• Latest
Седиштето на ДКСК

24 ЧАСА: Според ГРЕКО,13 од 23 препораки против корупција не се имплеметирани; за Ковачевски датумот за изборите ќе биде одлука на сите партии; осуда за нападот врз болница во Газа

October 18, 2023

Деноноќен терор врз Украина: ПВО е прашање на непосредно спасување животи

August 20, 2026
Зеленски - Вучиќ, Тирана, февруари 2024 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Косово и „двојните стандарди“: Што доби Вучиќ од посетата на Зеленски

August 20, 2026

Опозицијата го даде одговорот, подготвени сме: ДУИ бара итни избори по изјавата на Мицкоски

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026

Дир: ПВО е потребна не „после“, туку пред следниот напад; бројот на убиени цивили расте

August 20, 2026
СУДИР СО РЕАЛНОСТА | Власта се пофали пак, животот остана скап
(илустрација: ChatGPT по концепт на ЦИВИЛ МЕДИА)

На која планета живее власта?

August 20, 2026
Кијив, 20 август 2026 (фото: ДСНС)

Руски терор врз Кијив: Најмалку 12 загинати во масовен ноќен напад со балистички ракети и дронови, оштетена и детска болница

August 20, 2026
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Според ГРЕКО,13 од 23 препораки против корупција не се имплеметирани; за Ковачевски датумот за изборите ќе биде одлука на сите партии; осуда за нападот врз болница во Газа

October 18, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Седиштето на ДКСК

Седиштето на ДКСК

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Северна Македонија на задоволително ниво имплементираше 13 од 23-те препораки содржани во Извештајот за евалуација од петтиот круг, девет се делумно имплементирани и една не е имплементирана, се наведува во вториот извештај за усогласеност на Групата на држави против корупција (ГРЕКО) при Советот на Европа. ГРЕКО заклучува дека Северна Македонија е „во недоволна усогласеност“ со препораките содржани во Извештајот од петтиот круг на евалуација и го поканува шефот на Делегацијата на Северна Македонија да достави извештај за напредокот во имплементацијата на преостанатите препораки што е можно поскоро, но најдоцна до 30 јуни 2024 година.

Единствено неимплементирана, според ГРЕКО, е препораката за анализа на практичната примена на системот на санкции во однос на прекршување на правилата/легислативата за конфликт на интереси, интегритет и антикорупција и обезбедување дека санкциите се ефикасни, пропорционални и одвратувачки.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Датумот на изборите треба да го договорат сите политички партии, а не само две. Датумот на изборите е предмет на дискусија меѓу сите политички партии, а не само на две политички партии. И Изборниот законик и одржувањето на изборите се прави согласно со закон и Устав, согласно со мандати. Оваа година имаме карактеристични избори бидејќи имаме и претседателски и парламентарни избори“, смета премиерот Димитар Ковачевски, кој денеска изјави дека работните групи на партиите треба да го договорат терминот за избори и другите детали во врска со нив.

ВОЈНА ПРОТИВ УКРАИНА

Украина уништи цели на руските аеродроми во окупираните Луганск и Бердијанск со американски ракети со долг дострел.

*

Украинските одбранбени сили ги извршуваат своите јуришни мисии кон градот Бахмут и остварија одредени придобивки во областа на Роботин на оската Мелитопол, соопшти портпаролот на Генералштабот на вооружените сили, Андриј Ковалиов, кој зборуваше во етерот на националниот телетон

ФЛЕШ ВЕСТИ

БЕЗБЕДНОСТ Во европскиот месец на кибер безбедноста – октомври, Народната банка направи брошура за безбедност при користење дигитални финансиски производи и услуги со препораки како граѓаните да се заштитат при користењето на овие услуги, како да ги заштитат своите уреди и своите лични податоци, но и што треба да преземат ако се посомневаат во онлајн измама.

ОДБРАНА Министерката за одбрана, Славјанка Петровска денеска се сретна со директорот на директоратот за одбранбено планирање во Алијансата, Карл Форд кој заедно со неговиот тим учествува на редовните билатерални консултации помеѓу Република Северна Македонија и НАТО- Алијансата.

ИНТЕГРАЦИИ Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска порача дека има многу силна поддршка за европската иднина на државава и изрази надеж дека државава ќе се придвижи напред со усвојување на уставните измени и спроведување на реформите.

ОСУДА Меѓународната заедница го осуди нападот врз болница во Газа.

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор од албански медиуми: Макрон бил погрешно преведен; Албанија и Косово го осудија бомбардирањето на болницата во Газа.

Подготви: Б. Јордановска

 

 

Tags: ГазаГРЕКОДневникизбориУкраина
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ