ВЕСТ НА ДЕНОТ
Застарe уште едно дело за Миле Јанакиевски
Обвинителката Ленче Ристоска, на денешното рочиште за случајот за незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, „Талир“, во Основен кривичен суд Скопје, изврши измена на обвинението поради измените во Кривичниот законик, со која што застарува делото „злоупотреба на службена положба и овластување“ на Миле Јанакиески.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
„Под претпоставка дека 8 мај би бил денот на кој ќе се одржат заеднички претседателските и парламентарните избори, роковите за распишување на изборите ќе бидат на крајот на февруари, 27-28 февруари, а рокот за формирање техничка влада , на крајот на јануари, 27-28 јануари. За да останеме во рамките на законските и уставните рокови. Максимум 90 и минимум 70 денови од распишување на изборите, и врз основа на Пржинскиот договор, 100 дена пред парламентарните избори треба да има техничка влада.“, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери.
ФЛЕШ ВЕСТИ
„ЦРНА ЛИСТА“ Владата подготви иницијатива за промени на законската регулатива за лицата на „црната листа“ и санкции на САД, ОН и ЕУ
СЛУЧАЈ „ОНКОЛОГИЈА“ Членовите на Анкетната комисија за Онкологија на денешната седница не можеа да се усогласат за заклучоците од досегашната работа за утврдување на политичка одговорност.
СКРИНИНГ Денеска на првиот ден од петдневниот билатерален скрининг состанок со Европската Комисија, за усогласеноста на македонското законодавство со европското, што се одржува во Брисел.
ЕКОНОМИЈА Над 400 000 граѓани, пензионери, ученици, студенти, самохрани родители, ќе бидат опфатени со антикризните мерки треба да бидат усвоени утре на седница на Владата, најави денеска на прес конференција вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
АУКЦИЈА Агенцијата за управување со одземен имот денеска од 9 до 12 часот извршува продажба на дел од одземениот недвижен имот на Сашо Мијалков конфискуван во предметот „Империја“.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
И покрај огромните жртви, сепак вредеше ризичната одлука на Украина да го брани Бахмут од масивните руски напади
Сомнежите кои се појавуваат во јавноста за успешноста можностите на украинската контраофанзива Повеќемесечната битка за Бахмут, во источна Украина, беше најдолгата и најкрвавата во војната. Многумина на Запад, вклучително и сојузниците на Украина, ја повикаа таа да се откаже од одбраната на градот. Но, силите на Кијив останаа, и иако тоа беше скапо, на крајот очигледно им се исплатеше.
ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Неуспешен обид на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки да шири лажни вести обидувајќи се да освои ситни политички поени. Последниот негов обид е објавена фотографија од концерт на Лепа Брена и Драгана Мирковиќ од Софија да ја претстави како салата Борис Трајковски во Скопје каде што ќе се одржи Самитот на ОБСЕ.
АЛ-ПРЕС
Редакциски избор од албанските медиуми во регионот: Досега во Косово има документирано 13.535 убиени и исчезнати лица; Експлозија на северот на Митровица; Радоичиќ заминал во Москва, тврди експертот за безбедност; Албанија завршува важен процес на патот кон членството во ЕУ; Опозициската федерација наспроти цинизмот на Реализмот.
СЛОБОДНА ЗОНА
24 ГОДИНИ ЦИВИЛ – Љубомир Костовски, политички аналитичар: Константност и цврстина во програмските определби; Дестан Јонузи, новинар: Честитки до ЦИВИЛ за работата и посветеноста кон човековите права и слободи; Перо Арсовски, актер: Единството, слободите и правата секојдневно се мета на темните сили на фашизмот… Борбата продолжува!; Сотир Костов, политички аналитичар: Џабир Дерала и Цивил како феномени на медиумската и јавна сцена во Македонија; Марјан Забрчанец, комуникациски експерт: Цивил е симбол и суштина за македонската граѓанска слобода; Ненад Јовановиќ, колумнист: ЦИВИЛ е ослободена територија
“Мицкоски продолжува да мудрува: Ако не им се допаѓа, слободно нека ја напуштат и нека одат таму каде што им се допаѓа и нека ги воспеваат симболите на таа држава која повеќе им се допаѓа од Македонија”, пишува Драган Мишев во колумната „Кој тоа таму пее?“
„ВМРО-ДПМНЕ ќе настојува да ја смени преговарачката рамка со ЕУ, невозможна мисија во која и самите не веруваат, нивната партија не ќе вози кон ЕУ и Македонија нема да влегува во сојуз кој не ги дели нивните партиски вредности што и не е ништо ново туку тоа се истите тие стари партиски политики на ВМРО-ДПМНЕ“, пишува Зоран Иванов во колумната „А таму каде што тргнале, Македонија ќе треба да им посака среќен пат“.
„За волја на вистината, се доби впечаток дека провладините функционери со ваквото крстење на Левица, всушност, ја имаат на ум онаа народната „сети се снао“, сметајќи дека Мицковски и екипата имаат некаков капиџик во даден момент да се извлечат од промосковските прегратки.“, пишува Љубомир Костовски во колумната „ПРЕДИЗБОРНА СМОТРА: Лева нога во десен чевел“.
„Длабоко во општеството тлеат сериозни прашања за минатото, сегашноста и иднината. Со децении, интелектуалците, медиумите и граѓанското општество се занимаваат само со површината.“, пишува Џабир Дерала во ЕС-ПРЕССО колумната „Ушите затнати, очите силно затворени“.
„Станува збор за автопат со должина од близу 400 километри на кој на десетина знаци, наместо меѓународно признаената кратенка „MK“, која треба да важи во патната сигнализација, стои кратенката „НMK“ предвидена само за возилата регистрирани во Северна Македонија.“, пишува Драган Мишев во колумната „НМКаменот од блиску доаѓа“.
Подготви: Д. Тахири