• Latest

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Предлогот за уставни измени стигна во Собрание; плодна дискусија и натпартиски консензус за евроинтеграцијата на државата; крај на огромните каматни стапки и должничкото ропство кај граѓаните

July 19, 2023
Фото: ССМ

ССМ: Нема достоинствена работа без достоинствени плати

October 7, 2025

Скопје домаќин на меѓународна конференција за одбрана на демократијата, зајакнување на отпорноста, заштита на демократските институции и изборните процеси (целосна програма)

October 7, 2025
Фото: Топ чанел

Убиство во судница во Тирана: Судија Калаја застрелан, три лица уапсени

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Во тек се преговори за прекин на огнот во Газа, додека Израел одбележува годишнина од терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври

October 7, 2025

„Една песна, една Европа“: Кога музиката ги брише границите меѓу ЕУ и Западен Балкан

October 7, 2025
Ерол Ризаов

Простаклукот на предизборната кампања

October 7, 2025
фото: МВР

Пукање и судир со полициско возило во потера по осуденици на отпуст од Идризово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук на Орхан Муртезани

Муртезани: Нема да има предвремени избори – ВМРО и ВЛЕН владеат, ДУИ само се заканува

October 7, 2025

Од јануари целосно автоматизирано пријавување на новороденчиња со проектот „е-бебе“

October 7, 2025
Илустрација ВИ

До 10 октомври е рокот за пријавување болни и немоќни лица до ОИК за гласање на локалните избори

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДЕНОТ НА ДЛАНКА: Предлогот за уставни измени стигна во Собрание; плодна дискусија и натпартиски консензус за евроинтеграцијата на државата; крај на огромните каматни стапки и должничкото ропство кај граѓаните

July 19, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Првото гласање за уставните измени ќе биде на 18 август, Комисијата за уставни прашања ќе заседава од 25 јули

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, го прими Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Северна Македонија со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Северна Македонија, чиј предлагач е Владата и тој е веднаш доставен до пратениците и со оваа постапка почнуваат да течат временските рокови предвидени со Уставот и Деловникот на Собранието.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Премиерот Димитар Ковачевски очекува околу уставните измени да има плодна дискусија, конструктивна расправа и оти ќе има натпартиски консензус за продолжување на европската интеграција на државата. „Ние сме мултиетничко мултипрофесионално општество кое што е пример за Европа во мало. И сметам дека нашите 120 пратеници на број во Собранието ќе имаат и визија, ќе имаат и доблест и храброст да донесат одлука која што ќе значи европска интеграција на државата и пред се обезбедување на подобра европска иднина за сегашните и за идните генерации“,.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Воените аналитичари не успеаја да го предвидат точното темпо на украинската контраофанзива против руските трупи за инвазија поради непредвидливата реалност на војната, вели генералот Марк Мили, претседател на началникот на здружениот генералштаб на САД – Додека Украина ја продолжува својата контраофанзива, се потсетуваме дека вистинската војна не е војна на хартија.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПРАВДА Управниот судија М.Ш. денеска е осуден на пет години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување.

ЗАПЛЕНА Акциите запленети од предметот „Империја“ што се во сопственост на поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, во наредните пет дена ќе бидат ставени на аукција на берза.

ИПА ФОНДОВИ  Се гради експресниот пат Градско – Дреново, станува збор за современ експресен пат – со мостови, клучки, надвозници, подвозници, одводнување, во должина од 15,5 километри, што е финансиран, во најголем дел, со пари од европските ИПА фондови.

АПСЕЊЕ Утрово се уапсени неколку лица членови на политичката партија ДУИ, меѓу нив е и Исмет Гури кој неодамна беше осуден а казна затвор од три и пол години за изборни нерегуларности во предмет на Специјалното јавно обвинителство.

СОФТВЕР За жал и покрај јавните објави и деманти од страна на ОТА, продолжува трендот на манипулирање на јавноста со свесно креирање и објавување на невистинити содржини од страна на политички центри на моќ и нивно пласирање во дел од медиумите, реагираат од ОТА.

ЧОВЕКОВИ ПРАВА Според извештаите на Амнести Интернешнл, иранската морална полиција ги прогонува жените што не носат хиџаб. Полицијата најави патроли за оние кои „инсистираат да ги кршат нормите“.

ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Во пресрет и за време на Самитот на НАТО во Вилнус, руската пропаганда го нападна информативниот простор со фалсификати и манипулации за да ја поткопа довербата меѓу партнерите. Една од овие дезинформации и манипулации е дека Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг е разочаран од резултатите од украинската контраофанзива на југот.

АЛ-ПРЕС

Во Брисел денеска ќе се одржи средба помеѓу двајцата главни преговарачи меѓу Косово и Србија, Бесник Бислими и Петар Петковиќ, а на дневен ред ќе биде спроведувањето на Договорот од 27 февруари. Според Балкански барометар, Албанија бележи рекорд на корупција во 2023 година. Ова се дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ –ПРЕС.

ГОВОР НА ОМРАЗА

Пораките „Чиста Македонија“ и „Смрт за шпони“ веќе извесен период го „красат“ ѕидот на Домот на културата „Кочо Рацин“ во центарот на Скопје. На „културњаците“ очигледно не им пречат ваквите „мирољубиви“ пораки и затоа можеби не ги бришат. Ваквиот говор на омраза не соодвествува со пораките и заложбите на Рацин кои се однесуваат претежно за социјална правда, работнички права и љубов, пишува Дехран Муратов во „Говорот на омраза посилен од атомска бомба“

ПОЛИТИЧКИ ОК КОРАЛ

Предлогот за пристапување кон измена на Уставот, чиј предлагач е Владата е доставен до пратениците и со оваа постапка почнуваат да течат временските рокови предвидени со Уставот и Деловникот на Собранието. Премиерот Ковачевски очекува дека околу уставните измени ќе има плодна дискусија, конструктивна расправа и оти ќе има натпартиски консензус за продолжување на европската интеграција на државата, за Мицкоски предлогот е неприфатлив и тотално неразумен.

АНАЛИЗИ

Со измените во Законот за облигациони односи и Законот за извршување кој го изгласаа пратениците во собранието, казнената камата нема да може да биде поголема од долгот, а дополнително, се скратува и рокот за застареност од 10 на 5 години од правосилноста на одлуката. Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Левица не гласаа за овие законски измени, пишува Соња Танеска во анализата „Ќе ги „спасат“ граѓаните и од постапките за извршување кои се во тек, само ВМРО-ДПМНЕ и Левица не гласаа за законските измени за казнена камата“

*

Парламентарно мнозинство ги усвоија измените на Законот за извршување, со кои оној момент кога износот на каматата ќе го достигне главниот долг на кредитот, тука застанува., пишува Дестан Јонузи во анализата „Измени на Законот за извршување: Крај за должничките ропства под извршителите и брзите кредити“

*

Екстремните топлотни бранови во Европа, Северна Америка и Азија соборија рекорди во градовите околу северната хемисфера помалку од две недели откако Земјата ги забележа, како што велат научниците, најверојатно нејзините најжешки денови во модерната историја, пишува Драган Мишев во анализата за климатските помени „Топлотните бранови зафатија 3 континенти, додека Земјата ги бележи најжешки денови во модерната историја“

СЛОБОДНА ЗОНА

Прашањето е како какви историјата ќе ги запише некои од оваа генерација пратеници, а одговорот е многу прост штом може да се даде само во една реченица , пишува Зоран Иванов по допрен глас во текстот „Кажано во една реченица алтернативата е назад во прегратките на негаторска Софија“

*

Една заедница може да се нарече држава кога ги има трите обележја: територија, народ (жители) и суверена власт. Без еден од овие три дела нема држава, или таа заедница е дел од друга дефиниција која не е за пофалба – неуспешна држава, пишува Војо Маневски во колумната „Во име на народот“.

Д. Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Tags: анализиВестиВојна во Украинаизјавиколумниполитика
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ