• Latest

Ајтов: АРМ не е целосно подготвена за НАТО!  

August 18, 2017

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ајтов: АРМ не е целосно подготвена за НАТО!  

August 18, 2017 16:55
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Синдикатот на АРМ бара од Владата поголем буџет за вработените во Министерството за одбрана, а во тие рамки, и за припадниците на македонската Армија. Според оценките, политичката одлука на Владата да се членува во Алијансата, не значи и практична, целосна подготвеност и усогласеност на АРМ со НАТО стандардите.

„Апелираме до Владата на Република Македонија, дека ако сака да има здрава Армија и безбедна држава, тогаш мора да си ги исполнува обврските, коишто ги презеде на времето кога првпат аплициравме во НАТО структурите. Тогаш, ние како држава, покажавме подготвеност дека ќе ги почитуваме НАТО принципите, во смисла на финансирање, а тоа е дека ќе оддвојуваме од 2.3% до 2.5 % од БДП. Во моментов, за жал, значи за 2017, нашиот буџет е 0,9% или 1,0 % што е два пати помалку од декларираната вредност, кога сме поднесувале пријава за членство во НАТО. Тоа значи, ако сакаме да ги подобриме условите во Армијата и да влеземе во НАТО, навистина како што треба, како здрава Армија, комплетно кооперативна со НАТО структурите, ние мора да ги зголемиме средствата од буџетот на Република Македонија за Министерството за одбрана, а со тоа, и буџетот на АРМ“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, Ристо Ајтов, претседателот на Синдикатот на АРМ.

Според Ајтов, без да се зголеми буџетот на Министерството, не ќе може да се остварат неопходните стандарди во АРМ.

„Тоа ќе значи добри униформи, добро вооружување, технички исправни средства во секој момент… Бидејќи ние, во моментов, имаме квантитет, а не квалитет. Мора да вложуваме во нови средства. И технологијата оди напред, ние мора да ги следиме чекорите на технологијата. Свесни сме дека чекорите во технологијата, со вооружувањето не можеме да ги следиме на ниво на САД, Германија или други поголеми светски сили, но можеме во оној сегмент што значи доволно технологија за безбедноста и мирот на граѓаните на Република Македонија, да го гарантира Армијата, заедно со полициските сили“, потенцира Ајтов.

Тој оценува дека изминатите 25 години од формирањето, не донесоа прогрес на АРМ.

„Политичка е одлуката дека Република Македонија ќе влезе во НАТО, но дека АРМ е целосно подготвена – ние во Синдикатот мислиме дека не е баш така! Ова го поткрепуваме со факти. Платите на вработените во Министерството за одбрана, односно во АРМ, се на многу ниско ниво. Потоа, нивото на опременост, се мисли на облека, обувки, вооружување односно технички средства е на многу ниско ниво, и она што го имаме е значително застарено“, коментира Ајтов.

 

Моника Талевска

Камера: Дехран Муратов

Tags: АРМбезбедностбуџетвладавојнициМинистерство за одбранаНАТОодбранаплатиРисто Ајтовсиндикатстандардитехнологија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ