• Latest
Добро утро со Орданоски

Не дека не, ама што ако не?!

November 15, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ

Не дека не, ама што ако не?!

November 15, 2017 08:00
in ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ, СЛОБОДНА ЗОНА
Добро утро со Орданоски

Добро утро со Орданоски

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: Сашо Орданоски

[dropcap]В[/dropcap]ажноста на разработката на „Планот Б“ во политиката најчесто се покажувало како подеднакво значајно како и работењето врз „Планот А“. Не само затоа што подготвеноста за неуспех на примарниот план е неопходност за да се преживее следниот ден, следната недела и следниот месец по „денот Д“, туку и затоа што, ако се добро промислени, резервните варијанти помагаат да се подобри и самата главна опција во секоја стратегија врз која примарно се работи.

Се разбира, мислам на наглото зголемување на очекувањата за постигнување решение во „спорот со името“ и пробив во нашата евро-атлантска агенда.

Да ве потсетам: после големи перипетии и внатрешно-политички драмски заплети (во кои Груевски до последен момент осцилираше околу сакам-нејќам опциите за разрешување на спорот), на самитот на НАТО во Букурешт во 2008 година заминавме со големи очекувања дека, со така решителната поддршка на тогашниот американски претседател Буш зад нас, нашиот прием во Алијансата беше толку извесен, што речиси беше очекувано на самиот самит да се случи само формалната потврда дека формулата, заткулисно, е најдена, а приемот и официјално верификуван.

Како што е познато, во последен момент Грците го повлекоа потезот со ветото и ни приредија „студен туш“ не само нам, туку и на добар дел од меѓународната заедница, на чело – ееј! – со САД.

Тоа Македонија, со неподготвена варијанта „Б“, скапо ја чинеше. Не само затоа што продолжи неизвесноста околу нашата меѓународна и регионална позиција и стабилност, туку уште повеќе и заради бранот од разочараност и незадоволство што се прошири од самиот врв на власта, дека сме меѓународно понижени и неценети. Тоа, пак, ширум ги отвори вратите за една растечка политика на недоверба, а подоцна дури и кавгаџиство на домашната владејачка елита кон македонските западни сојузници, кон соседите и со сите оние кои дома повикуваа на продолжување на нашите прозападни, проевропски стратегиски интереси и активности.

Во годините што следуваа, власта на Груевски, како навреден тинејџер, полека стануваше сѐ понедемократска, растечки популистичка и, конечно, сосема криминализирана. Режимот влегуваше од авантура во авантура, оддалечувајќи се од реалниот европски пат, силно поддржан од небулозните архаични прикаски раскажувани од епски расположениот претседател на државата. Речиси како отворен гест на продолжена одмазда и презир кон западните либерални демократски стандарди. Земаа калашников и го испразнија шаржерот во сопственото, односно во нашето, колено!

Сега, навистина, во поповолни регионални и (за нас) глобални околности, очекувањата повторно се билдаат со нескриен оптимизам – предводено од Заев – дека шансите за решавање на спорот ни растат од ден во ден и дека е само прашање на месеци до нашето зачленување во НАТО и до започнувањето преговори со ЕУ. Лично, мислам дека работите се одвиваат во добра насока, но дека ќе има уште многу фурни леб да се испечат додека го добиеме бараниот сомун в рака.

Значи, добро: Не дека не, ама што ако не?!

Би било добро Владата, а и пошироката јавност, паралелно со растечкиот оптимизам, да подготвуваат и еден „резервен падобран“, за да не се случи репризно да си го скршиме вратот ако дојде денот на падот од високо, со уште едно наше големо меѓународно разочарување. Грција денес е во поинаква, но не е во послаба позиција од 2008 година за да не може повторно да си дозволи „да нѐ пушти низ вода“.

Оти, во таква непосакувана, но можна ситуација, кои ќе бидат аргументите и политиките на оваа Влада? На пример, каде тогаш, со изгубен ентузијазам, ќе ја лоцираме компензацијата за нашиот и така проблематичен капацитет за спроведување на реформите во општеството? Или: ќе значи ли тоа оставка на министрите за надворешни работи и на оној за европска интеграција (во спротивно, можеби ќе треба да разговараме за нивна претседателска кандидатура)? Уште поважно: како ќе продолжиме со проектот за модерна мултиетничка демократија чијашто силна поддршка за СДСМ од десетици илјади албански гласачи е втемелена и во, со право, зголемените евро-атлантски надежи врзани за успехот на Заев? Конечно, што ќе правиме со силната, оптимистичка, победничка харизма на самиот Заев по еден таков, објективно, неуспех?

Затоа: „План Б“, ве молам – за зло не требало!

 


Преземањето на оваа содржина е дозволено само по 12 часот, на денот на објавувањето. Потоа, важат вообичаените правила според лиценцата Creative Commons 1.0.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: 2008 годинаБукурештГрцијаЕУЗоран ЗаевМакедонијаНАТОНикола ГруевскиПлан БЏорџ Буш
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result