• Latest
Претставници на ЦИВИЛ и неколку редакции на интернет медиуми во просториите на Слободен печат, 6 август 2020 (Фото: Слободен печат/Драган Митрески)

(РЕПРИНТ, 6 август 2020) Слободен печат за ЦИВИЛ: Борбата против лажните вести и говорот на омраза продолжува и по изборите (ФОТО)

August 6, 2023
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
Фото: crimea-platform.org

Крим под руска окупација: Политички прогон, милитаризација на децата и борба за деокупација во фокусот на самитот во Њујорк

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Божиновска бара извинување и најавува суд, СДСМ бара истрага за набавката на броила

September 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

(РЕПРИНТ, 6 август 2020) Слободен печат за ЦИВИЛ: Борбата против лажните вести и говорот на омраза продолжува и по изборите (ФОТО)

August 6, 2023 16:57
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, КОНТЕКСТ, МЕДИУМИ, ТОП 5
Претставници на ЦИВИЛ и неколку редакции на интернет медиуми во просториите на Слободен печат, 6 август 2020 (Фото: Слободен печат/Драган Митрески)

Претставници на ЦИВИЛ и неколку редакции на интернет медиуми во просториите на Слободен печат, 6 август 2020 (Фото: Слободен печат/Драган Митрески)

Share on FacebookShare on Twitter

Во контекст на континуираните заложби и напори да се откријат и разобличат дезинформациите и говорот на омразата во јавната комуникација, и да потсети на потребата од соработка и меѓусебна поддршка меѓу медиумите и граѓанските организации, редакцијата го извлече од својата богата архива прилогот на Слободен печат, објавен на денешен ден, пред три години (6 август 2020). Текстот од Слободен печат го пренесуваме во целост:

„Денеска во просториите на редакцијата на „Слободен печат“ невладината организација Цивил одржа тематски брифинг за новинарите, на кој се зборуваше за борбата против лажните вести и говорот на омраза во период по завршувањето на предвремените парламентарни избори во земјава кои се одржаа на 15 јули“, пишува Слободен печат, а делови пренесе ЦИВИЛ Медиа.

Во текот на денешниот настан свое обраќање имаше и основачот и раководител на Цивил Медиа, Џабир Дерала, како и Дехран Муратов и Билјана Јордановска.

Џабир Дерала, ЦИВИЛ (Фото: Слободен печат/Драган Митрески)

Главна тема на дискусијата беше борбата против лажните вести и дезинформациите кои се шират на социјалните мрежи, како и чекорите кои оваа организација ги презема во врска со тоа, а како основни проблеми со кои се соочуваат се посочени неколку точки, како злоупотреба на моќ, лажни вести и дезинформации, говор на омраза, пропаганда, странско влијание и сајбер војна во време на избори.

Токму Цивил Медиа како акредитиран набљудувач го следеше и овој изборен процес, а како што истакна и Џабир Дерала, изборите за оваа организација всушност се уште не се завршени.

Дехран Муратов, ЦИВИЛ (Фото: Слободен печат/Драган Митрески)

– Како акредитирани набљудувачи на изборите, за нас тие завршуваат најмалку шест недели по изборниот ден. Наша задача е да ги анализираме сите извештаи кои стигнуваат во текот на изборниот процес, вклучувајќи го и периодот од предизборната кампања.  На самиот ден на изборите имавме рекордна ниска бројка на пријави, што е добар знак, но тоа сепак е трицифрена бројка од 430 пријави – истакна Џабир Дерала.

Од она што можевме да го слушнеме во врска со борбата против лажните вести е дека токму по иницијатива на Цивил, веќе неколку Фејсбук страници кои ширеле дезинформации за изборите, се  блокирани или избришани.

Биљана Јордановска, ЦИВИЛ (Фото: Слободен печат/Драган Митрески)

Покрај константната борба против шиењето на неточни информации и дезинформации, членовите на Цивил го истакнаа значењето на почитувањето на Европските вредности, како и иницијативата за создавање на „Зелено движење на Македонија“, како движење кое би функционирало на начин на кој тоа треба да изгледа според сите европски рамки и стандарди.

Слободен печат

Tags: граѓанско општестводезинформацииМедиумисоработкаЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ