• Latest
Фото: МИА архива

24 ЧАСА: Владата го повлече од собраниска процедура Предлог-законот за рестриктивни мерки; ЕУ треба да биде движечка сила за Западен Балкан; налепници „NMK“ на таблиците задолжително од 12 февруари

February 2, 2024

Не се „назадни“ жените што бараат пристап, назадни се исмевањето и омразата

June 28, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Вистини

June 28, 2026

Четири часа без мажи и цела држава во паника

June 28, 2026

30 років Конституції України: від Основного Закону до захисту демократичних цінностей

June 28, 2026

30 години од Уставот на Украина: од Основниот закон до заштитата на демократските вредности

June 28, 2026

Уф, како се чувствувам безбедно!

June 27, 2026

Отчет низ розови очила: Статистиката на Тошковски наспроти реалната (не)безбедност и партизацијата на МВР

June 27, 2026

Денот на знамето на Кримските Татари: Кек бајрак, симбол на достоинство, отпор и слобода

June 26, 2026

Претседателска катарза

June 26, 2026
Конференцијата за обнова на Украина, 26 јуни 2026

Украина и во војна се обновува: На конференцијата во Гдањск се очекуваат договори од над 10 милијарди евра, Русија продолжува со напади врз цивилни цели

June 25, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Владата го повлече од собраниска процедура Предлог-законот за рестриктивни мерки; ЕУ треба да биде движечка сила за Западен Балкан; налепници „NMK“ на таблиците задолжително од 12 февруари

February 2, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фото: МИА архива

Фото: МИА архива

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Владата го повлече од собраниска процедура Предлог-законот за рестриктивни мерки од како што наведе административни причини и најави дека ќе го стави на дневен ред на следната седница.

– Предлогот на закон за изменување и дополнување на Законот за рестриктивни мерки, поради изборот на новата влада, административно оди на ново одобрување на наредната владина седница и ќе биде доставен до Собранието на Република Северна Македонија, информираа вчера од Владата.

На 221-та владина седница одржана на 16 јануари, Владата, едногласно, со консензус изрази политичка волја предложените законски измени да ги достави до Собранието.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Денешната (четврток, 1 февруари) одлука на Советот на ЕУ ја покажува важноста на единството и заедништвото. Истите морални принципи кои треба да бидат движечка сила и за Западен Балкан. Во таа смисла, обезбедувањето финансии за Планот за раст на Западен Балкан е голем чекор кон интеграцијата во Европската Унија“, изјави Првиот вицепремиер на Косово, задолжен за евроинтеграции, Бесник Бислими.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Одлуката на Европската унија да додели 50 милијарди евра за Украина испраќа јасен сигнал до Москва дека Европа ќе стои. Сега, Украина чека одлуки од САД, изјави претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за време на традиционалното видео обраќање одржано во четвртокот вечерта.

*

Врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужни ја претстави стратегијата за пораз на Русија: Дизајнот на војната е променет, во 2024 година мораме да ги фокусираме нашите главни напори во три области.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ОДЛУКА Сопствениците на возила, заклучно со 12 февруари годинава мора да извршат промена на ознаката „МК“ на регистарските таблички со новата ознака „NMK“. Налепниците со новата ознака „НМК“ ќе чинат најмногу 50 денари, а ќе можат да се набават во станиците за технички преглед.

СУД Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска вчера одржала работна средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија во земјава, Петра Дрекслер. На средбата станало збор за актуелната состојба со пополнетоста на судиските места, за напредокот кој го направи Уставниот суд во изминатите три години во полето на транспарентноста, ажурното решавање на предмет.

ЕКОНОМИЈА Преку проектот на Светската банка за „Модернизација на плаќањата на Западниот Балкан“, во кој учествува Народната банка, со натамошна дигитализација и поврзување на земјите од регионот во областа на плаќањата, ќе се работи на олеснување на прекуграничното тргување, зголемување на конкурентноста и намалување на трошоците за меѓународните плаќања, кои во моментов се повисоки и до шестпати во однос на земјите од ЕУ.

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор од албански мидиуми: Продолжува руската пропаганда за Косово; Во Албанија се заоструваат критериумите за доделување лиценци за игри на среќа; Албанците во Македонија се „мртов“ политички фактор.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Лажните вести, или поточно дезинформациите и како феномен и како термин, се во хиперинфлација која, од ден на ден, се зголемува. Ниту во практиката, ниту пак во медиумската теорија, а ниту во медиумското право не постои јасен консензус околу прашањето што се подразбира под поимот лажни вести, особено дезинформациите на интернет“, пишува проф. д-р Владимир Пивоваров во „Дезинформациите влијаат врз изборните одлуки и ја креираат општествената и политичката реалност“

„Во редовите на симпатизерите на опозицијата, чии претставници влегоа во неделата во техничката влада на РСМ, како дел од подготовките на парламентарните избори, владее своевидна „шампањизација“. Овој пат со некои домашни видови на пијалак“, пишува Љубомир Костовски во „Планот „Б“ на ВМРО-ДПМНЕ: Хибернација на нашите европски соништа“

„Грците отсекогаш ни давале корпи, така ни било овде судбински балкански, ни дадоа за антиката, ни дадоа за името, ни даваа за пасошите за кај нашето море и се` така со клетите Грци, од нив само корпа до корпа па сепак, за нивен инает еве не` уште сме тука, не` има и тоа од антиката до ден денешен, нели, а може и не баш од антиката зашто и овие сега наши јужни соседи не ќе се баш оттогаш и оттаму, но да се вратам дома кај нашиве дипломатски аматери кои по предизборни политички поени за пасошите со северна се изнаредија кај Грците по корпа и ај што корпата прво си ја доби оној надлежниот што е по надворешни туку, кажано во оваа една реченица, без ронка поука да извлече“, ПО ДОПРЕН ГЛАС вели Зоран Иванов во „Нашата најнова грчка корпа“.

Подготви: Б. Јордановска

Tags: ДневникЕУзаконЗападен Балкан
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ