Моите први асоцијации кога го споменувам Цивил се слобода на зборот, непристрасност, демократија, мултикултурализам, едукација. Сето ова го препознавам во дејствувањето на оваа организација.
Цивил денес е еден од креаторите на јавното мислење, на она објективно, аргументирано мислење. Секогаш препознаен во борбата против загушување на слободниот говор, препознаен како промотор и заштитник на човековите права.
Она што за мене е особено важно е што во Цивил гледам поддржувач на разноликоста како богатство на нашата заедница. Активностите кои укажуваат дека поделбите по етничка, политичка, родова или некоја друга припадност, не му носат добро на никој во нашата држава, се потврда за тоа.
Во време кога брзо се доаѓа до информација, Цивил го препознавам како штит од говор на омраза, дезинформации, лажни вести.
Честитки Цивил! Потребни сте на сите нас кои се залагаме за слобода, демократија, евроинтеграција!