• Latest

24 ЧАСА: Стапуваат на сила измените на Кривичниот законик; строгите казни понекогаш се пишуваат под притисок на јавноста; за10 отсто пониски цени за над 50 основни прехранбени производи

September 14, 2023
Фото: ССМ

ССМ: Нема достоинствена работа без достоинствени плати

October 7, 2025

Скопје домаќин на меѓународна конференција за одбрана на демократијата, зајакнување на отпорноста, заштита на демократските институции и изборните процеси (целосна програма)

October 7, 2025
Фото: Топ чанел

Убиство во судница во Тирана: Судија Калаја застрелан, три лица уапсени

October 7, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Во тек се преговори за прекин на огнот во Газа, додека Израел одбележува годишнина од терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври

October 7, 2025

„Една песна, една Европа“: Кога музиката ги брише границите меѓу ЕУ и Западен Балкан

October 7, 2025
Ерол Ризаов

Простаклукот на предизборната кампања

October 7, 2025
фото: МВР

Пукање и судир со полициско возило во потера по осуденици на отпуст од Идризово

October 7, 2025
Фото: Фејсбук на Орхан Муртезани

Муртезани: Нема да има предвремени избори – ВМРО и ВЛЕН владеат, ДУИ само се заканува

October 7, 2025

Од јануари целосно автоматизирано пријавување на новороденчиња со проектот „е-бебе“

October 7, 2025
Илустрација ВИ

До 10 октомври е рокот за пријавување болни и немоќни лица до ОИК за гласање на локалните избори

October 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Стапуваат на сила измените на Кривичниот законик; строгите казни понекогаш се пишуваат под притисок на јавноста; за10 отсто пониски цени за над 50 основни прехранбени производи

September 14, 2023 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Денеска стапуваат на сила измените на Кривичниот законок

Од денеска стапуваат на сила измените на Кривичниот законик, кои ќе значат поблаги казни за дел од обвинетите за злоупотреба на службената положба и злосторничко здружување, а за некои дури и крај на судските процеси.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Камбовски: Кривичниот законик нема еден автор, а строгите казни понекогаш се пишуваат под притисок на јавноста

– Се работи за обемни законици, за авторски дела на повеќе автори. Работната група која го подготвува новиот кривичен закон работи веќе три и пол години и во неа има повеќе експерти и сите заедно го подготвуваме – вели Камбовски, кој е дел од авторите на Кривичниот законик и на поранешната држава СФРЈ и на првиот КЗ во Македонија од 1996 година, како и на неговите подоцнежни измени и дополнувања.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Поранешниот британски премиер Борис Џонсон, во својата колумна за The Spectator ја критикуваше британската влада и сојузниците за одложување на испораката на оружје за Украина и повика тоа да се направи што е можно поскоро

*

Целта на Соединетите Држави во Украина е да ја спречат Русија да постигне стратешки успех во нејзината агресија, како и да обезбедат економски, воен и демократски просперитет на украинската држава во иднина

*

Советот на ЕУ донесе одлука за продолжување на санкциите кон физички и правни лица одговорни за поткопување или загрозување на територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина за уште шест месеци, до 15 март 2024 година.

.ФЛЕШ ВЕСТИ

НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ Цените на над 50 основни прехранбени производи, од кои 90 отсто се даночат со ДДВ од 5 отсто, ќе се намалат за минимум 10 отсто од наредната среда, потврди денеска министерот за економија Крешник Бектеши по средбата со претставници на осум синџири на маркети што се одржа во Министерството за економија на која присуствуваа директорот на Државен пазарен инспекторат Горан Трајковски и претставници на Стопанската комора.

СЛУЧАЈ ОНКОЛОГИЈА До овој момент од Клиниката за радиотерапија и онкологија е обезбеден обемен доказен материјал и документација која веќе е предмет на анализа. Дополнително, во тек се распити и на 20-тина пациенти кои до овој момент доброволно се јавија на телефонската линија на Основното јавно обвинителство Скопје за да ѝ помогнат на истрагата со свои сознанија, информираат од ЈО.

ОБСЕ Министерот за надворешни работи и претседавач со ОБСЕ, Бујар Османи, денеска и утре ќе присуствува на годишниот Форум на економската и еколошката димензија на ОБСЕ кој се одржува во Прага, а во рамки на Претседателството на Северна Македонија со Организацијата. Темата на Форумот е „Промовирање на безбедноста и стабилноста во регионот на ОБСЕ преку постигнување одржлив развој и отпорен и инклузивен економски раст“.

ДЕЗИНФОРМАЦИИ ВО ИЗБОРНИОТ ПРОЦЕС По повод Меѓународниот ден на демократијата, Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) денеска во Музејот на современа уметност во Скопје организира панел-дискусија „Демократијата на коцка: Справување со дезинформациите како ризик за изборниот процес“, на која ќе се дебатира за лажните вести и дезинформациите и нивното силно влијание врз демократските процеси.

МЕДИУМСКИ СЛОБОДИ Родителите и адвокатите на американскиот новинар Иван Гершкович синоќа потпишаа петиција испратена до Работната група на ОН за произволни задржувања и побараа јавна осуда на неговото апсење во Русија, како и негово итно ослободување.

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот –Во Тирана денеска во рамки на Берлински Процес се отвора Министеријалот на министрите за внатрешни работи на Европската Унија и Западен Балкан. Косовскиот премиер Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ денеска (четврток) ќе имаат билатерални средби со шефот на дипломатијата на ЕУ, Јозеп Борел и специјалниот емисар на ЕУ за дијалогот Косово-Србија, Мирослав Лајчак.

АНАЛИЗА

Надежите кои ги полагаат членките на БРИКС алијансата за  нова светска валута со која ќе ја прекинат доминација на американскиот долар на глобалните пазари, во моментов реферира со познатата синтагма на пасионираните обложувачи: „Не се клади на мртов коњ“. Новата светска валута и трговската алијанса на БРИКС може да биде мртва уште пред да започне поради несогласувањето, додека американскиот долар се уште се користи во 90% од целата трговија. Смелиот повик од бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва до државите од БРИКС да воспостават заедничка валута беше дочекан со скептицизам, пишува Драган Мишев во анализата „БРИКС: Воведувањето валутна замена за доларот – кладење на мртов коњ“

Претседателот на РС, Милорад Додик, веќе подолго време им создава главоболки на високите меѓубнародни претставници во БиХ, но и на целата меѓународна јавност. Додик е познат по својата безрезервна поддршка на сите ретроградни процеси кои претставуваат закана за иднината на БиХ како и на целиот Западен Балкан и неговата европерспектива. Истовремено, тој е голем поддржувач на рускиот претседател Владимир Путин, како и на неговата воена агресија врз Украина. Секако, оваа „љубов“ е взаемна. Додик ужива голема поддршка од Русија, додека истовремено овозможува БиХ да стане плодна почва за руските наративи и субверзивни дејствија во Западен Балкан. Република Српска стана прибежиште за руските дипломати (читај: шпиони) кои беа протерани од другите европски земји по целосната инвазија на Украина, пишува Драган Мишев во анализата „Босна на Додик – рај за протераните руските дипломати„

АНАЛИТИЧАРИ

Во спорот помеѓу Скопје и Софија, испреплетените историски моменти и интерпретации ги засенуваат суштинските проблеми на граѓаните од двете страни на границата, смета политикологот Иво Ранѓеловиќ. во текстот на Дестан Јонузи „Како се злоупотребуваат емоциите и историјата за политички манипулации?“

МРЕЖА

Санела Шкријељ со порака до „шокираните“ доктори од „контроверзнате“ содржина во прирачникот за образование за животни вештини за средно образование издаден пред една деценија. Еден од „шокираните“ е и Докторот Митов кој беше советник за здравство во владата на Никола Груевски.

СТАВОВИ

Дезинформациските наративи и теории на заговор за „поништување“, „исчезнување“, „уништување“, „разнебитување“, „етноцид“ и (идентитетски) „геноцид“ на македонскиот народ не се нешто ново во македонскиот медиумски простор. Ваквите теории на заговор периодично беа дисеминирани во кризни политички контексти од различни актери. Воскреснување на старо-новите дезинформациски наративи и теории на заговор за „етноцид“ и „геноцид“  врз македонскиот народ е забележливо и во контекст на предложените уставни измени во 2023 година, како услов за продолжување на преговорите со ЕУ, пишува Жарко Трајаноски за дезинформациите за уставните измени во „Наративи за уставни измени: Воскреснување на старите дезинформации и теории на заговори за „геноцид“ и „етноцид“ на македонскиот народ“

Д. Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Tags: анализиВестивојна против Украинаизјавикоментариставови
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ