• Latest

Таа несреќна примадона на политичката сцена

August 24, 2018
Доналд Трамп, ОН, 22 септември 2026 (скриншот, видео пренос на ОН)

Трамп во ОН со груб речник и доктрината „Америка пред сè“: Воена сила, затворени граници и отфрлање на глобалните правила

September 23, 2026
Фадил Пушколи (фото извор: ФБ профил)

Случајот Пушколи повторно го отвора прашањето за српските потерници: Интерпол, Косово и ризикот од политичка злоупотреба

September 23, 2026
Кијив, 23 септември 2026 (фото: ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: Дронови врз железничка инфраструктура, станбени објекти и бензински пумпи во Кијив, Крим на агендата во Њујорк

September 23, 2026

YOUth HUB започнува европска иницијатива за зајакнување на дигиталната отпорност на младите

September 23, 2026
Олександар Левченко

Продлабочување на финансиските нерамнотежи во Русија: Банките и регионите сè повеќе ја финансираат војната

September 23, 2026
Фото: Антон Препелицjа

Мирот е добредојден како чувство – станува неудобен како барање

September 23, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Денес кога станувам пионер…

September 23, 2026

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026
Фото: crimea-platform.org

Крим под руска окупација: Политички прогон, милитаризација на децата и борба за деокупација во фокусот на самитот во Њујорк

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Божиновска бара извинување и најавува суд, СДСМ бара истрага за набавката на броила

September 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Таа несреќна примадона на политичката сцена

August 24, 2018 09:43
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Неприфатлив е аргументот на ВМРО-ДПМНЕ дека парламентарната одлука за референдумот била нерегуларна и недемократска, затоа што била донесена без опозицијата. Некој од страна, со основните факти за Македонија во својата папка, со право ќе биде зачуден и ќе се сомнева во легитимитетот на таквата опозиција. Ќе постави прашања на кои одговорите се очигледни. Да, тоа е референдумот што се одржува за пет недели од сега и што ќе ја стави Македонија на брзата патека кон ЕУ и НАТО, кон пристоен и достоинствен живот, неменливост на границите, отвореност и мобилност, сигурност…

Пишува: Џабир Дерала

Да, тоа е истиот референдум што ВМРО-ДПМНЕ, сега во опозиција, го ветува две и пол децении, било да е на власт или во опозиција. И тоа е истата опозициска партија што го блокираше парламентот, а чии членови на парламентот се обвинети за тешки кривични дела поврзани со насилниот напад на парламентот на 27 април и обидите за убиство врз пратеници, новинари и партиски лидери.

Тоа е истата политичка партија што е повикана на лидерски средби, се мази и пази цело време, а не ѝ е местото на преговарачка (лидерска) маса. Бидејќи, лидерска средба подразбира на неа да има лидери. А лидери се храбри и мудри луѓе…

Тоа е партијата со чиј сегашен „лидер“, марионета на структурата под истрага, обвиненија и неколку пресуди за тежок криминал, глуми примадона на политичката сцена, а со кого преговара премиерот што со месеци носи трага на челото од обидот за негова ликвидација на тој 27 април.

Да, тоа е и партијата што со месеци калкулира и игра двојни-тројни улоги во јавноста и чија поддршка на референдумот сѐ уште е добредојдена (ако ме прашате мене – не е неопходна). И после, не била легитимна одлуката да се организира референдум, затоа што била донесена без присуство на опозицијата?! Хм, навистина чудна логика, најблаго кажано.

И на крајот, сосема извесно е дека тој лидер (марионета) ќе го поддржи референдумот, во последен миг и предоцна за да се поправат штетите од опструкциите. Многу веројатно е дека со тоа ќе ја заврши својата мисија барем делумно успешно: ќе извлече некакво ветување или гаранции од премиерот, а веројатно и од влијателните дипломати. Тоа што ќе го извлече, пак, ќе биде добивка само за мал број луѓе во најтесните кругови на бизнисот, криминалот и политиката во земјата, а кои се дел од ВМРО-ДПМНЕ и нивното злокобно опкружување.

Попуштањето и отстапките што ѝ се прават на оваа партија што глуми „несреќна и онеправдана“ опозиција, всушност, не им одат во прилог на членовите на таа партија, ниту на луѓето со десна политичка ориентација, а најмалку на Македонија. И повторно ќе се извлечат и тоа со извици на одобрување дека конечно покажале лидерски и патриотски капацитет. Изјавите на дипломатите се веќе напишани и испринтани, а „неутралците“ ќе здивнат, затоа што ВМРО-ДПМНЕ ќе вети дека ќе соработува, ќе биде конструктивна партија и дека нејзините солдати нема да ги фотографираат луѓето што ќе излезат на гласање. Што не мора да значи дека ветувањата ќе ги исполнат.

 


Објавено и во печатеното издание на „Слободен печат“, 25 август 2018 г.  

Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста 

Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.

Tags: властВМРО-ДПМНЕдипломатијаЕУНАТОопозицијареферендумСДСМ
Share44TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ