ВЕСТ НА ДЕНОТ
ОН документираат докази за воени злосторства во Украина
Обединетите нации имаат докази за извршени воени злосторства во Украина, изјави Високиот комесар на ОН за човекови права, Мишел Башелет, во видео обраќање пред Советот за права со седиште во Женева, кое го објави на Твитер.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Оваа вежба, истакна Петровска, го дала одговорот на сите лажни вести и хибридни дејства кои имаат за цел нашата армија да ја прикажат како слаба, необучена и неопремена.
ПРАВА НА ДЕЦАТА
Потпишана Декларација за безбедност на децата во собраќајот
По повод 60 години од постоењеto на Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патишта, во Скопје се одржува Стручен собир под мотото „Безбедни деца – безбедна иднина“. Во рамките на оваа манифестација се потпишa Декларација за поголема безбедност на децата во сообраќајот.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Си-Ен-Ен доби видеоод надзорни камери од она што сега се истражува како воено злосторство од страна на украинските обвинители.
Двајцата цивили загинаа по бездушното пукање што е спротивно на таканаречените правила на војната кои го забрануваат пукањето во цивили.
Руските војници ги блокираат излезите од подземните премини во фабриката Азовстал со седиште во Мариупол, но украинските бранители започнуваат контранапади, изјави советникот на градоначалникот на Мариупол Петро Андриушченко на Телеграм.
Финска треба да аплицира за членство во НАТО, се наведува во денешната заедничка изјава на финскиот претседател Саули Нинисто и премиерката Сана Марин, јавуваат британските медиуми. Оваа одлука, што треба да биде одобрена во парламентот, е донесена по рускиот напад на Украина.
Кремљ денеска објави дека чекорот на Финска кон членство во НАТО е „дефинитивно закана за Русија“ и дека проширувањето на северноатлантскиот воен блок нема да го направи светот постабилен. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на прес конференција кажа дека чекорите што ги презема Финска кон НАТО се за жалење и причина за адекватен одговор, пренесуваат британските медиуми.
Фон дер Лајен и во оваа прилика ја посочи Русија како „најдиректната закана“ за меѓународниот поредок, притоа поздравувајќи го „силниот“ одговор на Јапонија на руската агресија врз Украина.
Имаме серија сериозни вести – апсолутно позитивни за нашата одбрана, го започна своето видео обраќање украинскиот претседател Володимир Зеленски.Прво. Претставничкиот дом на Конгресот на САД гласаше за нов и значаен пакет поддршка за нашата држава и глобалната демократија. Речиси 40 милијарди долари. Второто гласање ќе се одржи наскоро во американскиот Сенат. Оваа одлука потоа ќе биде потпишана од Претседателот Бајден и ќе стапи на сила. Благодарен сум му на народот на Америка и на сите наши пријатели во Конгресот и во администрацијата за нивната поддршка.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ОТВОРЕН БАЛКАН Туризмот може да промовира нов имиџ за земјите од Западен Балкан зашто сме опкружени со природни убавини, но потребни ни се инвестиции и треба заедно да работиме за развојот на туризмот, порача генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РЦЦ), Мајлинда Брегу на отворањето на Конференцијата за одржлив развој на туризмот во Тирана.
ВОЕНА ВЕЖБА Претседателот и врховен командант на Вооружените сили, Стево Пендаровски денеска присуствуваше на воената вежба „Брз одговор 22“, која се реализира од 2 до 20 мај на армискиот полигон „Криволак“, а чиј домаќин е нашата земја, пренесува
УКАЖУВАЧИ Регионална конференција за состојбата со укажувачите се одржа денеска во Скопје, по повод Светскиот ден на укажувачите,
МЛАДИ Учесниците на регионалната конференција за млади #ThinkForward: YOUth ACTion NOW!, организирана од Делегацијата на ЕУ и Europe House и поддржана од Советот за регионална соработка (RCC) и Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO) ќе ја преземат Свечената сала во Владата на Република Северна Македонија за да презентираат решенија на прашања од три области пред премиерот Димитар Ковачевски и членовите на Владата, соопштија од Делегација на ЕУ во земјава
ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ
Во фокусот на ЦИВИЛ: Национализмот и дискриминацијата на локално ниво
ЦИВИЛ организираше панел дискусија на тема национализам и дискриминација на локално ниво. Во најновото издание „Во фокусот“ станува збор за национализмот и дискриминацијата на локално ниво, за првичните резултати од истражувањето на ЦИВИЛ во овие области, како и за други теми и настани. Учеснички и учесници на панелот сбеа Биљана Јордановска, Дијана Тахири и Дехран Муратов од ЦИВИЛ. Модератор на настанот е Џабир Дерала.
Настанот е дел од проектот „Чекор напред кон мултикултурно општество“, финансиран од Министерството за надворешни и европски прашања на Големото Војводство Луксембург.
МУЛТИКУЛТУРА
Дерала за Утрински брифинг: Концептот „Едно општество за сите“ е гаранција за стабилноста и безбедоста за државата
Успешното спроведување на концептот „Едно општество за сите“ е гаранција за стабилноста и безбедоста за државата, изјави Џабир Дерала, ЦИВИЛ, во разговор за Утрински брифинг.
ИЗЈАВИ
Иванов: Кога речиси сите светски лидери се на една страна а само еден е на спротивна страна, тогаш нешто не е во ред со цивилизацијата
Грев е што на Денот на победата, Ден на Европа, ден на нова цивилизација, мислите се навраќаат на инвазијата во Украина како на времето од четириесет и прва година, Хитлер влезе во Париз на идентичен начин, како што сега Москва влезе во Украина, вели Зоран Иванов во однос на прославата на Денот на победата врз фашизмот што се одржа во Москва, на панелот на ЦИВИЛ „Зад димната завеса“.
ДИСТРИКТ
Во Дистрикт на Цивил Прес Студио, интервју на Зоран Иванов со Горан Момироски – новинар, репортер, дописник, уредник, телевизиски водител, аналитичар, полемичар… Зборува за себе, новинарството, политиката, државата, општетсвото.
БРЗА ПОШТА
Емануел Макрон започнува со поход за обединување на Европа, а војната во Украина му е од голема помош.
Странските медиуми пишуваат дека и не е изненадување што првата „надворешна“ посета на францускиот претседател е токму кај Олаф Шолц, германскиот канцелар. Вториот мандат на Макрон започнува со актуелизирање на т.н. „француско-германски“ мотор. Војната во Украина најверојатно оваа средба ќе ја направи успешна со оглед на фактот дека по ова што се случува Германија одлучи да го менува полека правецот на надворешната политика, пижува Сотир Габелоски во текстот „ Макрон во поход за обединување на Европа?“
СЛОБОДНА ЗОНА
Д.Мишев