• Latest

Сервер: Без нормализација на односите на Србија со Косово, ништо од ЕУ

December 23, 2017

Младиќ меѓу хашката пресуда и политичката митологија

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026

Лајпциг ја подигна безбедносната тревога во Европа: Берлин, НАТО и ЕУ најавуваат посилен одговор кон Русија

September 3, 2026
Фото: Скриншот од видео на
moneycontrol

Путин за можен руски напад врз британски цели: „Тоа е воена тајна“

September 3, 2026

За едно лето, рускиот агресор уништи над 10 милиони книги во Украина

September 2, 2026
Воениот злосторник пред Хашкиот трибунал

Смртта на Младиќ како Прокрустова постела за балканските политичари

September 2, 2026
Кијив, 2 септември 2026

Седми ден континуиран руски терор врз цивилите во Кијив: Итно се потребни ПВО и санкции против агресорот

September 2, 2026

ЦИВИЛ потсетува: Барањата за политичка, морална и законска одговорност за величањето на Ратко Младиќ се јавно објавени од 30 август

September 2, 2026
Фото: МИА архива

Германија ја обвини Русија за обидот за напад со дрон на аеродромот во Лајпциг

September 2, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Сервер: Без нормализација на односите на Србија со Косово, ништо од ЕУ

December 23, 2017 11:37
in ВЕСТИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

По повод изјавата на српскиот претседател, Александар Вучиќ во Москва дека сака Русија да учествува во преговорите со Косово, ако се вклучат САД, се огласи  експертот за Балканот, Даниел Сервер, кој вели дека, ако Србија стигне до  завршната фаза во преговори со ЕУ без нормализирање на односите со Косово, нема да добие ништо за возврат, односно нема да влезе во ЕУ.

Сервер вели дека нормализацијата подразбира два клучни чекора – прием на Косово во ОН и размена на дипломати на амбасадорско ниво. 

– Кога Србија треба да ги нормализира односите со Косово? Пристапот на Белград е тоа да го одложи до пред влезот во ЕУ. Ова е сериозна грешка, вели Сервер. Тој оценува дека Москва нема да помогне во разговорите меѓу Приштина и Белград.

– На крајот на краиштата, Русија ја призна независноста на отцепените покраини Грузија и Молдавија, а го анектираше Крим и им дава поддршка на сепаратистите во Украина. Останува отворено прашањето дали е мудро Србија да се потпре на Русија да го потврди суверенитетот на Белград над Косово?, прашува Сервер.

Тој додава дека во завршната фаза од преговорите, сите алатки се во рацете на ЕУ.

– Прашајте ги само Словенија и Хрватска, кои мораа да направат отстапки за важни прашања во последната фаза од нивните преговори за пристапување, додаде Сервер.

– Да бидеме јасни: Србија е слободна да ги избере своите сојузници или независност, како и секоја друга суверена држава Но, навистина не може да седи на две столчиња. Усогласувањето на својата надворешна политика со ЕУ е дел од квалификациите за влез. Додека Брисел може да биде амбивалентен за тоа во блиска иднина, гласови за влез едноставно нема да биде тука кога ќе дојде време, ако Србија не ги исполнува сите критериуми за членство, изјави тој.

Според него, тоа значи дека би било попаметно Србија да се одлучи за столчето ЕУ што порано.

– Што може да добие? Не знам, но никој нема да знае пред да се обиде, вели Сервер.

Тој вели дека ова не се однесува само на усогласување на својата политика кон Русија со санкциите на Европската унија, како и другите одлуки на Унијата кон Русија, туку и прифаќање на „суверенитетот и територијалниот интегритет на Република Косово и нормализација на односите меѓу двете држави”.

– Дваесет и три од 28-те членки на ЕУ го признаа Косово. Се сомневам дека било кој од овие 23 е подготвен да ја прифати Србија како земја-членка на ЕУ, ако не ги нормализира односите со својата поранешна покраина, вели Сервер.

Tags: Александар ВучиќДаниел СерверЕУКосовоПреговориРусијаСАДСрбија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ