• Latest

Заев: Гласањето на 30 септември е референдум за зацврстување на независноста

August 30, 2018

24 ЧАСА: Училишниот прибор со намалени цени од 15 август; Бесплатен паркинг за болните од канцер на Клиничкиот центар; Украина нападна стратешка руска рафинерија кај Краснодар

August 7, 2025

Алиу: Цените на паркингот на Клинички нема да биде ист за сите – бесплатно за болните од рак, најскапо ќе плаќаат тие кои не се пациенти

August 7, 2025
Фотоколаж: Скриншот од насловни стани на РТ и А1он

ЦМДТ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

August 7, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Влада: Од 15 август намалување на училишниот прибор од најмалку 10 и 15 проценти

August 7, 2025
maalski policaec

РЕАКЦИИ: Од СФРЈ до денес, повик за враќање на маалски полицаец

August 7, 2025
Фото: Фејсбук на заменик директорот на ЈП „Македонски шуми“, Кире Михаилов

Владата ја продолжи кризната состојба за движење во шуми за 30 дена

August 7, 2025
Фејсбук Фатмир Лимани

Зголемување на платите за вработените во јавните установи за социјална заштита за 20-проценти

August 7, 2025

Додик најави референдум по одлуката на ЦИК да му се одземе мандатот

August 7, 2025

Воените ветерани протестираат денес во Приштина, против Специјалниот суд во одбрана на војната на ОВК

August 7, 2025
Наводна слика од пожар во рафинеријата за нафта „Афипски“ во рускиот Краснодарски крај на 7 август 2025 година, за време на украински напад врз регионот. Фото: Телеграм канал Exilenova+

Нападната рафинерија за нафта во рускиот Краснодарскиот крај во масивен напад на украински дронови

August 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Гласањето на 30 септември е референдум за зацврстување на независноста

August 30, 2018 16:08
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Гласањето на 30 септември на многу начини е уште еден референдум за зацврстување и потврдување на нашата независност. Заедно ќе ги обезбедиме нашите граници, ќе го афирмираме нашето културно наследство и нашата посебност и ќе добиеме сигурна перспектива за иднината како членка на НАТО и ЕУ, истакна премиерот Зоран Заев, промовирајќи ја кампањата за референдумот на коалицијата„Заедно ЗА европска Македонија“.

Пред присутните поддржувачи во Клубот на пратениците во Скопје, премиерот Заев рече дека само референдумот за независност од пред 27 години  може да се спореди со предизвикот со кој се соочуваме денес.

– Она во што сум убеден и што посебно импресионира е тоа што, како и во 1991 година, овој референдум за иднината на Македонија ќе се оствари со консензус како што се случи и со референдумот за независноста. Граѓаните ќе бидат заедно за европска Македонија. Време е Република Македонија да тргне уште побрзо по вистинскиот пат, пат кој е над дневните расправии на политиката и жестоките полемики во нашето општество, нагласи Заев.

Додаде дека ни престои настан со историски пропорции што ќе влијае на годините што доаѓаат и оти иднината на нашите деца е поважна од сите политички партии.

– Јас сум убеден дека и ВМРО-ДПМНЕ која е долго време поборник за нашата интеграција во ЕУ и НАТО има силни причини да се приклучи. Знам дека и ВМРО-ДПМНЕ се за европска Македонија, како што знам дека не се согласуваат со постигнатиот договор со Грција. Критикувајте не за договорот со Грција, но немојте да ја пропуштите оваа шанса нашата земја да стане членка на НАТО и ЕУ. Оваа шанса е неповторлива. Ние можеме да имаме политички разлики и да продолжиме со нашите секојдневни политички битки, и порача Заев на опозицијата.

ЗАЕВ КАМПАЊА 2

Најави дека со кампањата ќе се информираат граѓаните за придобивките од интеграциите во ЕУ и НАТО и ќе им биде објаснето дека македонско-грчкиот договор е договор за македонската иднина.

– Безбедната иднина не доаѓа лесно и едноставно. Никој не може да негира дека моравме да направиме компромис. Тоа е болно и јас целосно го разбирам тоа и подеднакво го чувствувам, но во основата на секој компромис лежи напредокот, поместувањето од мртва точка. Но, кога утре во европска Македонија ќе ги погледнеме во очи нашите деца, ќе ја сфатиме величината на тој компромис, рече Заев.

Посочи дека во коалицијата што ќе води кампањата „Излези ЗА европска Македонија“ заедно се здружени околу стотина субјекти и оти очекуваат таа бројка да расте.

Нагласи дека придобивките од зачленувањето во НАТО ќе ги почувувствува секое семејство и оти веќе следната година 50 милиони евра ќе одат за земјоделство, образование и инвестирање во иновации.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети порача дека референдумот е изјаснување за интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО и за едно подемократско општество со целосно владеење на законот и беспоштедна борба против корупцијата и организираниот криминал.

– Нашата земја, ние како политичари, нашето општество, се наоѓаме пред клучни моменти кога е потребна храброст и одлучност. Сите ние сплотени ве повикуваме да гласаме за Европа за НАТО. Ја повикувам и опозицијата да се приклучи на заедничкиот успех бидејќи од постројувањето на нашта земја во ЕУ и НАТО придобивка имаат државата и граѓаните, но исто така и опозицијата. Ги повикувам и сите тие кои се уште се двоумат и ги калкулираат нивните позиции поради дневно-политички потреби да се надминат себе си и да застанат заедно со прогресивните сили во земјата, нагласи Ахмети.

Според него, сега е времето за лидерство, за храброст и политичка визија, а не за калкулации и двоумења. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Али АхметиВлада на Република МакедонијаВМРО-ДПМНЕДУИЕУЗоран ЗаевкампањаНАТОреферендум
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
[adrotate banner=”5″]
[adrotate banner=”7″]

[mailpoet_form id="1"]

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ