ВЕСТ НА ДЕНОТ
Денеска стапуваат на сила измените на Кривичниот законок
Од денеска стапуваат на сила измените на Кривичниот законик, кои ќе значат поблаги казни за дел од обвинетите за злоупотреба на службената положба и злосторничко здружување, а за некои дури и крај на судските процеси.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Камбовски: Кривичниот законик нема еден автор, а строгите казни понекогаш се пишуваат под притисок на јавноста
– Се работи за обемни законици, за авторски дела на повеќе автори. Работната група која го подготвува новиот кривичен закон работи веќе три и пол години и во неа има повеќе експерти и сите заедно го подготвуваме – вели Камбовски, кој е дел од авторите на Кривичниот законик и на поранешната држава СФРЈ и на првиот КЗ во Македонија од 1996 година, како и на неговите подоцнежни измени и дополнувања.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Поранешниот британски премиер Борис Џонсон, во својата колумна за The Spectator ја критикуваше британската влада и сојузниците за одложување на испораката на оружје за Украина и повика тоа да се направи што е можно поскоро
*
Целта на Соединетите Држави во Украина е да ја спречат Русија да постигне стратешки успех во нејзината агресија, како и да обезбедат економски, воен и демократски просперитет на украинската држава во иднина
*
Советот на ЕУ донесе одлука за продолжување на санкциите кон физички и правни лица одговорни за поткопување или загрозување на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина за уште шест месеци, до 15 март 2024 година.
.ФЛЕШ ВЕСТИ
СЛУЧАЈ ОНКОЛОГИЈА До овој момент од Клиниката за радиотерапија и онкологија е обезбеден обемен доказен материјал и документација која веќе е предмет на анализа. Дополнително, во тек се распити и на 20-тина пациенти кои до овој момент доброволно се јавија на телефонската линија на Основното јавно обвинителство Скопје за да ѝ помогнат на истрагата со свои сознанија, информираат од ЈО.
ОБСЕ Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, денеска и утре ќе присуствува на годишниот Форум на економската и еколошката димензија на ОБСЕ кој се одржува во Прага, а во рамки на Претседателството на Северна Македонија со Организацијата. Темата на Форумот е „Промовирање на безбедноста и стабилноста во регионот на ОБСЕ преку постигнување одржлив развој и отпорен и инклузивен економски раст“.
ДЕЗИНФОРМАЦИИ ВО ИЗБОРНИОТ ПРОЦЕС По повод Меѓународниот ден на демократијата, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) денеска во Музејот на современа уметност во Скопје организира панел-дискусија „Демократијата на коцка: Справување со дезинформациите како ризик за изборниот процес“, на која ќе се дебатира за лажните вести и дезинформациите и нивното силно влијание врз демократските процеси.
МЕДИУМСКИ СЛОБОДИ Родителите и адвокатите на американскиот новинар Иван Гершкович синоќа потпишаа петиција испратена до Работната група на ОН за произволни задржувања и побараа јавна осуда на неговото апсење во Русија, како и негово итно ослободување.
АЛ-ПРЕС
Редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот –Во Тирана денеска во рамки на Берлински Процес се отвора Министеријалот на министрите за внатрешни работи на Европската Унија и Западен Балкан. Косовскиот премиер Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ денеска (четврток) ќе имаат билатерални средби со шефот на дипломатијата на ЕУ, Јозеп Борел и специјалниот емисар на ЕУ за дијалогот Косово-Србија, Мирослав Лајчак.
АНАЛИЗА
Надежите кои ги полагаат членките на БРИКС алијансата за нова светска валута со која ќе ја прекинат доминација на американскиот долар на глобалните пазари, во моментов реферира со познатата синтагма на пасионираните обложувачи: „Не се клади на мртов коњ“. Новата светска валута и трговската алијанса на БРИКС може да биде мртва уште пред да започне поради несогласувањето, додека американскиот долар се уште се користи во 90% од целата трговија. Смелиот повик од бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва до државите од БРИКС да воспостават заедничка валута беше дочекан со скептицизам, пишува Драган Мишев во анализата „БРИКС: Воведувањето валутна замена за доларот – кладење на мртов коњ“
Претседателот на РС, Милорад Додик, веќе подолго време им создава главоболки на високите меѓубнародни претставници во БиХ, но и на целата меѓународна јавност. Додик е познат по својата безрезервна поддршка на сите ретроградни процеси кои претставуваат закана за иднината на БиХ како и на целиот Западен Балкан и неговата европерспектива. Истовремено, тој е голем поддржувач на рускиот претседател Владимир Путин, како и на неговата воена агресија врз Украина. Секако, оваа „љубов“ е взаемна. Додик ужива голема поддршка од Русија, додека истовремено овозможува БиХ да стане плодна почва за руските наративи и субверзивни дејствија во Западен Балкан. Република Српска стана прибежиште за руските дипломати (читај: шпиони) кои беа протерани од другите европски земји по целосната инвазија на Украина, пишува Драган Мишев во анализата „Босна на Додик – рај за протераните руските дипломати„
АНАЛИТИЧАРИ
Во спорот помеѓу Скопје и Софија, испреплетените историски моменти и интерпретации ги засенуваат суштинските проблеми на граѓаните од двете страни на границата, смета политикологот Иво Ранѓеловиќ. во текстот на Дестан Јонузи „Како се злоупотребуваат емоциите и историјата за политички манипулации?“
МРЕЖА
Санела Шкријељ со порака до „шокираните“ доктори од „контроверзнате“ содржина во прирачникот за образование за животни вештини за средно образование издаден пред една деценија. Еден од „шокираните“ е и Докторот Митов кој беше советник за здравство во владата на Никола Груевски.
СТАВОВИ
Дезинформациските наративи и теории на заговор за „поништување“, „исчезнување“, „уништување“, „разнебитување“, „етноцид“ и (идентитетски) „геноцид“ на македонскиот народ не се нешто ново во македонскиот медиумски простор. Ваквите теории на заговор периодично беа дисеминирани во кризни политички контексти од различни актери. Воскреснување на старо-новите дезинформациски наративи и теории на заговор за „етноцид“ и „геноцид“ врз македонскиот народ е забележливо и во контекст на предложените уставни измени во 2023 година, како услов за продолжување на преговорите со ЕУ, пишува Жарко Трајаноски за дезинформациите за уставните измени во „Наративи за уставни измени: Воскреснување на старите дезинформации и теории на заговори за „геноцид“ и „етноцид“ на македонскиот народ“
Д. Мишев