• Latest

Неделна анализа: Политички притисоци и пазарења, Македонија сé уште без влада!

February 6, 2017
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Неделна анализа: Политички притисоци и пазарења, Македонија сé уште без влада!

February 6, 2017 16:40
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Политичката криза во Македонија продолжува. Со последнава недела, изминуваат точно два месеца од вонредните парламентарни избори, а земјата сé уште нема влада. По неуспешниот обид на ВМРО-ДПМНЕ, како партија со најголем број пратенички мандати (51) да состави влада, претседателот Ѓорге Иванов одлучи вратениот мандат од Никола Груевски, да не го даде на опозициониот лидер, Зоран Заев, иако СДСМ (49 мандати) според експертите за Уставно право е партија која што треба да го добие мандатот.

ВМРО-ДПМНЕ игра на „карта“ на нови избори, СДСМ прави анализи, но преговара и со партиите-потписнички на Платформата за Албанците: ДУИ (10 пратенички мандати), Беса (5) и Алијанса за Албанците (3). Меѓународната заедница, ЕУ и САД испраќаат јасни пораки, за поддршка на демократските процеси, за Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и за влада која ќе ги спроведува реформите од евроатланската агенда за Македонија.

Граѓаните во агонија, поларизирани, манипулирани, живеат во држава којашто бележи пад во економијата и енормно аерозагадување. Надлежните институции остануваат „имуни“ на реакциите, а морбидитетот и морталитетот како последица на аерозагадувањето расте, особено кај најмладата популација.

Притисоци врз граѓан(к)ите кои не гласале за ВМРО-ДПМНЕ

Постизборна Македонија не ја одбегнуваат притисоци врз гласачкото тело на опозицијата или, подобро речено, врз граѓан(к)и, кои на последните избори не го дале својот глас за ВМРО-ДПМНЕ. Додека момче од скопско Долно Количани обвини дека поради поддршка на СДСМ, добил отказ од белгиска фирма која користи многу бенефиции во Македонија, пратеник од ВМРО-НП во струмичкиот Совет, преку ноќ два пати ја смени партиската боја, па по политичките пазарења, наместо во ВМРО-ДПМНЕ, одлучи да остане независен, со поддршка за СДСМ.

СДСМ пак најави дека овие два дена ќе формира парламентарно мнозинство. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети изјави дека вистината ќе излезе на виделина и дека преговорите со ВМРО-ДПМНЕ запнале околу СЈО, со што паѓаат во „сенка“, коментарите дека двојазичноста е црвената линија за ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ ја продолжува демократската битка низ институциите, бара почитување на законската регулатива. Поднесе кривични пријави против четворицата пратеници од ВМРО-ДПМНЕ со верифицирани мандати, кои сé уште се на владини функции: премиерот Емил Димитриев, министерот за надворешни работи Никола Попоски, министерот за здравство Никола Тодоров и министерката за култура, Елизабета Канческа Милеска.

 

СЈО поднесе жалба за случајот „Насилство пред Општина Центар“

Специјалното јавно обвинителтво го обжали пред Апелациониот суд решението на судијката Татјана Михајлова која го води случајот за насилството пред Општина Центар. Таа на првото подготвително рочиште ги издвои прислушуваните разговори како докази, а за СЈО – со ова  решение е направена суштествена повреда на Законот за кривична постапка. Во овој кривичен предмет се обвинети единаесет лица, меѓу кои се и Никола Груевски, поранешен премиер и Миле Јанакиески, поранешен министер за транспорт и врски.

Новинарите се борат за опстанок, социјалните мрежи „вријат“ од невкус

Вработените во трите дневни весници:„Дневник“, „Утрински весник“ и „Вест“ најавија штрајк како краен чекор во напорот да дојдат до плата. Втор месец на новинарите и техничкиот кадар коишто со години работат на подготовка  и уредување на овие релевантни весници во креирање на јавното мислење во државата, не само што не им се исплаќа плата, туку синдикатот со поддршка на Самостојниот синдикат на новинари на Македонија (ССНМ), не добиваат ниту одговор од издавачката компанија Медиа Принт Македонија, која е нивен основач.

Од друга страна, изминатава недела на социјалните мрежи осамна морбиден некролог со Никола Груевски. ВМРО-ДПМНЕ се огласи со жестоки обвиненија. А, многу граѓан(к)и не поддржувајќи ја оваа невкусна асоцијација за „политичката смрт“ на Груевски, потсетија на недоличното однесување на учителката од Битола, која на протест на ВМРО-ДПМНЕ носеше погребен крст за опозициониот лидер, Зоран Заев, но и на серијата некролози со ликовите на странските дипломати во Македонија.

Меѓународната заедница со јасна поддршка за реформска влада

Секој чекор на релевантните политички партии е будно следен од меѓународната заедница. Стигнуваат јасни пораки од европските дипломати и од САД, за поддршка на демократските процеси, за СЈО и за влада која ќе ги спроведува реформите од евроатланската агенда за Македонија.

Моника Талеска

Tags: ВМРО-ДПМНЕДУИЃорге ИвановизбориМедиумимеѓународна заедницаНеделна анализанова владаСДСМСЈО
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ