• Latest
Фото: kremlin.ru

Руската пропаганда во македонските медиуми „виа Београд“

November 22, 2023

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ПРОПАГАНДА

Руската пропаганда во македонските медиуми „виа Београд“

November 22, 2023 15:31
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, МЕДИУМИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Фото: kremlin.ru

Фото: kremlin.ru

Share on FacebookShare on Twitter

Руската пропаганда во македонските медиуми добива на интензитет. Во дел од македонските медиуми, според сега веќе воспоставена динамика, синхронизирано, како по договор се пренесуваат наративи според упатствата на руските пропагандисти.

Во последно време се објавуваат информации кои имаат за цел да ја минимизираат руската воена агресија врз Украина, се разбира поради очигледните неуспеси на „втората армија во светот“ на бојното поле, и, наместо тоа, да ја претстават Русија како просперитетна држава под водство  на својот мудар и бестрашен лидер, „великиот“ Владимир Путин.

Тоа, впрочем се и насоките на планерите на кампањата на Путин за неговиот петти мандат, да не се посветува преголемо внимание на војната во Украина, и наместо тоа, да се „фокусира на надворешните работи“ критикувајќи ги западните земји во говорите и пропагандните материјали на Путин, надевајќи се дека овој пристап ќе го прикаже Путин како човекот одговорен за претворање на Русија во „остров на спокојството“, форсирајќи го наративот на пропагандистите на Кремљ дека  и покрај сите санкции против неа, Русија „изгледа прилично добро во позадината на општиот хаос“ во светот.

Цивил Медиа забележува дека ваквите наративи наидоа на плодна почва во одредени македонски медиуми, кој се чини дека веќе се вклучија во претседателската кампања на Путин.

И според веќе воспоставената конекција, овие наративи во македонските медиуми доаѓаат од, не е тешко да се погоди, соседна Србија.

Според последните согледувања на мониторинг тимот на Цивил, некритичкото пренесување на ваквите афирмативни текстови земаат се поголем замав.

Така, пред 2 дена, откако српскиот медиум Политика прв го пренесе „сензационалното“ , непоткрпено со докази откритие на претставникот на земјата агресор во ОН, извесен „товариш“ Полјански дека Америка ќе ја напушти Украина, бидејќи режимот во Кијив наскоро ќе падне ( иако секојдневно високи американски претставници ја потврдуваат помошта за Украина ), и истото беше преземено од неколку српски медиуми, со светлосна брзина, целиот текс, интегрално, преведен од српски, како доследни следбеници на препишувачката „Ресавска школа“, беше пренесено на неколку, веќе етаблирани проруски медиуми во Северна Македонија.

Синхронизираноста е повеќе од очигледна.

Иако некои од овие медиуми ја објавија изјавата на американскиот министер за одбрана, Лојд Остин дадена во Кијив дека Пентагон ќе ѝ испрати на Украина дополнителна помош во оружје во вредност од 100 милиони долари од постојните американски резерви, вклучувајќи артилерија и муниција за системи за противвоздушна одбран, всушност се работи за изедначување на агресорот и жртвата, по принципот „пет минути за Хитлер, пет минути за Евреите“, со што само ја подзакриваат распостранетата руска пропаганда на своите страни, доведувајќи ги во заблуда своите читатели о својата наводна „објективност“.

Како потврда за веќе нескриеното „одработување“ за познатиот нарачател, следува веста ( овој пат пренесена во помал обем) за огромните успеси на руските „трудбеници“ и рекордната жетва на пченица во Русија која би можела да достигне 92,9 милиони тони, според руската логистичка компанија Русагротранс, и дека ќе следува голем извоз.

Секако, во пренесената вест нема информации за недостатокот од жито на светските пазари поради блокадата на украинскиот извоз преку црноморските пристаништа од страна на Русија, како и нотираното масовно крадење украинско жито од окупираните територии, кое потоа руските окупатори го извезуваа како свое.

А и како би имало, кога и оваа нарачка пристига преку оската „Москва – Београд- Скопје“, првенствено пренесена на српскиот портал Б92, и ревносно преведена  на наведените портали.

Пропаганда достојна на „најсветлите денови“ на СССР од времето на Сталин.

Драган Мишев

Tags: „виа Београд“македонски медиумиоската Москва - Белград - Скопјеруска пропагандаСрбија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ