• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Досието на Мекгонигал за Албанија е посериозно од врската со Дерипаска, 50 милиони долари поддршка за сајбер безбедноста во Албанија

February 7, 2023

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Досието на Мекгонигал за Албанија е посериозно од врската со Дерипаска, 50 милиони долари поддршка за сајбер безбедноста во Албанија

February 7, 2023 12:35
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Покрај известувањата за катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија, во албанските медиуми од регионот во последните дваесет и четири часа преовладуваат содржини со уште поголем интензитет во врска со аферата „Мекгонигал“, како и веста за 50 милиони долари поддршка од САД за сајбер одбрана во Албанија. Во прилог е изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот со уште неколку други теми.

ШЕКУЛИ: Активноста на Мекгонигал во Албанија, посериозна од врската со Дерипаска

„Досието „Мекгонигал“ се состои од две прашања. Првото е за неговите  услуги кон рускиот олигарх Олег Дерипаска, второто за патувањата и средбите во Албанија, Косово, Босна итн.

Досието за Дерипаска доби најголемо внимание во американските медиуми, но поранешен агент на ФБИ за Си-Ен-Ен изјави дека досието за Албанија е уште посериозно. Бидејќи во случајот со Албанија, ФБИ беше искористено од странски интереси за истрага на американски државјанин, како што е лобистот Ник Музин.“, пренесува албанскиот медиум Шекули.

ФАКС ВЕБ: САД со 50 милиони долари поддршка за сајбер одбрана на Албанија

„50 милиони долари поддршка за сајбер одбрана. Ќе го зајакнеме овој сектор, ова е почеток на помошта и ова не е целосниот износ.  Нападите допрва  ќе бидат закана, нема да исчезнат, нема магичен прав да ги снема.“, изјави американската амбасадорка во Албанија , Јури Ким, пренесе албанскиот медиум Факс Веб.

АЛБЕУ: Спасувачката екипа од Албанија пристигнува во Турција

„Екипата за пребарување и спасување и здравствена помош испратена од албанската држава пристигна во Турција.  Веста за доаѓањето на албанскиот тим во Турција ја соопшти премиерот Еди Рама, којпреку објава на Фејсбук ја објави фотографијата неколку минути пред да се симне на терен и да почне со работа.“, пренесе албанскиот медиум Албеу.

ДУКАЃИНИ: Владата на Косово го одобри барањето на Турција, испраќа контингент на КБС во регионите погодени од земјотресот

„Владата на Република Косово преку електронска седница ја одобри одлуката за испраќање на контингентот на КБС (Косовски безбедносни сили), според барањето на Министерството за одбрана на Република Турција, за хуманитарна помош во регионите погодени од земјотресот во Турција“, се наведува во соопштението на Владата на Косово до медиумите, пренесе  косовскиот медиум Дукаѓини.

СУРИ НЕТ: О Лајчак, Косово не може да прифати да стане Чехословачка од 1938 година

„Се сеќавате ли на 30 септември 1938 година, кога Адолф Хитлер, Бенито Мусолини, францускиот премиер Едуар Даладиер и британскиот премиер Чемберлен го потпишаа „Минхенскиот пакт“, договор со кој се запечати судбината на Чехословачка, основање и предавање на „Германската асоцијација“ во Чехословачка на Германија. Треба да се подвлече дека и оваа „едноетничка Заедница“ се прави  во „име на миротворството“.“, извадок од колумната „О Лајчак, Косово не може да прифати да стане Чехословачка од 1938 година“, од авторот Гезим Мекули, објавена во косовскиот дневник Сури Нет.

Д. Тахири

Tags: Албанијаалбански медиумиземјотресКосовоМекгонигалподдршкарегионСАДсајбер безбедносттурција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ