• Latest

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Законот за данок на солидарност по скратена постапка; двајца пратеници од ДУИ ја напуштија пратеничката група, мнозинството непроменето; почна објаснувачкиот скрининг за кластерот 5

July 18, 2023

24 ЧАСА: Започна дводневната обука на 364 кандидати за пожарникари; Недоветни навивачи пукаа со куршуми на омраза на нашите сограѓани Албанци, ама нè погодија сите, реагира Силјановска Давкова; Нетанјаху сака „целосно освојување“ на Газа

August 5, 2025

Започна дводневната обука на 364 кандидати за пожарникари – дел од нив наредната недела ќе бидат вклучени во гаснење на пожари со помал ризик

August 5, 2025
Фатмир Битиќи (фото: А. Мехмети / ЦИВИЛ)

Трибините – огледало на политиката

August 5, 2025

Трагична тепачка ноќеска во Психијатриската болница Бардовци – осуден убиец усмрти друго лице

August 5, 2025

Партијата на Додик ја отфрла пресудата на Судот на Босна и Херцеговина, повикува на „влада на национално единство“

August 5, 2025
Богојески „му држи грб“ на Мицкоски додека го осудува националистичко скандирање на дел од навивачите во Куманово

Богојески го оправдува националистичкото скандирање во Куманово: Mакедонските навивачи стануваат жртва на лов на вештерки, само затоа што имаат љубов кон Македонија!

August 5, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Мицкоски од дрвото не може да ја види шумата

August 5, 2025
Фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Спортот заложник на национализмот

August 5, 2025
Фото: Фејсбук на Стојанче Ангелов

ДЗС: Почна обуката на 400 кандидати кои се јавија на владиниот јавен повик за превенција од пожари

August 5, 2025
Фото: МИА архива

Холандија ќе испорача оружје во вредност од 500 милиони евра на Кијив, вклучувајќи и ракети „Патриот“

August 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Законот за данок на солидарност по скратена постапка; двајца пратеници од ДУИ ја напуштија пратеничката група, мнозинството непроменето; почна објаснувачкиот скрининг за кластерот 5

July 18, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Собранието го поддржа донесувањето на законот за данокот на солидарност по скратена постапка

Со 62 гласа „за“, еден воздржан и ниту еден против, Собранието денеска, во рамки на 120. седница, го поддржа донесувањето на законот за данок на солидарност по скратена постапка.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Двајца пратеници од ДУИ ја напуштија пратеничката група на оваа партија во Собранието, потврди денеска координаторот на пратеничката група на ДУИ, Арбр Адеми. Жалиме што преку медиуми сме информирани дека наши двајца пратеници го избрале овој пат. Тие добро биле третирани од ДУИ, носеле високи позиции и институционална одговорност и имале доверба во ДУИ за да бидат на таа институционална одговорност, така што за причините за нивното самоотстранување од ДУИ треба нив да ги прашате. Но, во мнозинството не се менува ништо, бидејќи без овие пратеници оваа Влада беше изгласана и оваа владина програма беше изгласана. Така што на истите тие бројки што сме биле пред и во моментот на формирањето на оваа Влада, на истите тие бројки сме и сега. Само изразуваме жалење за сето ова што се случува, а за причините треба да се прашаат нашите колеги, изјави Адеми.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Според потврдени податоци на ОН, од почетокот на целосната руска инвазија на Украина, загинале околу 9.300 цивили, а повеќе од 16.300 се повредени, во моментов низ светот има повеќе од 6,3 милиони Украинци  бегалци , а се проценува дека 5,1 милион се внатрешно раселени, додека поради континуираниот недостаток на хуманитарен пристап до областите под контрола на Русија, околу 3,7 милиони луѓе се лишени од многу потребната помош.

ФЛЕШ ВЕСТИ

АНТИКОРУПЦИЈА САД, како еден од најважните стратешки партнери на Северна Македонија, ја поддржува интеграцијата на државата во ЕУ и двете земји во наредните пет години ќе работат на заеднички проект чија цел е зачувување на финансиските интереси и стабилност на финансискиот систем преку поголема ефикасност на институционалните капацитети во наплатата на приходи, подобрување на услугите и сузбивање на корупцијата, соопшти денеска Царинската управа.

СКРИНИНГ МЗШВ го почна објаснувачкиот скрининг за кластерот 5 – „Ресурси, земјоделство и кохезија“ во Брисел. Како што соопшти, според скрининг агендата, македонската делегација ќе го следи објаснувачкиот скрининг до 20 јули.

ЧОВЕКОВИ ПРАВА Членовите на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Ромите (ИППГ) денеска одржаа работна средба во Собранието.

КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ Светот мора да се подготви за поинтензивни топлотни бранови, предупредија денеска Обединетите нации, бидејќи северната хемисфера се приближува до максималните температури.

АЛТЕРНАТИВА Претставници на Алтернатива од сите ограноци и членови на Централен одбор одржаа прес-конференција во Тетово за да изразат незадоволство и забелешки, за како што рекоа, неуспехот на раководството во исполнувањето на партиските задачи од последниот одржан конгрес.

ВАЈМАРСКА ГРУПА Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска се сретнаа со Ана Лирман, министерка за Европа на Сојузна Република Германија, Лоренс Бун, државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Француската Република и Шимон Шинковски вел Сенк, министер за европски прашања на Република Полска.

ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Во пресрет и за време на Самитот, руската пропаганда го нападна информативниот простор со фалсификати и манипулации за да ја поткопа довербата меѓу партнерите, дистрибуирајќи дезинформација дека најпопуларните британски изданија го игнорираа Самитот на НАТО и учеството на украинскиот претседател Володимир Зеленски на него.

АЛ-ПРЕС

Вчерашната средба помеѓу специјалниот пратеник на ЕУ за дијалогот Србија – Косово, Мирослав Лајчак и косовскиот премиер Албин Курти на вчерашната средба во Грција имале конструктивна средба на која разговарале за напредокот на деескалацијата на северот на Косово и спроведувањето на Дијалогот. Во Албанија,споре д археолошките истражувања на швајцарскиот универзитет во Берн,  палафитната населба Лини во Поградец е најстарата во Европа, и е стара над 8.500 години.

Овие теми се дел од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

ИНТЕРВЈУ

Со Стојановиќ разговаравме за состојбите во затворскиот систем, во периодот додека не бил на таа функција, за безбедноста на затворите, тековната состојба на проекти кои во негово отсуство се делумно или не се завршени. Стојановиќ во интервјуто за ЦИВИЛ Медиа даде осврт и на значењето на пробицијата, како иднина на затворскиот систем.

Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Тараври, во интервјутo за ЦИВИЛ Медиа, истакна дека за уставните измени ќе се најде решение до почетокот на септември.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Civil MK (@civilmedia.mk)

АНАЛИЗИ

Реџеп Таип Ердоган направи голем чекор оваа недела за да ги загрее односите со Западот, во брз политички пресврт што доаѓа во време кога турскиот претседател бара решенија за долгата и влошена економска криза во земјата. Само неколку часа пред да пристигне на Самитот на НАТО во Вилнус, тој го нападна Стокхолм затоа што не направил доволно за да го спречи тероризмот… а таму следеше свртување од 360 степени, пишува Драган Мишев во анализата „Економската криза во Турција го поттикна Ердоган да се сврти кон Запад“.

*

Претставници на турската, босанската и ромската заедница за Фронтлајн велат дека единствениот пат за просперитет на Северна Македонија е тој кон Европската Унија. Велат дека што поскоро треба да се гласаат неопходните уставни измени, за воведување на бугарската заедница и на некои други заедници во Преамбулата на Уставот, пишува Дестан Јонузи во анализата „Турците, Бошњаците и Ромите се за интеграција: Пратениците на етничките заедници да го напуштат бавниот воз на Мицкоски“.

*

„Вратите на НАТО се отворени за Украина“ – овие зборови постојано ги кажуваа генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и лидерите на земјите кои се членки на најмоќната одбранбена и политичка организација во светот. Сепак, Украина ќе може да се приближи до овие врати дури откако ќе заврши војната со Русија. Руската Федерација беше невидливо присутна во главниот град на Литванија, иако сите претставници на НАТО негираа и продолжуваат да го негираат нејзиното влијание врз одлучувањето. Сепак, премиерите и претседателите на земјите-членки на НАТО не можеа да го игнорираат фактот на најголемата руско-украинска војна во светот во дваесет и првиот век, инаку ќе станеа мета на разорни критики на нивните противници, се вели во анализата „НАТО Самит со продолженија“ на Јевхен Махда од Институтот за светска политика

СЛОБОДНА ЗОНА

Но треба да се има предвид дека да победеше Никола Груевски на изборите 2016 и да формираше Влада, рудникот Иловица досега ќе почнеше да работи. Секако, соодветно на тогаш воспоставената пракса, ќе имаше лопати и сечења на ленти, говори и самофалби, но протести, сигурно немаше да има. Напротив, ќе имаше многу насобран народ кој ќе аплаудираше и ќе даваше изјави во стилот „благодарни сме на Владата и премиерот што ни овозможи работни места и високи плати…“, пишува Љубиша Николовски во колумната „Да беше Груевски на власт, рудникот Иловица веќе ќе работеше“

Д. Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Tags: АЛ-ПРЕСанализиВестиВојна во Украинаизјавиинтервјуколумни
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ