• Latest

24 ЧАСА: Пендаровски и државниот врв со учество на Генералното собрание на ОН; според Меџити, случајот „Онкологија“ се злоупотребува; засилена руска пропаганда во македонските медиуми

September 18, 2023
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Пендаровски и државниот врв со учество на Генералното собрание на ОН; според Меџити, случајот „Онкологија“ се злоупотребува; засилена руска пропаганда во македонските медиуми

September 18, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Пендаровски и државниот врв работно во САД

Државна делегација предводена од претседателот Стево Пендаровски од денеска до 22 септември ќе учествува на 78. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк. Пендаровски се очекува да има свое обраќање во Генералната дебата на 78. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, што се одржува на тема „Обнова на довербата и повторно стартување на глобалната солидарност: Забрзување на акцијата за Агендата 2030 и нејзините Цели за одржлив развој кон мир, просперитет, напредок и одржливост за сите“.

Во Њујорк е и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, кој во рамките на Генералната дебата на ОН, денескаприсуствуваше на  состанокот на министрите за надворешни работи од државите на Западен Балкан, во организација на вицепремиерот и министер за надворешни работи на Италија, Антонио Тајани. Османи се сретна и со министерката за надворешни работи на ЈАР Греис Наледи Мандиса Пандор со која ќе го потпишат Комуникето за воспоставувањето дипломатски односи со Јужноафриканската Република.

А во САД е и премиерот Димитар Ковачевски, со вицепремиерто за европски прашања Бојан Маричиќ. Ковачевски ќе оствари средби со управниот директор на Светскиот економски форум, Мирек Душек, со управната директорка на Светска банка, Ана Бјерде, како и со заменикот помошник државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар и со специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Луѓето да протестираат, тоа е загарантирано со Уставот на Република Северна Македонија. Јас лично како човек и како министер, мислам дека тоа е најдемократски чин и секој има право да протестира. И јас ги поддржувам ваквите протести. Но, тоа што сакам да напоменам, секогаш, гледаме со случајот „Онкологија“ дека се злоупотребува. Апелирам за дневни политички евтини поенти да не се користат ваквите протест“, изјави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Деокупацијата на Клишчиивка создава мост за понатамошна офанзива на Вооружените сили на Украина. Деокупацијата на Клишчиивка првенствено им овозможува на украинските сили да воспостават контрола над логистичките патишта што ги користат руските трупи за доставување на материјали до привремено заземениот град Бахмут.

*

Канада ќе одвои 24,5 милиони долари за заедничка набавка на одбранбена опрема со Велика Британија за системи за противвоздушна одбрана за Украина, изјави вчера канадскиот министер за одбрана Бил Блер.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕКОНОМИЈА Во маркетите ќе бидат означени цените на производите што ќе поевтинат за 10 проценти и што ќе бидат опфатени со владината одлука што се очекува да биде донесена утре, најави денеска министерот за економија Крешник Бектеши.

РЕГИОН Во Албанија се зголемува бројот на заразени со коронавирус и според Институтот за јавно здравје позитивен резултат е добиен кај 40 отсто од тестираните. Само во последната недела во Албанија се направени 2.000 тестови за Ковид-19, а речиси половина, односно над 900 се позитивни.

СОЦИЈАЛА Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска до крајот на месецот очекува конкретни предлози во однос на пензиите, со фокус на пензионерите со ниски месечни примања.

AL-PRESS

Редакциски избор од албански медиуми: Се бара вклучување на САД во бриселскиот дијалог; можни дополнителни мерки за Косово; во Албанија продолжува мега- операцијата „Темпули“

АНАЛИЗИ

Цивил – Центар за слобода, како организација за човекови права вложува огромни напори за демаскирање на руската пропаганда и дезинформации во Северна Македонија, ги препознава и нотира проруските наративи и пропагандата на Кремљ, при што забележува дека руските пропагандни наративи најдоа плодна почва во македонските медиуми, и, за жал, и покрај големите напори што се вложуваат за разобличување на – про Кремљ наративите кај нас, проруските наративи во македонските медиуми не само што се уште опстојуваат, дури во последно време во одреден дел и земаат замав, пишува во анализата на ЦИВИЛ Мониторинг тимот,  „Засилена руска пропаганда во македонските медиуми во пресрет на гласањето за уставните измени“.

ИНТЕРВЈУ

Интервју со министерот Османи: Уставните измени се неизбежни на патот до ЕУ, Русија не може да биде алтернатива

СЛОБОДНА ЗОНА

“Кога и зошто не разбравме каде е силата во демократијата? Многу ли грешам, ако кажам дека не е до гласот на мнозинството, туку до влијанието на најдобрите и најодговорните, на домаќините. Но, како тоа влијание да стане мнозинско и да не биде надгласувано од есапчиите кои би гласале и за најслабиот во одделението (класот) ако е нашминкан, дотеран, иако знаат дека е обичен „суртук“. Ете, толку знам јас за демократијата на денот кој се нарекува ДЕН НА ДЕМОКРАТИЈАТА. А секое писмо некогаш завршуваше од прилика вака: и ете ти пишав како сум и како живеам, со здравјето сум добро и истото ти го посакувам и на тебе. Поздрави ги сите што ме знаат, а и оние што не ме знаат. До скоро видување, каде и да се случи, на следните избори“, пишува Војо Маневски во „Писмо до боговите и господарите: Не е до гласот на мнозинството, туку до влијанието на најдобрите и најодговорните“.

Подготви: Б. Јордановска

Tags: Генерално Собрание на ОНкоронаонкологијаруска пропаганда
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ