• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Британската влада не поддржува српска енклава во Косово, САД гарантираат дека ниту еден договор нема да го загрози суверенитетот

February 1, 2023
ПОСЛЕДНИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ПОТПИС | Александар Вучиќ, 27 септември 2026 (фото: ФБ / Александар Вучиќ)

Србија пред избори: Вучиќ во трка за премиер, студентите со сопствена листа, опозицијата во повеќе колони

September 30, 2026
Олешки, Украина, 2026

Олешки на работ на хуманитарна катастрофа: Глад, блокада и пропаганда под руска окупација

September 30, 2026
Урсула фон дер Лајен - Христијан Мицкоски, октомври 2025

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје: Мицкоски нуди дијалог, ЕУ останува на условот за уставни измени

September 30, 2026

(ИНФОГРАФИК) Двете точни бројки на Мицкоски и контекстот што го менува заклучокот

September 30, 2026

Пендрекот може да ја растури тезгата на Бит-пазар, но не и сиромаштијата

September 30, 2026

Невести бегалки или нови структури: Политиката зад банкарството

September 30, 2026
Кијив, 30 септември 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Ракети и 188 дронови, меѓу загинатите и дете

September 30, 2026

Бабин Јар, 85 години подоцна: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
Одеса, 29 септември 2026 (ДСНС)

Деноноќен руски терор врз Украина: Напади врз Кијив, Одеса, енергетика, железница, домови и цивилна инфраструктура

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Инфлацијата навистина е пониска од европската, но што премолчува Мицкоски?

September 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Британската влада не поддржува српска енклава во Косово, САД гарантираат дека ниту еден договор нема да го загрози суверенитетот

February 1, 2023 11:31
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Договорот помеѓу Косово и Србија е и понатаму жешка тема во албанските медиуми во Косово, во Албанија од денеска стапува на сила новата судска карта – пет Апелациони судови се спојуваат во еден, во главниот град – ова се дел од темите од изборот на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

КОХА: Британската влада потврдува дека не поддржува српска енклава во Косово

„Пратеничката во британскиот парламент, Алиша Кернс, изјави дека чувствува поголема олеснување додека Владата на Обединетото Кралство потврди дека не го поддржува создавањето на српска енклава во Косово преку Асоцијацијата (Заедницата).

Таа го соопшти ова во реакција на Твитер, додека сподели моменти за време на дебата на британскиот парламент со владата, за прашањето за Западен Балкан, со посебен акцент на прашањето за Косово, со француско-германскиот предлог.“, пренесе  косовскиот дневник Коха.

ЗЕРИ: Силна гаранција на Ховениер за Косово, аналитичарите со различни мислења за позицијата на САД во дијалогот

Амбасадорот на САД во Косово, Џеф Ховениер, во вторникот рече дека САД го поддржуваат спроведувањето на сите обврски кои произлегуваат од разговорите меѓу Косово и Србија, но не поддржуваат ниту еден договор што го загрозува суверенитетот, независноста, мултиетничкиот карактер или демократските институции на Косово.

„Пораката на американскиот амбасадор  беше многу јасна, многу концизна и беше многу надежна. Тоа е порака која нуди гаранции за Косово, за политичката елита и за граѓаните на Косово. За оваа иницијатива што веќе ја презедоа и се чини дека се сериозни во однос на неа, но вложуваат и време, моќ и енергија за да комуницираат со граѓаните за нејзината природа“, вели аналитичарот и правник, Бардул Хасанпапај.“, пренесува косовскиот медиум Зери.

ТОП ЧАНЕЛ: Од денеска стапува на сила новата судска карта , само еден Апелационен суд во Албанија, 32 илјади досиеја во постапка

„Во Албанија  денеска стапува на сила новата судска карта , каде пет Апелациони судови се спојуваат во еден, во главниот град.

Од 21.000 нерешени предмети во Апелација на Тирана, уште 11.000 од другите општини  е се додадени на „залихата“, со што бројот на нерешени предмети се искачи на 32.000.“, пренесе албанскиот медиум Топ Чанел.

АЛБЕУ -Објавена студија: Албанците немаат доверба во институциите

„Центарот за проучување на демократијата и владеењето во Албанија,  денеска го објави Барометарот за безбедност и јавна перцепција кон правдата и корупцијата.

Над 40 отсто од испитаниците тврделе дека состојбата со корупцијата останала иста во последните 12 месеци, додека над 25 отсто од нив изјавиле дека состојбата се влошила и дека сега има повеќе корупција од порано.“, пренесува албанскиот медиум Албеу.

ПАНОРАМА: „Идолот САД“, и зошто демократијата ни е проблем?!

„САД и помагаат на Албанија во некои од главните реформи, каде Правдата го зазема главното место и името на Америка е еднаквост со спомнување на религија во нас. Но, Америка  помага  повеќе апстрактно. За сè, секој поединец, општество, структура, зборува за американскиот демократски модел, каде што секој амбасадор има моќ на морален гувернер.

А сепак, нивните официјални пораки како- борба без компромиси за елиминација на корупцијата, дека за унапредување на правата, но и на обврските што се очекуваат од земјите членки на НАТО и ЕУ, зајакнување на владеењето на правото, систематски, наидуваат на глуви уши.“, извадок од колумната „Идолот САД“, и зошто демократијата ни е проблем?!, од Бен Андони, објавена во Панорама.

Д. Тахири


Сите права се задржани.

Tags: Албанијаалбански медиумиЗаедницаизборКосоворегионСрбиЦивил Медиа
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ