Општество е целина која во секој миг се менува и како калеидоскоп покажува различни слики. Ако сакаш да го доловиш моментот ќе мора да го сликаш, а ако сакаш да го разбереш ќе мора секој дел од сликата да го гледаш одделно за да ја разбереш целината. Ако затемниш еден дел или како од мозок откорнеш неколку камчиња, сликата нема да биде слика, туку фрагмент. Без разлика колку е мал делот, таа сепак не е целосна.
Буквата И (i) на латиница е составена од едена вертикална црта и точка над неа. Цртата си останува црта, а точката точка, ако не се поставени како што треба. Тогаш, тоа е знак со кој се означува гласот И.
Ете така ја разбирам положбата на граѓанскиот сектор во едно општество. Ако таквата организација се занимава со заштита на правата на поединецот и граѓанинот, тогаш е симбол на неговиот глас и место во заедницата.
Ако таквата улога ја исполнуваш цели 24 години, стануваш не само точка над цртата, туку и капа која ја штити од разни влијанија.
Честита годишнина, Цивил!