• Latest

Бушати: САД се клучни за спроведување на Договорот од Преспа

July 31, 2018

Рамадани: Нема да се откажам од Брвеница за ниедна цена, ќе го заштитам секој граѓанин без разлика!

October 26, 2025
Фото: СДСМ

Филипче најави кадровска „чистка“ во СДСМ по вториот круг од локалните избори!

October 26, 2025
Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски до опозицијата: „Не сакам предвремени избори – внимавајте што посакувате, може и да ви се случи… да не биде после лелекање!

October 26, 2025

Курти „падна“ во Собранието – Косово оди кон нов премиер или нови избори?

October 26, 2025

Косовски пратеник удри граѓанин со бокс оти го нарече „лажго“ – инцидент во центарот на Приштина!

October 26, 2025

Примирје меѓу Тајланд и Камбоџа – договор потпишан со посредство на Трамп во Куала Лумпур

October 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

САД разгледуваат можност за распоредување мировни сили во Појасот Газа – прашањето денеска на маса во Катар

October 26, 2025

Точно една недела до вториот круг на локалните избори – кампањата влегува во завршница во 32 општини и Град Скопје

October 26, 2025
Фотографија: Скриншот од Фејсбук видео

„Марш на ангелите“ во Кочани: Правдата и вистината да излезат на виделина

October 25, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Независната кандидатка и левичарка Кетрин Коноли победи на претседателските избори во Ирска

October 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Бушати: САД се клучни за спроведување на Договорот од Преспа

July 31, 2018 11:17
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Ангажманот на САД на Балканот е од клучно значење со цел да се обезбеди дека нема да има какви било назадувања во однос на напорите на Грција и на Република Македонија за нормализирање на односите кои ќе и го отворат патот за членство во НАТО, вели албанскиот министер за надворешни работи Дитмир Бушати.

– Сега кога двете земји ја поминуваат последната милја кон нормализација, фокусот на САД на ова прашање е од исклучително значење. Особено ако се има предвид дека постојат трети страни кои не го поддржуваат договорот помеѓу Атина и Скопје, рече Бушати во разговор со извршниот потпретседател на Атлантскиот совет Дејмон Нилсон.

Според него, потребно е да се обезбеди американски ангажман во регионот, бидејќи САД се клучни за безбедноста во ЈИЕ, како и поделба на работите меѓу Соединетите држави и ЕУ кога станува збор за трансформацијата на регионот.

– Тоа е многу важно поради географската положба на ЈИЕ помеѓу Блискиот исток и ЕУ. САД се покажаа успешни во однос на запирањето на крвопролевањата и војните во Југославија и во спроведувањето на некои од најважните проекти за безбедноста во нашиот регион, вклучувајќи го проширувањето на НАТО со Хрватска, Албанија и на Црна Гора, а се надевам во скоро време и со Скопје. Тие го охрабрија и дијалогот помеѓу Косово и Србија. Знаеме дека иако овој процес е воден од ЕУ, без поддршката од САД очекуваните резултати нема да бидат постигнати. Видовме дека улогата на САД во случајот со Скопје беше традиционално позитивна…., нагласува Бушати.

Тој укажува на позитивниот развој на настаните во изминатите неколку месеци како што се Договорот за добрососедство помеѓу Македонија и Бугарија, Договорот за името помеѓу Скопје и Атина, како и значјани чекори што Албанија ги презеде заедно со Грција.

Во однос на напредување на Македонија кон НАТО како негова 30-та членка Бушати посочува дека на овој пат постојат некои политички пречки кои мора да бидат адресирани.

– Прво тоа е прашањето на референдумот. Се надеваме дека граѓаните ќе гласаат во полза на мировниот процес кој штотуку започна, што ќе им овозможи на членовите на Парламентот да ги направат неопходните уставни измени. Исто така, Грција мора да го помине договорот во нејзиниот Парламент. Се надеваме дека процесот на ратификација брзо ќе заврши бидејќи тоа може да го трансформира Западен Блајан на позитивен начин. Мора да почнеме да го трансформираме новиот безбедносен простор во регионот во простор на развој. Токму затоа потребна ни е ЕУ со повеќе проекти за поврзување во регионот и меѓу регионот и Унијата. Потребна ни е имплементација на нови проекти од стратешко значење како Трансатлантскиот гасовод и други гасоводни траси за што ни е потребно присуството на САД, нагласува шефот на албанската дипломатија Бушати. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: БалканГрцијаДитмир БушатиДоговор со ГрцијаЕУМакедонијаНАТОПреговориПреспаСАД
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Поранешен унгарски разузнавач по неодржувањето на средбата помеѓу Трамп и Путин: Она што сега изгледа како дипломатски успех, на долг рок ќе се претвори во сериозна трагедија

    130 shares
    Share 52 Tweet 33
  • „На Ѓупците треба да им се забрани да гласаат“ – советник од десничарската МААК со скандалозен расистички испад во Неготино

    126 shares
    Share 50 Tweet 32
  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    185 shares
    Share 74 Tweet 46
  • „Путин повторно го изигра“: Откажувањето на самитот во Будимпешта ја завршува фантазијата на Трамп дека ќе донесе мир во Украина

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Разобличување на „буразерската“ финансиска коалиција: Алта банка и „посвоената“ Стопанска банка – Битола во обид да го избегнат европскиот финансиски радар

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ