ВЕСТ НА ДЕНОТ
Првото гласање за уставните измени ќе биде на 18 август, Комисијата за уставни прашања ќе заседава од 25 јули
Претседателот на Собранието, Талат Џафери, го прими Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Северна Македонија со насоки за изменување и дополнување на Уставот на Република Северна Македонија, чиј предлагач е Владата и тој е веднаш доставен до пратениците и со оваа постапка почнуваат да течат временските рокови предвидени со Уставот и Деловникот на Собранието.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
Премиерот Димитар Ковачевски очекува околу уставните измени да има плодна дискусија, конструктивна расправа и оти ќе има натпартиски консензус за продолжување на европската интеграција на државата. „Ние сме мултиетничко мултипрофесионално општество кое што е пример за Европа во мало. И сметам дека нашите 120 пратеници на број во Собранието ќе имаат и визија, ќе имаат и доблест и храброст да донесат одлука која што ќе значи европска интеграција на државата и пред се обезбедување на подобра европска иднина за сегашните и за идните генерации“,.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Воените аналитичари не успеаја да го предвидат точното темпо на украинската контраофанзива против руските трупи за инвазија поради непредвидливата реалност на војната, вели генералот Марк Мили, претседател на началникот на здружениот генералштаб на САД – Додека Украина ја продолжува својата контраофанзива, се потсетуваме дека вистинската војна не е војна на хартија.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ПРАВДА Управниот судија М.Ш. денеска е осуден на пет години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување.
ЗАПЛЕНА Акциите запленети од предметот „Империја“ што се во сопственост на поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков, во наредните пет дена ќе бидат ставени на аукција на берза.
ИПА ФОНДОВИ Се гради експресниот пат Градско – Дреново, станува збор за современ експресен пат – со мостови, клучки, надвозници, подвозници, одводнување, во должина од 15,5 километри, што е финансиран, во најголем дел, со пари од европските ИПА фондови.
АПСЕЊЕ Утрово се уапсени неколку лица членови на политичката партија ДУИ, меѓу нив е и Исмет Гури кој неодамна беше осуден а казна затвор од три и пол години за изборни нерегуларности во предмет на Специјалното јавно обвинителство.
СОФТВЕР За жал и покрај јавните објави и деманти од страна на ОТА, продолжува трендот на манипулирање на јавноста со свесно креирање и објавување на невистинити содржини од страна на политички центри на моќ и нивно пласирање во дел од медиумите, реагираат од ОТА.
ЧОВЕКОВИ ПРАВА Според извештаите на Амнести Интернешнл, иранската морална полиција ги прогонува жените што не носат хиџаб. Полицијата најави патроли за оние кои „инсистираат да ги кршат нормите“.
ДЕЗИНФОРМАЦИИ
Во пресрет и за време на Самитот на НАТО во Вилнус, руската пропаганда го нападна информативниот простор со фалсификати и манипулации за да ја поткопа довербата меѓу партнерите. Една од овие дезинформации и манипулации е дека Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг е разочаран од резултатите од украинската контраофанзива на југот.
АЛ-ПРЕС
Во Брисел денеска ќе се одржи средба помеѓу двајцата главни преговарачи меѓу Косово и Србија, Бесник Бислими и Петар Петковиќ, а на дневен ред ќе биде спроведувањето на Договорот од 27 февруари. Според Балкански барометар, Албанија бележи рекорд на корупција во 2023 година. Ова се дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ –ПРЕС.
ГОВОР НА ОМРАЗА
Пораките „Чиста Македонија“ и „Смрт за шпони“ веќе извесен период го „красат“ ѕидот на Домот на културата „Кочо Рацин“ во центарот на Скопје. На „културњаците“ очигледно не им пречат ваквите „мирољубиви“ пораки и затоа можеби не ги бришат. Ваквиот говор на омраза не соодвествува со пораките и заложбите на Рацин кои се однесуваат претежно за социјална правда, работнички права и љубов, пишува Дехран Муратов во „Говорот на омраза посилен од атомска бомба“
ПОЛИТИЧКИ ОК КОРАЛ
Предлогот за пристапување кон измена на Уставот, чиј предлагач е Владата е доставен до пратениците и со оваа постапка почнуваат да течат временските рокови предвидени со Уставот и Деловникот на Собранието. Премиерот Ковачевски очекува дека околу уставните измени ќе има плодна дискусија, конструктивна расправа и оти ќе има натпартиски консензус за продолжување на европската интеграција на државата, за Мицкоски предлогот е неприфатлив и тотално неразумен.
АНАЛИЗИ
Со измените во Законот за облигациони односи и Законот за извршување кој го изгласаа пратениците во собранието, казнената камата нема да може да биде поголема од долгот, а дополнително, се скратува и рокот за застареност од 10 на 5 години од правосилноста на одлуката. Пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Левица не гласаа за овие законски измени, пишува Соња Танеска во анализата „Ќе ги „спасат“ граѓаните и од постапките за извршување кои се во тек, само ВМРО-ДПМНЕ и Левица не гласаа за законските измени за казнена камата“
*
Парламентарно мнозинство ги усвоија измените на Законот за извршување, со кои оној момент кога износот на каматата ќе го достигне главниот долг на кредитот, тука застанува., пишува Дестан Јонузи во анализата „Измени на Законот за извршување: Крај за должничките ропства под извршителите и брзите кредити“
*
Екстремните топлотни бранови во Европа, Северна Америка и Азија соборија рекорди во градовите околу северната хемисфера помалку од две недели откако Земјата ги забележа, како што велат научниците, најверојатно нејзините најжешки денови во модерната историја, пишува Драган Мишев во анализата за климатските помени „Топлотните бранови зафатија 3 континенти, додека Земјата ги бележи најжешки денови во модерната историја“
СЛОБОДНА ЗОНА
Прашањето е како какви историјата ќе ги запише некои од оваа генерација пратеници, а одговорот е многу прост штом може да се даде само во една реченица , пишува Зоран Иванов по допрен глас во текстот „Кажано во една реченица алтернативата е назад во прегратките на негаторска Софија“
*
Една заедница може да се нарече држава кога ги има трите обележја: територија, народ (жители) и суверена власт. Без еден од овие три дела нема држава, или таа заедница е дел од друга дефиниција која не е за пофалба – неуспешна држава, пишува Војо Маневски во колумната „Во име на народот“.
Д. Мишев