• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Поранешниот албански министер за одбрана Медиу, на судење за „Грдец“; 10 дена исклучување од собрание за 8 пратеници од ДП; Косово на европско- американската агенда

February 9, 2023

25 години климатски промени: Како планетата станува потопла, а животот во градовите сè потежок

October 14, 2026

Избори во Србија: Притисоци, инциденти и сомнежи за поткуп и “фантомски гласачи“

October 14, 2026
Кијив, 14 октомври 2026

Руски ракетен терор врз домовите и електраните: Четворица загинати во Кијив, стотици илјади без струја по руските напади

October 14, 2026
Зеленски - Трамп во Овалната соба, 28 јули 2026

Occupy Democrats: Зеленски го прозва Трамп поради стопирањето на предупредувањата за руските ракетни напади

October 14, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години: Кој и колку добива од рекордните профити?

October 14, 2026

Груби излезе од куќен притвор, пасошот останува одземен – судењето за „Лотарија“ продолжува

October 14, 2026

Четворица загинати во Харкив, балистички ракети врз Кијив – рускиот терор продолжува и по најавеното примирје

October 13, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Се снајде на туѓа сметка

October 13, 2026
Михаил Звинчук, аеродром Шереметјево, Москва, 11 октомври 2026

(ДОСИЕ @RYBAR) Звинчук се врати во Москва: „Рибар“ најавува продолжување на активностите на Балканот – се открива улогата на руските разузнавачки служби и „Ростех“

October 13, 2026
Ива Михаилова (фото извор: МРТ)

Случајот „Ива Михаилова“: Меѓу правото на лекување, бегството од правдата и политичкото профитерство

October 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Поранешниот албански министер за одбрана Медиу, на судење за „Грдец“; 10 дена исклучување од собрание за 8 пратеници од ДП; Косово на европско- американската агенда

February 9, 2023 11:31
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Големата експлозија во фабрика за демонтирање муниција во Грдец, во близина на Тирана, што се случи пред 15 години и во која  животот го загубија 26 лица, меѓу кои и деца, е повторно во фокусот на албанските медиуми, односно, судењето на поранешниот министер за Одбрана, Фатмир Медиу за злоупотреба на службената должност, а албанското собрание исклучи 8 пратеници од Демократската Партија на 10 дена. Ова се само дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги избра за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

БАЛКАН ВЕБ: Експлозијата во Грдец пред 15 години: На поранешниот министер за одбрана му се суди, Обвинителството истражува и трговија со муниција

„Во Албанија, Специјалното обвинителство денеска соопшти дека го извело на суд случајот на поранешниот министер за одбрана Фатмир Медиу, за експлозијата што се случи во Грдец пред 15 години, притоа соопштувајќи дека е регистрирано уште едно кривично дело, со сомнение за „Корупција“ и „Перење пари“ во случајот со тогашните постапки што ги следеше Министерството за одбрана за продажба на муниција на две странски компании. Но, во случајот се уште нема обвинети.“, пренесува албанскиот медиум Балкан Веб.

ТВ КЛАН: 8 пратеници од  ДП се исклучени на 10 дена

„Комисијата за гласање и етика на 10 дена ги исклучи од работата на Собранието и пленарните седници во понеделник и четврток 8-те пратеници од опозицијата Лучијано Бочи, Албана Вокши, Ервин Салијањи, Газмент Барди, Луан Бачи, Ина Жупа, Тритан Шеху и Бледион Налбати.“, пренесе албанскиот медиум ТВ КЛАН.

КОХА: Косово е главна тема на европско-американската агенда

„Очекуваниот договор меѓу Косово и Србија во четврток ќе биде на дневен ред на дискусиите на шефовите на држави на Европската унија и законодавците на Европскиот парламент, додека денеска ќе се разговара и за Заедницата на општините со српско мнозинство. во резиденцијата на амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Џефри Ховениер.“, пренесува косовскиот дневник КОХА.

ЈАВА ЊУЗ: Зошто вреди повторното отворање на досието на Грдец од страна на правдата?

„Одењето пред Судот е сериозен исчекор во креирањето на стандардот на казнување и воспоставувањето правда за една болна и трагична приказна, предизвикана од државната корупција и заробувањето на државата од семејството на премиерот.

Но, зошто правичното судење за Грдец е од извонредно значење за Албанија?

Петнаесет години по трагедијата, сега ги знаеме последиците од неказнивоста. Ако ги анализирате, јасно се разбира дека неказнивоста на сторителите на трагедијата во Грдец произведе своевидна трагедија не само за жртвите од Грдец, туку и за албанската политика и правда.“, извадок од колумната „Зошто вреди повторното отворање на досието на Грдец од страна на правдата?“, од Меро Базе, објавена во албанскиот дневник ЈАВА ЊУЗ.

БОТА СОТ – Страшно: Ако се случи земјотресот на Косово, куќите се без никакви критериуми, голема трагедија

„Последниот земјотрес во Турција и Сирија со фатални последици, во потрага по жртви и преживеани се уште во урнатини го шокираше светот. Тежок настан, трагедија за целото човештво. Поаѓајќи од ова, помислив на високите згради во Косово, изградени без никакви критериуми и кои може да бидат фатални за оние што живеат таму во случај на земјотрес.“, извадок од колумната „Страшно: Ако се случи земјотресот на Косово, куќите се без никакви критериуми, голема трагедија“, од Фатон Мехмети, објавена во косовскиот дневник БОТА СОТ.

Д. Тахири


Сите права се задржани. 

Tags: АЛ-ПРЕСалбаснки медиумиГрдецЕУизбористрагаКосовообвинителствоСАДФатмир Медиу
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ