• Latest
Масовни гробници пронајдени во Буча, Кијивска област, Украина, март, 2022.

ОН со докази за извршени воени злосторства во Украина, вежбата на Криволак е демонстрација на единство и сојузништво, „Едно општество за сите“ гаранција за стабилноста и безбедоста

May 12, 2022
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ОН со докази за извршени воени злосторства во Украина, вежбата на Криволак е демонстрација на единство и сојузништво, „Едно општество за сите“ гаранција за стабилноста и безбедоста

May 12, 2022 16:43
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Масовни гробници пронајдени во Буча, Кијивска област, Украина, март, 2022.

Масовни гробници пронајдени во Буча, Кијивска област, Украина, март, 2022.

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

ОН документираат докази за воени злосторства во Украина

Обединетите нации имаат докази за извршени воени злосторства во Украина, изјави Високиот комесар на ОН за човекови права, Мишел Башелет, во видео обраќање пред Советот за права со седиште во Женева, кое го објави на Твитер.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Петровска: Она што денеска го видовме и на што бевме сведоци не беше пркос и демонстрација на воена сила, туку демонстрација на нашето единство, обединетост и на нашето сојузништво.

Оваа вежба, истакна Петровска, го дала одговорот на сите лажни вести и хибридни дејства кои имаат за цел нашата армија да ја прикажат како слаба, необучена и неопремена.

ПРАВА НА ДЕЦАТА

Потпишана Декларација за безбедност на децата во собраќајот

По повод 60 години од постоењеto на Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патишта, во Скопје се одржува Стручен собир под мотото „Безбедни деца – безбедна иднина“. Во рамките на оваа манифестација се потпишa Декларација за поголема безбедност на децата во сообраќајот.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Си-Ен-Ен доби видеоод надзорни камери од она што сега се истражува како воено злосторство од страна на украинските обвинители.
Двајцата цивили загинаа по бездушното пукање што е спротивно на таканаречените правила на војната кои го забрануваат пукањето во цивили.

Руските војници ги блокираат излезите од подземните премини во фабриката Азовстал со седиште во Мариупол, но украинските бранители започнуваат контранапади, изјави советникот на градоначалникот на Мариупол Петро Андриушченко на Телеграм.

Финска треба да аплицира за членство во НАТО, се наведува во денешната заедничка изјава на финскиот претседател Саули Нинисто и премиерката Сана Марин, јавуваат британските медиуми. Оваа одлука, што треба да биде одобрена во парламентот, е донесена по рускиот напад на Украина.

Кремљ денеска објави дека чекорот на Финска кон членство во НАТО е „дефинитивно закана за Русија“ и дека проширувањето на северноатлантскиот воен блок нема да го направи светот постабилен. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на прес конференција кажа дека чекорите што ги презема Финска кон НАТО се за жалење и причина за адекватен одговор, пренесуваат британските медиуми.

Фон дер Лајен и во оваа прилика ја посочи Русија како „најдиректната закана“ за меѓународниот поредок, притоа поздравувајќи го „силниот“ одговор на Јапонија на руската агресија врз Украина.

Имаме серија сериозни вести – апсолутно позитивни за нашата одбрана, го започна своето видео обраќање украинскиот претседател Володимир Зеленски.Прво. Претставничкиот дом на Конгресот на САД гласаше за нов и значаен пакет поддршка за нашата држава и глобалната демократија. Речиси 40 милијарди долари. Второто гласање ќе се одржи наскоро во американскиот Сенат. Оваа одлука потоа ќе биде потпишана од Претседателот Бајден и ќе стапи на сила. Благодарен сум му на народот на Америка и на сите наши пријатели во Конгресот и во администрацијата за нивната поддршка.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ОТВОРЕН БАЛКАН Туризмот може да промовира нов имиџ за земјите од Западен Балкан зашто сме опкружени со природни убавини, но потребни ни се инвестиции и треба заедно да работиме за развојот на туризмот, порача генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РЦЦ), Мајлинда Брегу на отворањето на Конференцијата за одржлив развој на туризмот во Тирана.

ВОЕНА ВЕЖБА Претседателот и врховен командант на Вооружените сили, Стево Пендаровски денеска присуствуваше на воената вежба „Брз одговор 22“, која се реализира од 2 до 20 мај на армискиот полигон „Криволак“, а чиј домаќин е нашата земја, пренесува

УКАЖУВАЧИ  Регионална конференција за состојбата со укажувачите се одржа денеска во Скопје, по повод  Светскиот ден на укажувачите,

МЛАДИ Учесниците на регионалната конференција за млади #ThinkForward: YOUth ACTion NOW!, организирана од Делегацијата на ЕУ и Europe House и поддржана од Советот за регионална соработка (RCC) и Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) ќе ја преземат Свечената сала во Владата на Република Северна Македонија за да презентираат решенија на прашања од три области пред премиерот Димитар Ковачевски и членовите на Владата, соопштија од Делегација на ЕУ во земјава

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Во фокусот на ЦИВИЛ: Национализмот и дискриминацијата на локално ниво

ЦИВИЛ организираше панел дискусија на тема национализам и дискриминација на локално ниво. Во најновото издание „Во фокусот“ станува збор за национализмот и дискриминацијата на локално ниво, за првичните резултати од истражувањето на ЦИВИЛ во овие области, како и за други теми и настани. Учеснички и учесници на панелот сбеа Биљана Јордановска, Дијана Тахири и Дехран Муратов од ЦИВИЛ. Модератор на настанот е Џабир Дерала.

Настанот е дел од проектот „Чекор напред кон мултикултурно општество“, финансиран од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.

МУЛТИКУЛТУРА

Дерала за Утрински брифинг: Концептот „Едно општество за сите“ е гаранција за стабилноста и безбедоста за државата

Успешното спроведување на концептот „Едно општество за сите“ е гаранција за стабилноста и безбедоста за државата, изјави Џабир Дерала, ЦИВИЛ, во разговор за Утрински брифинг.

ИЗЈАВИ

Иванов: Кога речиси сите светски лидери се на една страна а само еден е на спротивна страна, тогаш нешто не е во ред со цивилизацијата

Грев е што на Денот на победата, Ден на Европа, ден на нова цивилизација, мислите се навраќаат на инвазијата во Украина како на времето од четириесет и прва година, Хитлер влезе во Париз на идентичен начин, како што сега Москва влезе во Украина, вели Зоран Иванов во однос на прославата на Денот на победата врз фашизмот што се одржа во Москва, на панелот на ЦИВИЛ „Зад димната завеса“.

ДИСТРИКТ

Во Дистрикт на Цивил Прес Студио, интервју на Зоран Иванов со Горан Момироски – новинар, репортер, дописник, уредник, телевизиски водител, аналитичар, полемичар… Зборува за себе, новинарството, политиката, државата, општетсвото.

БРЗА ПОШТА

Емануел Макрон започнува со поход за обединување на Европа, а војната во Украина му е од голема помош.
Странските медиуми пишуваат дека и не е изненадување што првата „надворешна“ посета на францускиот претседател е токму кај Олаф Шолц, германскиот канцелар. Вториот мандат на Макрон започнува со актуелизирање на т.н. „француско-германски“ мотор. Војната во Украина најверојатно оваа средба ќе ја направи успешна со оглед на фактот дека по ова што се случува Германија одлучи да го менува полека правецот на надворешната политика, пижува Сотир Габелоски во текстот „ Макрон во поход за обединување на Европа?“

СЛОБОДНА ЗОНА

Оваа година е тешка за целиот свет и значително се продлабочува економската криза по руската инвазија врз Украина, поради тоа што двете земји се најголемите производители на железна руда и алуминиум. Желбата за власт не престанува кога си во опозиција и на вакви тешки времиња за нашата земја и стопанството. Или пак  ова не е проблем, “кој како знае нека се снајде”, пишува Сафит Зеќири во колумната „Молк до 2024 година!“

 

Д.Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ