• Latest
Фото; Креирано со помош на ВИ

Македонскиот политички кампус во пресрет на локалните избори: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во вечен судир на спротивставени наративи

September 1, 2025
Фото: Скриншот од видео на VISEGRAD/ X

Трамп и Зеленски по средбата во Белата куќа: Украински дронови за амаерикански „томахавк“

October 17, 2025
Фото: Скриншот CNBC

Трамп и Зеленски во Белата куќа: Будимпешта во фокусот, мирот во Украина на маса

October 17, 2025
Трамп. Фото: Генерирано со ChatGPT

„Америка на прво место“ станува „Трамп на прво место“ – кога претседателот сака глобална моќ

October 17, 2025

Народниот правобранител отвора бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право

October 17, 2025
Фото: Собрание

Гаши на средба до набљудувачите од ЕП: Уверен сум дека изборите ќе покажат демократска зрелост на земјата

October 17, 2025

Одобрен обвинителниот акт против сопственикот на „Рубикон“, агенцијата што ја обезбедувала дискотеката „Пулс“

October 17, 2025

ЦИВИЛ со интензивна комуникација со јавноста за време на изборниот ден

October 17, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК: Одобрени уште осум барања за акредитации за набљудување на изборите, прифатени три приговори од гласачи

October 17, 2025

EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

October 17, 2025

Хоџиќ: Демократската криза во Северна Македонија – од популизам до самоизолација

October 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Македонскиот политички кампус во пресрет на локалните избори: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ во вечен судир на спротивставени наративи

September 1, 2025 09:36
in АНАЛИЗИ, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фото; Креирано со помош на ВИ

Фото; Креирано со помош на ВИ

Share on FacebookShare on Twitter

(ВИДЕО) Мишев: Очекувам валкана изборна кампањаДРАГАН МИШЕВ

Во пресрет на локалните избори, политичкиот кампус во Северна Македонија е обележан со засилени политички пораки и јасно изразени спротивставени наративи меѓу двете најголеми партии од македонскиот блок – владејачката ВМРО-ДПМНЕ и опозициската СДСМ. И двете партии настапуваат со остри кампањи кои го мобилизираат своето членство, но и ја продлабочуваат поларизацијата во јавноста, истовремено создавајќи атмосфера при што граѓаните стануваат мета на негативна кампања, дезинформации, говор на омраза и манипулации.

Наместо во фокусот на кампањата да бидат локални теми како урбанизам, комунални услуги или екологија, во оваа предизборна атмосфера, четири доминантни наративи го обликуваат јавниот дискурс меѓу најголемите партии од македонскиот блок:

  • Идентитески прашања – поделба на патриоти и предавници (внес на бугарска заедница во Уставот; промена на името)
  • Меѓуетнички односи – нациоанлистички наративи, првенствено во однос на Албанците
  • Европска интеграција на државата
  • Стандардот на граѓаните

Доминантен тон: Негативна кампања, дезинформации и говор на омраза

Наративот на ВМРО-ДПМНЕ за „национален проект за обнова на Македонија“ разнишан од СДСМ и ДУИ, присутен во сите сегменти на политичката кампања 

Како владејачка партија, ВМРО-ДПМНЕ настапува со стратегија на прикажување на својата власт како коректор и спасител по „годините на пропаѓање под СДСМ во партнерство со ДУИ“. Централна порака е дека локалните избори треба да ја зацврстат власта и да му дадат нов импулс на „националниот проект за „обнова на Македонија“, кој е клучен слоган,рамка на изборните кампањи на ВМРО-ДПМНЕ на изборите од 2020 па наваму, иако целиот претходен период ВМРО-ДПМНЕ е на власт во најголем број општини во државата.

Мицкоски и партијата ја истакнуваат инфраструктурата, енергетиката и локалните инвестиции обезбедени преку сомнителниот заем од Унгарија, но и преку договори за задолжување од други земји, додека паралелно кампањата е проследена со жестоки напади врз опозицијата.

Во медиумскиот простор, кој речиси е целосно под влијание на владејачката партија, премиерот Мицкоски не се „симнува“ од програмата, неговите изјави се повторуваат по неколку пати на денот, и се користат агресивни пораки кои ја претставуваат СДСМ како „партија на предавства“, „партија која ја продаде државата“, со што се мобилизираат емоциите на сопствените поддржувачите.

Сé поголем акцент сега се става на економските трендови, платите и инфлацијата, на кои во соопштенијата од партискиот центар за комуникации се претставуваат со розови очила, и со манипулација со бројките сака да се претстави дека сега народот живее подобро, отколку претходно.

Дополнително, се користат и алтернативни форми на кампања, со сомнителна и нетранспарентно финансирање, како музичкиот караван „Македонијо во срце те носиме“ на кој се собрани пејачки и пејачи кои учествуваат во изборните кампањи на ВМРО-ДПМНЕ и со преработки на патриотски песни организираат концерти низ земјата за да го разбудат националното чуство.

Често се споменува и посветеноста на членството во ЕУ, но во рамка на сопствени услови и интерпретации, со остри критики кон меѓународните компромиси што ги правела претходната власт, наводниот нефер однос на ЕУ кон земјава и со повторување на ригидниот став против уставните прмени за внесување на Бугарите во Уставот.

Премиерот Мицкоски, иако повикува на обединување, сепак ги отфрла сите иницијативи и обиди на опозицијата за заедничко делување за да се изнајде излез од ќорсокакот во кој ја одведоа евроинтеграцијата на земјата.

Дополнително, повторно се игра на картата на меѓуетнички тензии, како во случајот со поларизацијата на ниво премиер со вицепремиерот Меџити околу улогата на УЧК, но и разногласието помеѓу Мицкоски и министерот за правда Филков околу најавата за менување на принципот Бадентер.

И во целиот тој дефокус од неуспехот на власта да се справи со малите плати на работниците, скапотијата и празната кошничка со спинови за луксузни јахти на Заев и Филипче, Мицковски, во обид без преседан, најави можност Владата да именува повереници во општините доколку, според него, се создаде проблем во изборниот процес со учеството на независните кандидати со само два потписа од граѓани од изборната единица, што пак може да го зголеми бројот на кандидати и да направи гласачкото ливче да биде долго и збунувачко. Набргу потоа, претседателот на ДИК, Борис Кондарко, ја отфрли можноста за застој во изборниот процес.

Сепак, мора да се забележи дека владејачката ВМРО-ДПМНЕ, иако до максимум ги користи државните ресурси, во кампањата најчесто настапува од позиција на опозиција.

СДСМ: Критика кон владините политики за реставрација на авторитарни модели и одбрана на европската иднина

Опозициската СДСМ ја гради својата кампања врз критика кон владејачката партија со наративот дека државата се движи кон реставрација на авторитарни модели. Партијата предупредува дека локалните избори се тест за демократијата и европската перспектива. Нагласена е тезата дека ВМРО-ДПМНЕ ја враќа државата во изолација, ја партизира администрацијата и ја злоупотребува власта за теснопартиски интереси, но, од друга страна, и СДСМ, наместо чисто програмска дебата, исто така прибегнува кон остри квалификации и предупредувања за „опасноста од заробување на државата“.

Истовремено се нагласува дека во изминатиот периот, и на државно, но и на локално ниво, вадејачката ВМРО-ДПМНЕ ги изневерила граѓаните со неостварување на ветените проекти.

СДСМ ги мобилизира своите поддржувачи со порака за „одбрана на европската иднина“, прикажувајќи се себеси како модерна и реформска алтернатива. Во јавниот дискурс тие инсистираат дека демократијата и европската интеграција се загрозени и дека локалните избори ќе бидат тест за отпор кон „реставрацијата на старите практики“.

На обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека тие биле во подредена улога во владината коалиција со ДУИ, одговараат дека во сегашната владина коалиција премногу му се дозволува на албанскиот партнер ВЛЕН, со многу често наведување на примерот со Општина Чаир, каде според нив премиерот Мицкоски, заедно со министерот на МВР, Панче Точковски, не можат да им застанат на пат на дивогредбите и самоволието на функционерите на ВЛЕН.

Од СДСМ во критиките кон владејачката партија, акцент ставаат на тоа дека  ВМРО-ДПМНЕ ја доведе државата во најголема економска несигурност, граѓаните плаќаат, олигарсите заработуваат, како и на порастот на криминалот, небезбедноста во државата и заканувачкиот начин на владеење на ВМРО-ДПМНЕ која ја претвори Македонија во Бејрут – убиства, закани и страв владеат на улиците

Сепак, се чини како опозициската СДСМ да не е доволно агилна, нејзиното делување се сведува воглавно на штури соопштенија, без вистинска акција, и изгледа како најголемата македонска опозициска партија да пропушта да поентира на очигледните „грешки во чекори“ на политичкиот опонент кој е на власт, како на пример кога пропадна иницијативата на Мицкоски за внесување на идентитетските прашања во извештајот на ЕУ за напредокот на земјава, и набргу потоа исчезнувањето на македонското малцинство од извештајот на Стејт Департментот за состојбата со човековите права во Бугарија.

Наративите кои преовладуваат во пресрет на локалните избори се јасни – ВМРО-ДПМНЕ се претставува како партија што ја обновува државата и ја враќа стабилноста, со зачувување на македонскиот идентитет, јазик, додека СДСМ се позиционира како гарант на демократијата и европскиот курс за кој сметаат дека е загрозен.

Валкана кампања: дезинформации и манипулации

И двете страни користат блиски медиуми за ширење негативни наративи, при што често се мешаат факти со шпекулации кои само го продлабочат јазот меѓу и онака поделеното гласачко тело.

Предизборна атмосфера на терен веќе е поларизирана, со остри препукувања на митинзи, медиумски настапи и особено на социјалните мрежи. Кампањата е повеќе насочена кон мобилизација на сопственото членство отколку кон освојување на неопределените гласачи.

Јавниот дискурс е преполн со навреди, етикети и демонизација на противникот со користње термини како „предавници“, „патриоти“, „мафијаши“ и „непријатели на државата“, лични дисквалификации на кандидатите, со што се создава атмосфера на непријателство, наместо натпревар на идеи.

Говорот на омраза особено ескалира на социјалните мрежи, каде што армиите на партиски симпатизери и ботови ја засилуваат агресивната реторика и придонесуваат за дезинформациски хаос.

Локалните избори, иако формално се однесуваат на општинските политики, повторно се претвораат во национален политички тест и битка за доминација на големите партии. Наместо натпревар во визии за локален развој, кампањата се претвори во борба за симболичка доминација, во која секоја страна ја прикажува другата како егзистенцијална закана. Доминираат негативната кампања, дезинформациите и говорот на омраза, што ја поткопува довербата на граѓаните и ја редуцира можноста за суштинска дебата за иднината на општините.


Текстот е личен став на Авторот во соработка со ЦХМТ

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    163 shares
    Share 65 Tweet 41
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ