• Latest

(ИЗБОР) Албански медиуми: Албанската Централна изборна Комисија одлучува која ДП ќе биде регистрирана, судењето на поранешниот министер за одбрана Медиу се откажа, корупцијата и организираниот криминал во Албанија главен проблем

March 9, 2023

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК AL-PRESS

(ИЗБОР) Албански медиуми: Албанската Централна изборна Комисија одлучува која ДП ќе биде регистрирана, судењето на поранешниот министер за одбрана Медиу се откажа, корупцијата и организираниот криминал во Албанија главен проблем

March 9, 2023 11:18
in AL-PRESS, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Главна точка на дневниот ред на седница на албанската Централна изборна комисија (ЦИК) ќе бидат барањата за регистрација на двете групи на Демократската партија, судењето на поранешниот  министер за одбрана Фатмир Медиу, за случајот „Грдец“, не се одржа поради негово отсуство, а според најновиот извештај на Фридом Хаус, во Албанија најголем проблем е корупцијата и организираниот криминал.

Ова се дел од изборот на темите на  редакцијата на ЦИВИЛ Медиа  од албанските медиуми во регионот.

РТШ: ЦИК денеска ги регистрира партиите, се одлучува која ПД ќе биде регистрирана, на Алибеај или на Бериша

„Државниот комесар за избори Илирјан Челибаши се очекува во денеска ( четврток, 9 март) да одлучи за регистрацијата на некои партии на локалните избори на 14 мај.

Главниот фокус ќе биде на барањата за регистрација на двете групи на ПД, едната на Сали Бериша, познат како „Ритемелими“, а другата на Енкелејд Алибеај, кој е познат како официјален претставник.

Судирот меѓу нив за да ја водат ДП доведе до прашањето која групација ќе ја претставува најголемата опозициска партија.“, пренесе албанскиот државен медиум РТШ.

ТВКлан: Судењето на Фатмир Медиу за случајот „Грдец“ не се одржа

„Немањето обвинители во судницата е причината за одложување на прелиминарното рочиште за досието „Грдец“. Тие најавија дека се во странство поради работни причини.

Ниту обвинетиот во овој процес Фатмир Медиу не се појави пред црните одреди. Во просторијата беа само адвокатите и судот го одложи рочиштето за 23 март во 14:00 часот.

Судијката Ирена Ѓока мора да одлучи дали Фатмир Медиу ќе биде предмет на судска постапка или не.“, пренесе албанската ТВКлан.

Албеу – Фридом Хаус: Слободата во светот, пад 17 години по ред/ Во Албанија проблем со корупцијата и организираниот криминал

„Ејми Слиповиц, од организацијата Фридом Хаус, во разговор за Гласот на Америка рече дека Албанија не бележи никаква промена од минатото. „Од позитивната страна, слободата на вероисповед и слободата на собир се генерално почитувани области. Има области кои можат да се подобрат. Политичките партии се многу поларизирани, а корупцијата и организираниот криминал сè уште остануваат сериозни проблеми“, рече таа.“, пренесе албанскиот медиум Албеу.

Телеграфи: Се очекува денеска Советот на министри на ЕУ да ја одобри либерализацијата на визите за Косово

„На денешниот дневен ред на седницата на Советот на министри на Европската унија ќе биде  одобрувањето во прво читање на визната либерализација за Косово.“, пренесе косовскиот дневник Телеграфи.

РТВ 21- Слобода во светот: Косово меѓу земјите со најголеми подобрувања

„Во најновиот извештај на организацијата Фридом Хаус за слободата во светот, Косово е на третото место на листата по подобрувањата на ова поле.“, пренесува косовската РТВ21.

БалканВеб:„Југословенската тајна служба покажала интерес за антизогистичка емиграција, конзулот во Бари добил 4.000 златници“/ Досие на УДБ за албанскиот политички егзил

„Српско-словенечко-хрватската влада и југословенската разузнавачка служба покажаа голем интерес за албанската емиграција, особено онаа во Италија. Тогашниот југословенски конзул во Бари (1926 г.), добил 4.000 златници за помош на албанската емиграција. Во тоа време југословенските агенти започнаа строга пропаганда да ги убедат албанските емигранти да ја прифатат месечната помош што ја нуди Белград, за да ги врзат за себе.“, извадок од анализата „Југословенската тајна служба покажала интерес за антизогистичка емиграција, конзулот во Бари добил 4.000 златници“/ Досие на УДБ за албанскиот политички егзил“  во рубриката „Досие“ на Балкан Веб.

Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Албанијаалбански медиумивизиГрдецизборКосоволиберализацијарегионФатмир МедиуФридом ХаусЦИК
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result