• Latest
Професор д-р Марјан Ѓуровски/Фотгорафија: Б. Јордановска

Ѓуровски: Украинскиот народ ја води и нашата битка за слобода, демократија и цивилизациски вредности

March 4, 2023
epa08176355 Results of vote during plenary session on BREXIT vote of the European Parliament in Brussels, Belgium, 29 January 2020. Britain's withdrawal from the EU is set for midnight CET on 31 January 2020, with the European Parliament scheduled to vote on the Brexit Withdrawal Agreement.  EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Според студија на ЕУ, застапеноста на жените во европскиот парламент е намалена во однос на изборите во 2029 година

June 7, 2025

Косовските пратеници ниту по 28-ми пат не успеаа да формираат парламентарен состав

June 7, 2025

Владата отвора директна телефонска линија за барањата и потребите на повредените во пожарот во Кочани

June 7, 2025

Во Газа Курбан Бајрам се одбележа под урнатини, без храна и под Израелски напад во кој загинаа 42 лица

June 7, 2025

Трамп го повика Врховниот суд да дозволи масовни отпуштања во Министерството за образование

June 7, 2025
По Дејтонскиот договор - кантонизација на БиХ

Пирс: Во Босна и Херцеговина, оружјето секогаш ѕвечка и тоа треба внимателно да се следи, Додик отиде во спротивна насока

June 7, 2025
Харкив, 25 мај 2024

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Најголем руски напад со дронови го погоди Харкив, најмалку три лица загинати меѓу кои и новороденче

June 7, 2025
Пожар што избувна по нападот со руски дрон во предградието на Харкив, Украина, преку ноќ на 26 мај 2025 година. Фото: Државна служба за вонредни ситуации

Масовен руски напад врз Украина неколку дена по нападите на воздушните бази

June 7, 2025

ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција

June 6, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Москва е подготвена да му даде азил на Маск ако затреба поради расправијата со Трамп

June 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА ГОДИНИ НА ХЕРОИЗМОТ

Ѓуровски: Украинскиот народ ја води и нашата битка за слобода, демократија и цивилизациски вредности

March 4, 2023 11:00
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ГОДИНИ НА ХЕРОИЗМОТ, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Професор д-р Марјан Ѓуровски/Фотгорафија: Б. Јордановска

Професор д-р Марјан Ѓуровски/Фотгорафија: Б. Јордановска

Share on FacebookShare on Twitter

„Сочувствуваме со страдања на народот во Украина и како земја членка на НАТО целосна ја осудуваме руската воена агресија која го наруши меѓународното право, прифатените општи принципи на мир и европски вредности на демократија и стабилност. Не можеме да ја одредиме иднината на Украина во Брисел, Вашингтон или Лондон. За ова треба решава официјален Киев како што и го правите со носење на храбри одлуки. Ние како земја членка на НАТО заедно со нашите сојузни, стоиме зад Украина, јасната заложба и одлучност за зачувување на територијалниот интегритет и суверинитет на Украина“, изјави професор д-р Марјан Ѓуровски, од Институтот за безбедност, одбрана и мир при Филозофскиот факултет на УКИМ на вчерашната конференција „Украина – година на хероизмот“.

Во продолжение целосното излагање на професорот Ѓуровски:

Во клучни и тешки моменти за македонските граѓани во минатото, Украина, како држава, значајно ни помогнавте и за тоа искажуваме голема благодарност и никогаш не ја забораваме тогаш подадената рака од Ваша страна.

Република Северна Македонија како дел од НАТО е членка на антивоената коалиција и сите ги браниме правата на самоопределување, слободно и независно живеење за цела Европа. Зошто во Украина се бранат токму европските принципи на сите нас. Нашата држава и македонските граѓани со украинскиот народ делат исти вредности и тие не смее да бидат поразени со воена агресија која се надевавме дека е дел од историјата.  Употребата на мерки и механизми од минатиот Век кои доведоа до војна од Руската федерација на европскиот континент и агресија на независна и суверена држава ја поттикна потребата од дебата и дилема кај секој граѓанин вклучително во академската заедница дали треба да се преиспитаат или надградат некои од постојните концепти на меѓународен план и дома.

На едно ниво, оваа војна е дефинитивно колонијална војна, особено кога се гледа како Русија се обидува да ја врати својата позиција во Украина. Јас, Вие, сите во оваа сала денеска, а верувам и надвор од неа не постои човек кој не е против војна. Тоа ме прави силен дека современите вредности на живеење не се поразени, но после толку загинати, милиони бегалци кои ги напуштија своите домови постои дилема и сеуште постојат луѓе кои се одлучуваат да шепотат низ ходниците или да мрморат во своите кругови и да се прашуваат која страна е во право во војната во Украина или пак дека сме одбрале страна и решаваме белосветски проблеми додека нашата држава крварела како што велат некои. Зарем постои страна во оваа војна? Зарем постои избор кога станува збор меѓу војната и мирот

Падна големиот руски мит дека Украина и Киев ќе се освојат за петнаесет дена. Се сеќаваме дека специјална руска операција требаше да заврши за 72 часа. Големата руска армија не ја извојува победата во изминатите 12 месеци. Значи, нема дилема дека Украина ќе ја зачува својата територија. Украина има силна волја да ги ослободи своите територии, секако со западна помош. Не се работи само за оружје, зошто Украина добива финансиска помош секој месец. Русија ќе се обиде да предизвика нови кризи во Европа, како и на Балканот, а да се дефокусира европското политичко внимание. Сега сме далеку од мирно решение за воената агресија на Русија врз Украина. И, на тој начин ќе имаме еден замрзнат конфликт на европскиот континент малку подолг период.

Најважно е на почетокот, но и сега, да не дојде до директен воен конфликт меѓу Русија и Северно-атлантската алијанса, бидејќи тоа ќе значи нова светска војна. Воедно, сите тие воени судири што се на територијата на Украина, не би смеело да се прелеат на соседните држави. Почитувани Дами и Господа, Дали Европа можеше да направи сѐ за да не дојде до војна во Украина? Дали Европа се обиде да преговара и преговара, па макар и 1.000 години, за да не се војува ниту еден ден?! Сега кога конфликтот е во ек, и знаеме дека насилството раѓа насилство, кој воопшто ќе ги помири страните и кога?!

И Украинците, но и Русите во наредните 10 години најмалку ќе имаат нормален живот или барем не онаков каков што имале. Ни европските народи во блиска иднина нема да имаат  живот онаков каков што имаа, а за се ова виновен е рускиот претседател, но одговорноста за европскиот континент треба да се побара и кај европските лидери. Војната во Украина ја трансформира Европската унија. Дури и ако војната во Украина заврши утре, нема да има вистински мир во Европа. Само оваа енергетска криза ќе трае најмалку уште две години. Украинската војна го промени погледот на сите нас кон светот. Следните неколку години меѓународните односи ќе бидат обликувани од два фактора: геополитиката и владеење на правото.

Украинската војна ќе ја зајакне геополитичката Европа, но дали и демократската и либерална Европа. Но многу е важно што не успеа планот на рускиот претседател Путин да ги подели Европејците и да го ослабне американското присуство и влијание. Руската инвазија на Украина ја промени политичката географија на Европа, поместувајќи го центарот на гравитација на исток. Централна Европа доби ново значење и поделбата Исток-Запад доби нова инкарнација. Не треба дополнително да се раслојува македонското национално и општествено ткиво зошто и така се поделени по политичка основа.

Добро е што релевантните политички партии се со единствен став за актуелната руска агресија врз Украина и овде нема простор за домашен политички мегдан. Нема потреба од нова поделба на русофили и русофоби – тоа е лажна дилема како резултат од синдромот од минатото, папочната врска и рецидиви од службите од пред македонската независност. Денес да се изјаснуваш меѓу војната и мирот и неразумно. Економската безбедност на државата е пред сериозни предизвици и истата може да биде сериозно загрозена доколку навремено не се справуваме сите со обидите за ширење на лажни вести, хибридни закани, асиметрични против законски активности и координирано делување како на безбедносно-разузнавачката заедница, така и власта и бизнис заедницата. Воените случувања и состојбата во регионот и нашето опкружување отвара голем број на „прозорци на можности„ кои се користат против нашите интереси.

На Западниот Балкан во моментов веројатно не му се заканува нова војна со тешко вооружување и опрема како што тоа го гледаме во Украина. Но Балканот и Република Северна Македонија се втурнати во хибридна војна каде сме таргетирани за поттикнување на изолирани безбедносни инциденти и политичка дестабилизација на повеќе држави во регионот поради отворените прашања во регионот. Денес не може да се исклучи можност за руско иницирање нови кризи.

Денес ние на Балканот имаме сериозен проблем со малите Путиновци кои се меѓу нас и претставуваат проблем и покрај тоа што се најсилни зад тастатурата на компјутерот, но делуваат и пошироко просторот на социјалните мрежи. Според одредени проценки во претстојниот период ќе се обиде Руската федерација да отвори бројни политички и безбедносни прашања и на Балканот и во Европа, и на тој начин да го дефокусира вниманието.

Состојбата во Босна и Херцеговина е толку комплицирана што сеуште постои страв дека може да биде Балканското буре барут. Победата на европските сили во Босна и Херцеговина е добра вест за Балканот, но проблемот останува бидејќи преку Република Српска е подотворена вратата за руски продор и влијание. Црна Гора и бројните политички непознаници таму создаваат неизвесност иако таа држава е земја членка на НАТО. Косово не е оправдување за како велат грешната политика на меѓународната заедница, и барање оправдување за ова што денес ни се случува. Косово не е монета за поткусурување и од нејзе треба да изградиме стабилна држава со која сите економски ќе соработуваме без политички таа тема по потреба се злоупотребува.

Во однос на победата на Украина, да продолжи и да се зголеми воената помош во вооружување и опрема на САД, Велика Британија и другите западни земји за Киев. За на крајот, да победат западните европски демократски вредности. За жал со оружје, но на крајот, Украина е таа што ја брани сопствената територија“ Какви сценарија ни престојат:

  • Нова длабока воена офанзива;

  • Долга војна со тенденција на замрзнат конфликт;

  • Европска војна –Русија со НАТО;

  • Дипломатско решение;

  • Промени во Русија од внатре.

Во вакви услови на неизвесност најважно е враќањето на САД на Балканот и нивниот проактивен однос кон отворените прашања Украина и украинскиот народ во изминатите 365 дена водат и наша битка за слобода, демократски и цивилизациски вредности. Ние на Балканот заедно со Западните земји членки на коалицијата треба да ја платиме цената за изборот да живееме во цивилизацискиот модел.

Камера: Атанас Петровски/ Александар Ризински
Реализација и монтажа: Ариан Мехмети

Print Friendly, PDF & Email
Tags: „Украина – година на хероизмот“ЕУконференцијаМарјан ЃуровскиНАТОРусијаСеверна МакедонијаУкраина
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • РЕАКЦИИ: „Ако не влеземе во ЕУ, Коридорите 8 и 10 никогаш нема да се завршат“; „Ако му одговара на НАТО, со Британците ќе се завршат и Коридорите“

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ