалеку“ од фронтот во Авганистан, Британците гневни

January 24, 2026
Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

January 24, 2026
Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

January 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
    Скриншот од видео на ВВС

    И републиканските сенатори повикуваат на поцелосна истрага за убиството во Минеаполис – Што тврдеше тимот на Трамп, а што покажуваат доказите

    Поранешниот претседател Бил Клинтон жестоко ги осуди властите за ужасните сцени во Минеаполис: Никогаш не помислив дека ќе се случат во Америка

    Protests Minneapolis
Source: screenshot NBC

    Имиграција, оружје и избори: Фаталната ескалација во Минеаполис ја тресе американската политика

    Документот за безбедносни гаранции за Украина од САД е 100% готов, вели Зеленски

    Анализа на CIVIL.Today: Неутралноста што убива – како ерозијата на наративите ѝ служи на руската агресија

    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    Фото: Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

    80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    Илустрација ВИ

    Трилатерални преговори во Абу Даби: Може ли Украина да постигне пробив во разговорите со Русија

    Фото: Канцеларија на претседателот на Украина

    Зеленски ја оцени средбата со Трамп како позитивна, критикувајќи ја неактивноста на ЕУ

    Фото: Амбасадорка Лариса Дир/Х

    Амбасадорката Дир: Денес, во соочување со вооружената агресија на рф, соборноста е темелот на украинската издржливост, отпор и идна победа

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Венко Филипче, 31. Конгрес на СДСМ, 24 јануари 2026 (фото извор: СДСМ)

    Конгрес на СДСМ: Филипче со жестоки критики за власта и повик за единство и мобилизација

    „Одборот за мир“: Како Трамп го претвора глобалниот поредок во клуб со членарина

    Илустрација ВИ

    Светскиот економски форум во Давос 2026: „Духот на дијалог“ во ера на геополитички тензии и технолошки трансформации

    Чупеска: Правдата не е сопственост на елитите, туку заедничко добро на граѓаните

    Ignorantia ante portas

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за иницијативата да се укине заштитниот механизам – техничка влада – во пресрет на избори?

    Кога Мицкоски е зад воланот: Зошто појасот не се вади иако возачот вели дека е внимателен

    фото Влада на Северна Македонија

    На ВМРО – ДПМНЕ не му се допаѓа пржинскиот модел на избори со техничка влада

    Џабир Дерала (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Мицкоски во координација со Мицкоски: Како демократската заштитна мерка се укинува од оние поради кои е воведена

    Lu-ping/ Лидерски средби – функционално и морално деградирање на избраните на изборите

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Ден на Соборноста на Украина: историја, значење и современа важност

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

    Северна Македонија, 2025: Политичка поларизација, институционални слабости и демократски предизвици

    ИДЕОЛОШКА БЕЗДНА: Како Студената војна го преобликува сонот за интелигенцијата

    Кривична пријава против пет лица од Тетово за трговија и силување на 15 годишно девојче

    Бугарија со инвестиција над 260 милиони евра за железницата кон Северна Македонија

    Од 1 јануари струјата поскапува – сметките растат од 57 до 900 денари

    Фото: ВИ

    Ларви и инсекти во киви од Србија: АХВ стопира увоз и нареди уништување на 22 тони

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    „Одборот на мирот“: шок‑терапија за заспаната ООН или вовед во правото на посилниот?

    Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    Геополитика на „Облакот“: Зошто хард дискот е новата нафта?

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Види што ме натера да направам: Билансот на мртви во протестите во Иран и авторитарната логика на обвинување на жртвата

    По повторените локални избори – сите среќни и весели фатени на оро

    Ладното лицемерие на рф

    Љубомир Костовски (фото: ЦИВИЛ)

    Диви и други свињи

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

Извештај на „Репортери без граници“, четири години бавен и мачен напредок по падот Груевски. Кој ги негува притисоците, неказнивоста, клиентелизмот?

April 21, 2021 20:31
in АНАЛИЗИ, ОПШТЕСТВО, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

И годинава, четврта година по ред, го задржуваме напредокот на Индексот за слободата на медиумите на „Репортери без граници“, меѓународна новинарска организација која години наназад ги регистрира притисоците врз слободата на медиумите на светско ниво. Сепак, тој напредок е бавен, ние сме на 90-тото место кое и не е баш за радување и фалење, а извештајот на РБГ и понатаму посочува на „традиционалните“ аномалии кои ги влечкаме години наназад.

Затоа, иако охрабрува континуираниот напредок, оваа анализа ќе се фокусира на она што ја спречува земјата да напредува во медиумските слободи со покрупни чекори. Општата дијагноза и овој пат е прецизно дадена во трите пасуси, онолку колку што одвоиле РБГ во светскиот извештај за Северна Македонија. Јасно се посочени и се препознаваат клучните пречки и предизвици за напредок: заканите и притисоците кон новинарите,  културата на неказнивост и растечкиот говор на омраза кон новинари и јавни личности на социјалните мрежи, а секако и финансирањето на медиумите кое ќе оневозможи клиентелизам[1].

Па, да се обидеме да гребнеме под површината и да навлеземе во деталите на два од овие три клучни предизвици – оние најболните, културата на неказнивост, како и општоприсутната омраза и закани што таа ги охрабрува. Оти, како велат, ѓаволот секогаш се крие – во деталите.

КОЈ ВРШИ ПРИТИСОК, КОЈ ГИ НАВРЕДУВА И ИМ СЕ ЗАКАНУВА НА НОВИНАРИТЕ?

Кога зборуваме за директните притисоци, закани, навреди или некоректен однос кон новинарите, македонската јавност е речиси секојдневно сведок на такви случаи, на организирани закани, оцрнувања и заплашувања на луѓе на социјалните мрежи и на портали. За нив ретко се слуша за некако некаков правен епилог, затоа е сосема оправдана перцепцијата дека постои култура на неказнивост, на говор на омраза која доаѓа од секаде, а претежно од партиските симпатизери и пропаганда на социјалните мрежи, за што ЦИВИЛ изминатата година произведе и објави една сеопфатна анализа[2].

Во извештајот на Репортери без граници, освен клучната забелешка за опстојување на културата на неказнивост, се забележува на некоректен однос и од високи владини претставници. За да дојдеме до конкретни бројки, случаи и споредби, се обидовме да направиме анализа на случаите, на кои конкретно и јавно реагирале новинарите и медиумските организации, Здружението на новинарите на Македонија како нивен еснафски претставник. Секако овие случаи опфаќаат само дел од она што се случува во реалноста, но се доволни и валидни за да ги детектираме трендовите и одговорностите за вакви притисоци, имајќи го како филтер утврдувањето на основаноста низ кој поминуваат во медиумските здруженија.

Според реакциите на ЗНМ во текот на 2020 година, кои се официјално и јавно достапни на страницата на Здружението и дел од меѓународен проект со кој се зајакна набљудувачката и застапувачката улога на ЗНМ, се работи за околу 30 случаи на јавни реакции кон некаков вид на притисок упатен кон новинарите и медиумите.

Позиции на Северна Македонија на индексот на Репортери без граници 2009-2021

Најголем пад на Македонија се бележи во периодот 2009-2014, од 34-то на 123-то место, за 5 години пад од 89 места. Најголем напредок за Македонија е во периодот 2017-2020, од 111 место на 90 место, за четири години – напредок од 19 места.

Најмногу реакции за притисоци, закани говор на омраза, етикетирања – кон политичките партии, нивната пропаганда и симпатизери

Она што е интересно е дека најголем број  случаи се однесуваат на политички партии. Повеќето од нив, кои вклучуваат дури и експлицитни закани по живот и со огнено оружје, се за претставници или симпатизери на опозициските ВМРО-ДПМНЕ[3] и Левица[4]. Тука се редат разни случаи, од закани на високи функционери, до закани на обични симпатизери кон новинари дојдени да известат за протест.

Исто така, меѓу реакциите на ЗНМ кон политичките партии во 2020 може да се забележат две реакции кон Алијансата за Албанците[5]. По една официјална реакција за притисоци и закани од страна на лидерот на ГРОМ[6],  како и за некоректен однос и јавно етикетирање на новинари од страна на ДУИ[7].

Немало официјални реакции од ЗНМ кон парламентарните партии СДСМ, Беса, Алтернатива и други вонпарламентарни партии.

Другите реакции на ЗНМ се однесуваат говор на омраза или закани од лица преку социјалните мрежи[8], а како видлив пример може да се посочи говорот на омраза од повеќе видови чијашто повеќекратна жртва е една новинарка[9].

ЗНМ реагираше и во случај на закана и притисок кон новинари-истражувачи од познат бизнисмен[10].

Регистрирана е и реакција на ЗНМ за закани и физичка пресметка со лица кои од нападнатиот медиумски работник се посочени како блиски на поранешниот шеф на тајната служба и поранешен висок партиски функционер на ВМРО-ДПМНЕ[11].

ЗНМ реагираше јавно и за закани од лица поради напис за свадба во време на пандемија[12], како и за попречување на новинар од жители на населено место[13].

Посочен беше дури и случај на вербални закани и притисоци од родители во училиште и од свештено лице[14].

За неколку од овие случаи е побарана и постапка од МВР.

Притисоци и некоректен однос од функционери и органи на извршната власт

ЗНМ во текот на 2020 упатило и неколку реакции кон функционери, органи и тела во надлежност на извршната власт.

Две од реакциите се однесуваат на односот на двајца министри од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и нивните тимови за време на техничката влада, една реакција за односот на тогашната министерка за труд и социјала кон една редакција[15], и една реакција за односот на лицата од тимот на техничкиот министер за внатрешни работи[16]. Ова се единствените „високи владини претставници“ на кои упатува извештајот на Репортери без граници“,  за кои можевме да пронајдеме официјални реакции од ЗНМ во текот на 2020 година.

Од раководни лица во пониските владини ешалони,  ЗНМ во 2020 упатило реакции за притисоци или некоректен однос за тројца директори или владини агенции и институти[17].

Дел од овие функционери, како што соопшти и Владата во одговорот на прашања поврзани со извештајот на РБГ, не се повеќе на тие раководни функции[18].

Кај полицијата, имаше експресна реакција на реакцијата и барањето на ЗНМ за случајот со лице вработено во Централен регистар, кое се закануваше на две новинарки[19], кој доби и судска  разрешница при што лицето беше осудено на 20 месеци затвор и задолжително психијатриско лекување[20]. Во две реакции на ЗНМ е посочено на несоодветно полициско постапување кон новинари[21], при што за еден од овие случаи се констатира дека МВР презело мерки и службеното лице било казнето за некоректните постапки[22].

Во врска со ограничувањата кои настапија поради пандемијата, ЗНМ има и една реакција до здравствените власти за попречување на известувањето во време на пандемија[23], како и реакција во врска со критериумите за издавање на дозволи за движење на медиумски работници во време на полициски час[24].

Во еден случај како извор на закани е посочен вработен во Царинската управа[25].

Реакции за притисоците од други институции и власти

Освен кон извршната власт, ЗНМ во текот на 2020 година има и реакции за случаи на несоодветно постапување од институции и органи што се дел од други власти. Се забележуваат два случаи на реакции кон Јавното обвинителство[26]. Од ЗНМ исто така реагирале и за етикетирање од страна на директорот на Агенцијата за медиуми[27].

Како до ослободување на медиумите и јавната комуникација од насилството и омразата?

Иако годинешниот напредок и континуитетот од четири години напредок на индексот на Репортери без граници охрабрува, сепак, посочените случаи на сериозни закани, притисоци, без оглед од кого доаѓаат, треба сите да ги земеме сериозно и како врвен приоритет, за целото општество. Оти, јасни се индикаторите, добро се гледа сè. И кој ја поттикнува културата на неказнивост и омразата со доброорганизирани структури во медиумите и на социјалните мрежи, и кој прави нешто, и кој се прави дека не гледа или гледа само кога тоа некому му одговара, а се гледа и кој не прави ништо.

Наодите на „Репортери без граници“ треба да бидат анализирани внимателно, и секој од посочените јавни актери да преземе одговорност, за недостатоците и за натамошно подобрување на состојбата, секој во својата област и во рамки на своите надлежности и можности. Добро би било да има и меѓусебна координација и добра волја меѓу актерите, но и заметувањето во сопствениот двор не би било лошо за почеток.

Владата во нејзиниот прв настап по објавувањето на годинешниот извештај на РБГ истакна дека ќе продолжи да ги унапредува состојбите таму каде што таа е надлежна, и ги охрабри сите други институции, политички партии и обвинителството да го сторат истото. Одржувањето на позитивниот четиригодишен тренд дава надеж дека тој пат може и да продолжи, но тоа ќе биде возможно само доколку ваквите случаи се пријавуваат постојано во институциите, за да може да се мери нивната ефикасност. Јавноста треба будно да ги следи нивните чекори, да критикува, но и да охрабрува таму каде што се направени позитивни промени.

На овој предизвик секако дека се очекува да одговорат и медиумските професионалци и нивните здруженија. Пред се преку исцртување на јасна линија помеѓу вистинските медиумски професионалци и оние што се дел од партиските кујни за производство на пропаганда и говор на омраза на интернет и социјалните мрежи. Впечатокот е дека новинарскиот еснаф постојано бега од таа битка за прочистување во своите редови. Таа  битка е неизбежна, а саморегулацијата и нејзиното интензивно ползување е единственото ефикасно оружје за чување на новиинарската слобода, но и воспоставување на одговорност за професијата.

На крајот, можеби и најважното:

Културата на неказнивост пред сѐ и над сѐ постои затоа што нема постапки и казни од правосудните органи. Тоа веќе и на малите деца им е јасно.

Сè додека луѓето не добијат впечаток дека за закани по живот, говор на омраза, лаги, навреди со кои се руши достоинството на секој човек и се кршат куп закони и човекови права – нема одговорност; или, дека државата селективно „мрда“ само кога се под закана функционери или битни ликови; или, дека можеш сè и сешто да излажеш за некого а тоа да си помине неказнето па дури и да предизвикаш лавина на неказнета омраза…; Сè додека е така, не мрдаме никаде. Ниту на индексот на Репортери без граници и слободата на изразување, ниту општо, во ниту еден аспект важен за да имаме подобра иднина.

Сѐ додека е слободна омразата, под притисок ќе биде слободата на изразување.

[1]   Impunity culture persists, Репортери без граници, Индекс на слобода на медиумите 2020, извештај за Севрна Македонија https://rsf.org/en/north-macedonia

[2] АНАЛИЗА: „Наместо со фокус на понудата за граѓаните – медиумите со рефлексија на кампањите доминирани од црна пропаганда, дезинформации, клевети, навреди и омраза“, издадено за Цивил, автор Петрит Сарачини и тим на истражувачи, септември 2020 (сите делови од анализата достапни тука: https://civilmedia.mk/namesto-so-fokus-na-ponudata-za-graganite-mediumite-so-refleksija-na-kampanite-dominirani-od-tsrna-propaganda-dezinformatsii-kleveti-navredi-i-omraza-10-del/

[3] Реакции на ЗНМ кон ВМРО-ДПМНЕ и симпатизери:

  • Пратеници ВМРО-ДПМНЕ / Левица етикетираат новинари на Телма 27.12.2021 https://znm.org.mk/%d0%bf%d1%80%d0%b0%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d1%86%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%bd%d0%b5-%d1%81%d0%bc%d0%b5%d0%b0%d1%82-%d0%b4%d0%b0-%d0%b3%d0%b8-%d0%be%d0%bc%d0%b0%d0%bb%d0%be%d0%b2%d0%b0%d0%b6%d1%83%d0%b2/
  • Осуда за нападот на новинарската екипа на Ал Џaзира во центарот на Скопје (На протестот кој..во центарот на Скопје го организираше п.партија ВМРО -ДПМНЕ, од страна на непознато лице, новинарката М.Смилевска и снимателот Ј.Ангеловиќ од медиумот Ал Џaзира биле нападнати и попречени во вршење на своите професионални новинарски задачи..) 09.09.2020 https://znm.org.mk/%d0%be%d1%81%d1%83%d0%b4%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%bd%d0%b0%d0%bf%d0%b0%d0%b4%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%bd%d0%b0%d1%80%d1%81%d0%ba%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%b5%d0%ba%d0%b8%d0%bf/
  • ЗНМ: МВР и ОЈО веднаш да го најдат лицето кое се закани на новинарот Мишко Иванов (веднаш по завршување на интервјуата со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, Христијан Мицкоски и Зоран Заев, извесен Бобан Петровски испратил порака полна со говор на омраза и закани до новинарот на ТВ24) 06.05.2020 https://znm.org.mk/znm-mvr-i-ojo-vednash-da-go-najdat-liczet/

[4] Реакции на ЗНМ кон Левица и симпатизери:

  • Закани на Апасиев кон новинарката Димковиќ 07.12.2020 https://znm.org.mk/%d0%b7%d0%bd%d0%bc-%d0%be%d1%81%d1%83%d0%b4%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d1%82%d1%82%d0%b8%d0%ba%d0%bd%d1%83%d0%b2%d0%b0%d1%9a%d0%b5%d1%82%d0%be-%d0%be%d0%bc%d1%80%d0%b0%d0%b7%d0%b0-%d0%bd%d0%b0/
  • ЗНМ остро ги осудува заканите упатени кон Дерала и Сарачини 29.07.2020 https://znm.org.mk/%d0%b7%d0%bd%d0%bc-%d0%be%d1%81%d1%82%d1%80%d0%be-%d0%b3%d0%b8-%d0%be%d1%81%d1%83%d0%b4%d1%83%d0%b2%d0%b0-%d0%b7%d0%b0%d0%ba%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d1%83%d0%bf%d0%b0%d1%82%d0%b5%d0%bd%d0%b8/

[5] Осуда за јавните етикетирања на Алијанса за Албанците кон ТВ21 09.06.2020 https://znm.org.mk/osuda-za-javnite-etiketirana-na-alija/ //

ЗНМ: Остра осуда за заканите кон новинарката на ТВ21 (…кон новинарката на ТВ21, Алмедина Исмајли, упатени закани од страна на Нешат Адеми кој е доскор.член на АА…) 29.01.2020 https://znm.org.mk/znm-ostra-osuda-za-zakanite-kon-novina/

[6] Осуда за навредите и заканите на С.Јакимовски кон новинарот Г.Чомовски 27.03.2020 https://znm.org.mk/osuda-za-navredite-i-zakanite-na-stevch/

[7] ЗНМ: ДУИ да престане со етикетирање новинари (Али Ахмети го нарече „вегетосан“ новинарот на  онлајн медиумот „In7.tv“, Албрим Хоџа)19.05.2020 https://znm.org.mk/znm-dui-da-prestane-so-etiketirane-nov/

[8] ЗНМ, ССНМ и СЕММ: МВР и ОЈО да го санкционираат говорот на омраза кон новинари (говор на омраза на социјални мрежи кон повеќе новинари и НВО-а)  15.11.2020 https://znm.org.mk/%d0%b7%d0%bd%d0%bc-%d1%81%d1%81%d0%bd%d0%bc-%d0%b8-%d1%81%d0%b5%d0%bc%d0%bc-%d0%bc%d0%b2%d1%80-%d0%b8-%d0%be%d1%98%d0%be-%d0%b4%d0%b0-%d0%b3%d0%be-%d1%81%d0%b0%d0%bd%d0%ba%d1%86%d0%b8%d0%be%d0%bd/

[9] ЗНМ, ССНМ и СЕММ остро ги осудуваат заканите кон дописничката Милевска 13.07.2020 https://znm.org.mk/%d0%b7%d0%bd%d0%bc-%d1%81%d1%81%d0%bd%d0%bc-%d0%b8-%d1%81%d0%b5%d0%bc%d0%bc-%d0%be%d1%81%d1%82%d1%80%d0%be-%d0%b3%d0%b8-%d0%be%d1%81%d1%83%d0%b4%d1%83%d0%b2%d0%b0%d0%b0%d1%82-%d0%b7%d0%b0%d0%ba%d0%b0/

[10] Заканите кон екипата на ИРЛ, сериозен обид да се замолчи истражувачкото новинарство (од  сопственикот на градежната фирма „Настел“ – Зоран Азманов) 30.12.2019 https://znm.org.mk/zakani-kon-ekipata-na-irl-seriozen-obi/

[11] ЗНМ: Итно да се истражи нападот врз новинарот Љупчо Златев (случај со синот на Мијалков) 24.07.2020 https://znm.org.mk/%d0%b7%d0%bd%d0%bc-%d0%b8%d1%82%d0%bd%d0%be-%d0%b4%d0%b0-%d1%81%d0%b5-%d0%b8%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0%d0%b6%d0%b8-%d0%bd%d0%b0%d0%bf%d0%b0%d0%b4%d0%be%d1%82-%d0%b2%d1%80%d0%b7-%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b8/

[12] Остра осуда за заканите кон новинарката Мирослава Бурнс (после објавен текст за свадба Тетово, забранети со мерки за пандемија) 24.07.2020 https://znm.org.mk/%d0%be%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0-%d0%be%d1%81%d1%83%d0%b4%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%b7%d0%b0%d0%ba%d0%b0%d0%bd%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%ba%d0%be%d0%bd-%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%bd%d0%b0%d1%80%d0%ba%d0%b0/

[13] ЗНМ најостро ги осудува заканите кон новинарската екипа на ТВ Клан (Фуркан Салиу од Клан ТВ на терен во Ваксинце, попречуван од жители…) 28.05.2020 https://znm.org.mk/znm-najostro-gi-osuduva-zakanite-kon-n/

[14] ЗНМ и СЕММ: Вербалните и сите други напади кон новинарите треба веднаш да престанат 24.10.2020 https://znm.org.mk/%d0%b7%d0%bd%d0%bc-%d0%b8-%d1%81%d0%b5%d0%bc%d0%bc-%d0%b2%d0%b5%d1%80%d0%b1%d0%b0%d0%bb%d0%bd%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b8-%d1%81%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b4%d1%80%d1%83%d0%b3%d0%b8-%d0%bd%d0%b0%d0%bf%d0%b0/

[15] ЗНМ и СЕММ го осудуваат односот на министерката Мизрахи кон А1он 28.01.2020 https://znm.org.mk/znm-i-semm-go-osuduvaat-odnosot-na-mini/

[16] Недозволив однос на полицајците кон Салиу (односот на полициските службеници од обезбедувањето и одговорните за протокол на минист.за вн.работи, Наќе Чулев кон новинарот од ТВ Клан, Фуркан Салиу) 07.05.2020 https://znm.org.mk/nedozvoliv-odnos-na-policzajczite-kon-s/

[17] ЗНМ, ССНМ и СЕММ: Осуда за заканите и дискредитациите кон новинари  („А1он“ од страна на директорката на Нац.агенција за европски образовни програми и мобилност..) 12.10.2020 https://znm.org.mk/%d0%b7%d0%bd%d0%bc-%d0%b8-%d1%81%d1%81%d0%bd%d0%bc-%d0%b4%d0%b8%d0%bc%d0%be%d0%b2%d0%b0-%d0%b4%d0%b0-%d0%bd%d0%b5-%d0%b4%d0%b8%d1%81%d0%ba%d1%80%d0%b5%d0%b4%d0%b8%d1%82%d0%b8%d1%80%d0%b0-%d0%bd%d0%be/ // Осуда за повторните закани и омаловажување на Тозија од Агенција за филм  30.09.2020

https://znm.org.mk/%d0%be%d1%81%d1%83%d0%b4%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%b2%d1%82%d0%be%d1%80%d0%bd%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b7%d0%b0%d0%ba%d0%b0%d0%bd%d0%b8-%d0%b8-%d0%be%d0%bc%d0%b0%d0%bb%d0%be%d0%b2%d0%b0%d0%b6/ /// РЕПОРТЕРИ БЕЗ ГРАНИЦИ ГИ ОСУДИ ЗАКАНИТЕ НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ФИЛМ ЗА КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ПРОТИВ САКАМДАКАЖАМ.МК, РАДИОМОФ.МК И МКД.МК 30.07.2020   https://sdk.mk/index.php/makedonija/reporteri-bez-granitsi-gi-osudi-zakanite-na-agentsijata-za-film-za-krivichni-prijavi-protiv-sakamdakazham-mk-radiomof-mk-i-mkd-mk/   + ЗНМ https://znm.org.mk/%d0%b0%d0%b3%d0%b5%d0%bd%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d1%84%d0%b8%d0%bb%d0%bc-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b4%d0%be%d0%bb%d0%b6%d1%83%d0%b2%d0%b0-%d1%81%d0%be-%d0%b7%d0%b0%d0%ba%d0%b0/ / ЗНМ: Осуда за грубите дисквалификации упатени кон новинарката Марина Костова од страна на Агенцијата за филм 10.07.2020 https://znm.org.mk/%d0%b7%d0%bd%d0%bc-%d0%be%d1%81%d1%83%d0%b4%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%b3%d1%80%d1%83%d0%b1%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b4%d0%b8%d1%81%d0%ba%d0%b2%d0%b0%d0%bb%d0%b8%d1%84%d0%b8%d0%ba%d0%b0%d1%86%d0%b8%d0%b8//// Осуда за непримерниот однос на ИДКНА кон весникот „Коха“ (Институот за културно наследство на Албанците…) 02.09.2020
https://znm.org.mk/%d0%be%d1%81%d1%83%d0%b4%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%bd%d0%b5%d0%bf%d1%80%d0%b8%d0%bc%d0%b5%d1%80%d0%bd%d0%b8%d0%be%d1%82-%d0%be%d0%b4%d0%bd%d0%be%d1%81-%d0%bd%d0%b0-%d0%b8%d0%b4%d0%ba%d0%bd%d0%b0-%d0%ba/

[18] https://vlada.mk/node/24956

[19] ЗНМ: Институциите итно да постапат за заканите кон Јордановска и Коровешовска (заканувачот Емил Јакомовски) 13.01.2020 https://znm.org.mk/znm-institucziite-itno-da-postapat-za-z/ //

[20] https://360stepeni.mk/emil-jakimovski-dobi-zatvor-od-20-mesetsi-i-zadolzhitelno-lekuvane-vo-bardovtsi/

[21] Недозволив однос на полицајците кон Салиу (односот на полициските службеници од обезбедувањето и одговорните за протокол на минист.за вн.работи, Наќе Чулев кон новинарот од ТВ Клан, Фуркан Салиу) 07.05.2020 https://znm.org.mk/nedozvoliv-odnos-na-policzajczite-kon-s/

[22] МВР ги казни полицајците што ја попречуваа работата на колешката Секуловска 22.07.2020 https://znm.org.mk/%d0%bc%d0%b2%d1%80-%d0%b3%d0%b8-%d0%ba%d0%b0%d0%b7%d0%bd%d0%b8-%d0%bf%d0%be%d0%bb%d0%b8%d1%86%d0%b0%d1%98%d1%86%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d1%88%d1%82%d0%be-%d1%98%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%bf%d1%80%d0%b5%d1%87/

[23] Здравствените власти да не ја попречуваат работатата на новинарите 30.12.2020

https://znm.org.mk/%d0%b7%d0%b4%d1%80%d0%b0%d0%b2%d1%81%d1%82%d0%b2%d0%b5%d0%bd%d0%b8%d1%82%d0%b5-%d0%b2%d0%bb%d0%b0%d1%81%d1%82%d0%b8-%d0%b4%d0%b0-%d0%bd%d0%b5-%d1%98%d0%b0-%d0%bf%d0%be%d0%bf%d1%80%d0%b5%d1%87%d1%83/

[24] Регистарот на СЕММ и ЗНМ постои за препознавање на професионалните медиуми, а не за делење дозволи за движење 22.03.2020 https://znm.org.mk/registarot-na-semm-i-znm-postoi-za-prep/

[25] ЗНМ: Осуда за заканите и навредите врз новинарката Мирослава Бурнс (…од страна на Ласте Ивановски, вработен во Царинската управа) 01.03.2020 https://znm.org.mk/znm-osuda-za-zakanite-i-navredite-vrz-n/

[26] РЕАКЦИИ КОН ОЈО: Истрагата на ОЈО за изборното рекламирање треба да е транспарентна и неселективна 17.09.2020 https://znm.org.mk/%d0%b8%d1%81%d1%82%d1%80%d0%b0%d0%b3%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%bd%d0%b0-%d0%be%d1%98%d0%be-%d0%b7%d0%b0-%d0%b8%d0%b7%d0%b1%d0%be%d1%80%d0%bd%d0%be%d1%82%d0%be-%d1%80%d0%b5%d0%ba%d0%bb%d0%b0%d0%bc%d0%b8/ // ЗНМ и ССНМ: ОЈО да го преиспита случајот со Златев 31.07.2020 https://znm.org.mk/%d0%b7%d0%bd%d0%bc-%d0%b8-%d1%81%d1%81%d0%bd%d0%bc-%d0%be%d1%98%d0%be-%d0%b4%d0%b0-%d0%b3%d0%be-%d0%bf%d1%80%d0%b5%d0%b8%d1%81%d0%bf%d0%b8%d1%82%d0%b0-%d1%81%d0%bb%d1%83%d1%87%d0%b0%d1%98%d0%be%d1%82/

[27] ЗНМ: Директорот на АВМУ непрофесионално етикетира медиуми 28.07.2020 https://znm.org.mk/%d0%b7%d0%bd%d0%bc-%d0%b4%d0%b8%d1%80%d0%b5%d0%ba%d1%82%d0%be%d1%80%d0%be%d1%82-%d0%bd%d0%b0-%d0%b0%d0%b2%d0%bc%d1%83-%d0%bd%d0%b5%d0%bf%d1%80%d0%be%d1%84%d0%b5%d1%81%d0%b8%d0%be%d0%bd%d0%b0%d0%bb/

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Деменција, епохално незнаење или чиста злоба: Трамп се посрамоти во Давос во обид да ја понижи Европа и сојузниците

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Обвинителот Анел Фидоски универзално воведе стандард дека смртната закана со куршуми е ОК, каква што доби Џабир Дерала

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Кармата ги стига Кадировци – синот на чеченскиот лидер хопитализиран во тешка состојба по сообраќајна несреќа во Грозни

    112 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Битни се парите, а не судијата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • 80% од Украина се соочува со итни прекини на електричната енергија по рускиот напад во текот на ноќта, истовремено со трилатералниот мировен состанок во ОАЕ

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ